И ние сме еве година и месец, ама веќе околу 2 месеци не станува за цицање. Млеково ми е доста намалено и само наутро цица (влече само, нешто му протекува малку и се лажи). Навечер сам престана да бара цицање, со цуцла заспива. Престана и ноќе да станува да бара да цица, а и едно утро се случи да не сака цице. Ова сето само по себе се случи, и мене не ми е јасно како Можеби дека нема доволно млеко па го нервира само да се тегни така, да имав сигурно уште ќе бараше.. .
За станувањето навечер големиот кога иимаше полни 2 години си стануваше навечер и си седеше едно добри 2-3 саати да си игра. Ама јас утепана за спиење оставав само да седи вкревет со едно играче и цуцлата и во темно па ко ќе му здосади да си легне
Овие неколку ноќи бара титем кога ке легнам до него. Заспива околу 9 10, и кога ке легнам јас околу 1 2, бара титем. Претходно не бараше. Имаше период кога не се будеше ноќе воопшто. Нема финта, јас друг бренд ке купам за ова лето.
Здраво женски, Одамна не сум пишала, а имам новости Веќе 5 ден сме без цице. На гости сум кај мајка ми, полека се спријателија со синко, прво дневни дремки се успиваа, а една вечер си рековме ајде да пробаме и ноќно. Супер оди. Не ме бара, не плаче, сите сме позитивно изненадени. Јас исто ок сум, првите 3 дена одмолзував, а сега веќе не. Ме спаси една мајчка, стегната, микрофибер... додека бев само со спортски градник се полнеа со млеко и грутки се правеа. Една вечер ни се буди често, друга не. На пример на двапати успеа да сврзе 4 и 6 саати, што досега со цице не се случило.
Идам со прашања Од кога почнавте да давате пилешко од продавница? Очајно ми требаат идеи за ручек за пребирливо дете. Мора да биде нешто зготвено како за нас и вкусно. Јадеше лакомо се што ќе ставев пред него, парчиња или каши сеедно, а сега само готвам и фрлам.Се стрви по прженици, а ориз, пире, салати кога правам не сака. Се сомневам на заби ама пак мора нешто да јаде. И што е ова качување врз мене во сред ноќ? Одамна го прави ама ајде некако се трпеше. Синоќа на два пати ме извади од памет. Се будам и го нема, го наоѓам кај моите нозе. Кај и да е, ќе падне од кревет во спиење. Што да му правам што вака немирно спие?
Од кога воведов пилешко. Неам кокошки у двор, а и да имав ќе си живеевме заедно со нив долго среќно и весело.
Јас пилешко ретко давам, ама од самиот почеток давам од свежине купечки копани (перутина, цекин,амета или лудогорско-пишува дека не се гмо, се надевам така е...). За немирно спиење немам чаре, исто е и кај нас Мислам за 360 степени се врти во креветчето,не станува за цицање ама многу се превртува. Цело време е отскријан, ако сака да дојди до мене баш така иди како со качување. Една вечер ми заспа на гуша, од што ми се спиеше не се ни помрднав Сака и на перница да ми иди и се тутка во мене. А за јадењево, почнува да не си ги сака кашичките туку се' ние што јадеме. Леб обожава да јади, и ако не ја сака кашичката му макнувам со леб и така нема проблем
@prinstongirl2 @srekice @Мариаа. Трет пат се буди од 20:45. Со едно плачење- рикање. Мама, мама... Нешто покажува со прст и бега од креветче. Деновиве е таква ноќе и само тите бара. А има денови кога воопшто не се буди. Инаку јаде, но палавоста не се промени. Сега тврдоглавоста е врв. Цел ден зборува, пее, вика... Ептен забавно по дома. Многу сака да се гали но Секунди се во прашање. И фантазира. Ќе дојде и вели АЈ, АЈ, буба доде ти. (Ај, АЈ, бубачка дојде кај неа- ти и е јас) кс буба и ти ааааа (ја каснала бубата и плачела) Веќе личи на дете.
Те мислев деновиве. Се буди веќе незнам по кој пат. На 45 минути е будна. Неможам ни да се обидам да заспијам. Нешто сака - ја мачи, ама незнам што. Денес и е врвот со хиперактивност, не седна цел ден. Не збори, се обидува ама тешко да биде работата.
На 10-ти јуни ќе полни. Ќе частам торта и ладно пиво Порасна ѕверот. Нова фаза. Става во уста ситни предмети. Вчера гума за бришење ми лапнс. Ми се стемни.
Во последно цело време седи вака. И да му ги исправам, пак ќе се намести по некое време. Фаза е? Многу језиво изгледа, мислам ќе се искриви цел.
Сите бебиња така седат, мислам И мојата така седи, 14 месеци, сите 3 деца така седеа и не ми е воопшто мене језиво и страшно тоа
Син ми слично седеше у фазата на лазење, со едното ноџе вака. Страшно језиво ми личи и мене. Јас му го враќав право ноџето, тогаш кога не му текнуваше. Сега седи вака со двете, ама многу ретко и му кажувам да ги исправи и баш е послушен. Освен кога не е. И јас прашував иначе и @Annath ми кажа дека е нормална фаза од развојот, но дека не е убаво да седат исклучиво вака, поради проблеми со мускулатура или како и да беше.