Бевме и таму ама многу сонце ми се виде кај реката околу манастирот. Немаше некое поголемо дрво за сенка( или пак беа зафатени имаше доста луѓе на пикник ) Ако знаеш некоја интересна локација покрај реката обележи на гугл мапа
Од тука ти е купен? Од Македонија така? : @Sofi.ja Ќе си земеш чадор за сонце Ние бевме лани, седевме одма лево пред влезот во манастирот на клупите. Ама седевме до 12, и фаќаше ладовинка од дрвјата. За покасно незнам. А порано сме седеле со колите кај мостот, и сме пуштале тенди од шаторски крила
Давате ли плазма на вашите деца? Читав вчера во една од српските групи, една мајка праша од кога почнале да даваат плазма и со што ја комбинираат, ама беше распната како плазмата е шеќерна бомба, бла бла итн. Кој е вашиот став, дали претеруваме со ограничувањата или ќе се држиме до она “секоја мајка знае што е најдобро за своето дете” ? Јас лично после годинка почнав да му давам плазма, но по 1-2 на ден или некогаш во оброк.
Леле прочитав и јас Бетер се тие од форумов Јас не му давам зашто тврда му е, а со млеко не јаде зашто многу го осеќа млекото. Инаку, над година би дала зошто да не. Генерацијата стоби флипс и чоколади јаде.
Давам ама не секој ден, највеќе ако треба да и забкажи малу кашата, а истовремено да и згусни. Давам и кроасанче оноа шо се внатре по пет, епа едно ако заслужила и давам. Убаво е да не даваш ич можеби благо амааа нас не зезна еден член од пошироката фамилија и она проба, па сега знае ама умерено давам и како што кажав ако се најјала добро зеленчук.
Тие од Дм што се дали си му дала? Меки се кога ќе ги гризне се топат, Нина ги гризе од многу малечка,а се интегрални и баш за малечки бебиња ( или немаат ич шеќер или минимално не ме држи за збор)
Не, јас мислев баш за плазма се збори оние од Бамби. Му ставам понекогаш некои беби бисквити колку да згусне кашата ако е овошна ама преретко. Како раснат што викаш гледаат другите што јадат, љубопитни се. Му давам да пробува ама пример чоколадо да му отворам да јаде, не. Барем додека можам ќе го контролирам тоа, после друго е.
Имаше фино објаснување од админ зошто не треба да се дава плазма јас бисквити давам, ама оние ДМ,хип, био што се од житарки цело зрно. никаква хранливи вредност нема плазма на бамби
Даа иначе му давам плазма кога шетаме со количка си грицка исто и мелена му давам потопена во млеко и чоколатче му давам
Јас од скоро почнав да и давам... По 2 3 од тие мини... Обично ја користам ако се возиме па застанеме да игра на лулашки и треба да ја приберам па ке и нудам плазма ке ја залажам за да си одиме.... Исто и дадов и киндер (по една коцка) и животинско (исто по една коцка) Што да речам ја држев ептен строго без тие работи јаде се што ке дадам и не гледам толку зло во тоа да касне некогаш по малку и таква работа... Ама секој со своето
@RAK91 Ние сме 21+, ниту плазма давав ниту стоби флипс ништо благо ништо такво. Се на хип, се oрганско ,без шеќери без сол и т.н. А сега сум среќна ако изеде бисквита на плазма или златенпек или било каква, и лапне 10 смоки. Мајките на не јадачи знаат. Дури ти јаде бебе се давај здрави варијанти и дај боже да не ти прекине. Во спротивно ќе даваш и благо и солено и ќе се молиш на бога.
Да се допишам неможе човек во се да е строг и перфектен Треба плазма да не даваш а некои од тие истите се немаат ни потрудено за други работи што за мене се оче наш Пример бебе не се седнува пред да одобри ортопед Дубак е наменет за бебиња со проблем во развој не за наша разонода.... Во транспортер бебе се држи до 2 часа на доено бебе нема никаква потреба од вода давање.... Бебе треба да спие на одредени ссаати..... И би можела со сааати надолу да набројувам поентата ми е има мн побитни работи од плазмата кои на едно бебе/дете треба да им ги удоволиме па ако се е во ред и изело една плазма so be it НЕ МЕ РАСПНУВАЈТЕ НА КРСТ
@RAK91 да , јас давам , со млеко ги јаде а и така. Некаде од 8ми месец почнав да и давам. Во последно време и давам некои вакви бисквити , по здрави или дома ќе направам вакви , може и со недели да стојат зошто немаат јајца http://biodevojka.blogspot.com/2016/12/gingerbread.html и нив исто така ги јаде
И јас не давав ништо нездраво додека јадеше. До пред 1 година јадеше некако, бутав каши, не плукаше. Сега Одсабајле 1 киндер и неколку смоки. И тоа со молење. Ужас.
Малата на другарка ми е два месеци помала од мојата. И секој ден ми оушта видеа и рецепти што јаде. Значи нема што не јаде. И кога ќе ми рече, стави и пред нејзе. Ке гледа ќе проба. Не ме разбира какво ми е детето. Дека едноставно џабе ми е и на глава да стојам. Нејзината е јадач, и никогаш нема да ме разбере. Се радувам и на најнездравата работа која сама ќе изрази желба да ја проба.
Кикиритки ореви лешници. Тоа сака синко. И јагоди, домат и краставица. Толкав е списокот. Пробани се сите методи, и кој нема деца како нашиве, никогаш нема да разбере. Ми се темни кога ке кажат не давај да цица. Кога му излегуваат заби не јаде и крај. Кога е мирен период јаде, со молење ама јаде. И пак си цица исто. Ни б комплекс сируп не помага.
Јас до годината не давав ниту плазма ниту благо после годината почнав со чоколадца итоа животинско царство или кондер само тоа ми јаде од благо итоа едно дневно му давам, а плазма мелена почнав од скоро со млеко или за вечера или за доручек 2 пати неделно. Сепак секое дете е различно, педијатарот ме советуваше после годината може да јаде и од нашата храна но со малку сол ама гледам синко не ја прифаќа сеуште и не го форсирам. Му давав до 1 мај д3 со омега од бејбитол и ги прекинав до октомври по препорака на педијатарот, гледам давате на Молерс масло па прашањето ми е дали може да давам сега од тоа или од октомври? И дали се дава плус д3 капки или?