Вчера синко реши да отвори уста: двете 5ки горе излезени цели. Многу големи заби, си има мака а јас се нервирам што не јаде. Доле ке пробам после да проверам до каде е ситуацијата.
Само тројките на мојава не излегоа уште. Абре се проѕират, ги гледам, потечени шпицеви толкави . Ама не и не искачаат
Да те утешам, 4ки и 3ки сите во рок од 1 и пол месец. 5киве доцнат некако... Денес појадуваше попара, пола кришка едвај. За ручек компири во air fryer па ке видиме.
Синко е 22 месеци. Горе две пробиени целосно, доле една пола, другата отечена. Уште еден и пол заб и раат сум.
Јас давам молерс 2,5мл и 4 капки д3 од пливит. Сега бевме на контрола на ортопед ,има уште многу мал дел од фонтанелата не затворен и ми рече додека не се затвори да му ја давам оваа доза и преку летото. Исто и мојов е гадлив. Се што не му е пробано претходно сега многу тешко да му го подметнам. На пример палачинки не сака во никаква форма. Патлиџан пројаде,лани не сакаше. Сирење и кашкавал не јаде, за среќа јаде павлака,к.млеко и јогурт. Овошје секаков вид јаде,обожава јаболка и банана. Сака да грицка сува брусница (гусица ја вика ) И секаков вид на чоколадце да го види татко му да јаде ќе проба и он. Нели забранетото е највкусно. Мене ме нервира кога ќе се погодат тие денови кај него- кога ќе треба да се занесе во некоја играчка и да не ме примети кога ќе му пикнам лажичка од оброкот да проба. Он всушност не сака ни да проба,а знам дека е гладен. Па ќе се влечкаме цел саат со јадење, на глава ќе ми се качи, а јас ќе се изнервирам и на крај испокарам со мм. Што убаво си постираат мајкиве по фб ,инстаграм вакви оброци такви, јас ќе направам еднаш и оди во канта. И после се нервирам дека се некако немам време да му зготвам што повеќе домашни ужинки,а знам дека нема ни да го проба...
Моето дете зошто од зборење уште е на неколку зборс, хит му е да вади се од новчаник. и кога седиме на пијачка вади пара од новчаник (10 или 50 ден) и му вика на келнерот/ката НА, кога ни носи пијачка. Увреден е ако не му ја земат парата..
Ај можеби ќе доаѓам МК летово, право во Хоби ќе се упатам Имаше залихи Оли? Можно е и да не начекам дотогаш којзнае, садоперов е ИН кај децава моментално гледам
Мојов нема продавница кај што не подава пари или картичка. Кога се запна еднаш во веро,на тетке на! А таа куца прозиводи на жената пред нас...хахаха Ова "на" им е од градинка,така мислам јас. Зошто јас секогаш му се обраќам со повели,а и него така го учам кога подава нешто. Од муабети со синко за неделава ќе ги издвојам: Кога го галам знам да му кажам :љубов моја Фрла играчки,го карам викам по него. Не ме регистрира и му викам лута сум ти! Се намуртив, доаѓа ме гушка ми вика моја љубов и ме бацува јас со отворена уста останав Втор момент, не сакаше да јаде,јас се нервирам му викам е не те сакам ,само готвам и фрлам,ќе одам друго дете ќе си сакам,ќе го сакам Матео! Менуваме пелена пред спиење,му викам ја сакаш мама? Не. Да си оди мама? Да, кај Матео таман тргнав се предомисли,ме сакал
-Добар ден, судоперчиња имате? -Не .... -Како бе НЕЕ една другарка ми пушти слики со цени - О.о - Мијалниче играче - Аааа да имаме Иначе ова ти била господова играчка, дете си мие тањири, рает кафето, дури ги плакнеше чашите успеав и да го наранам
Има ли некоја мајка која почна да се соочува со периодот наречен night teror? Или ретки се тие кои ги фаќа тоа (вклучувајќи не нас) ?
Некако немаше залихи, како по едно од двете да видов, но претпоставувам дека ќе донесат пак. Не се секирај, ако немаат во Хоби, ќе најдеме на друго место, а и во Битола одам често и од Џамбо ќе ти земам. Мора да има за сите дечиња од форумов, без гајле Многу често во градов ми кажуваат дека нешто немаат, а имаат И затоа прво сама си барам, а после прашувам. Нека игра дете
со првото дете го пројдов и ми се чини си цркнав. Сега помислив дека повторно истото ме снајдува ама ноќеска детето си имало мака не било тоа night teror. утрово беше со тт 38.4 ноќеска се затна во носот. Нит сме заспале ко што треба ни па сме се наспале. Ќе прашам пак за тие терорите ако имаме такви периоди Туку успат да прашам дали некој користел од капките за нос од диво оригано? Не можам веќе да се маткам по болници почетокот на мај ми беше болен еве сега пак.