Синко е 22 месеци. Има одредени зборови, не е дека не кажува ни збор, ама не збори. Некои и по 2 3 збора врзуваат. Нема прогрес во зборување веќе 2 3 месеци. Често има идеја што сака, пробува да објасни со гестови мимики не носи кај треба и е пресреќен кога ке го разбереме.
Епа исто и Андреа. Не е без ич, само она несака да и дадеш ништо. Се сака сама, или тантруми Мама одамна не ми рекла
Прооде 10 дена пред да наполни 10, така да говорот не беше брз како проодувањето Да ве утешам. Секое дете е своја приказна. И јас чекам да пушти некое ново зборче, ама споро оди Ете вчера кажа буба за бубамара и ептен се возбудив. А за моторика...ич да не зборам, 300 на саат му работи. Заборавив: почна и МАМА да вика, ептен сум среќна!
А овие па мајки-блогерки како сервираат приказни, мислиш со бебиња и тодлери се е мед и млеко. I wish.
@Мариаа. Еве, горам у пеколот што не го научив детево да збори уште. Не дека ми е сеедно де, ама ако не јадам г.... како ќе ми биде полесно? Фалиш
Ве читам јас, иако послабо пишувам. Ама, како што се ближи втор роденден прашањата од типот 'зошто уште не збори?' ми се ужас. За инат.
What's the point, ако повторува како папагал без значење. Ај па и ти. Свеки ќе ги носи на бајач. Може ќе има попуст дека две Се сеќавам како мала, мајка ми стално ми викаше. "Аман бре доста. Умукни веќ једном
Аххх јас не престанувам цееел ден, пазариме и покажувам што купуваме и што е тоа, готвам она гледа и објаснувам што ставам, цртани не гледа, телефон не, едино што пеат поточиња во позадина кога ќе почне да игра и сака песна за ритам. Ги знае животните, ги знае намирниците, знае предмети, под или над што е, сите делови на телото и пааак е само мама, ам, бам за топка, бан бан за банкање, МА за мачка и Да за дај, тоолкууу ама не се потресувам оти гледам дека брзо капира, струја немирна е, ее сега нема застој за да читаме приказни.. ама ќе биде се. Јас па рано сум прозборела и едино со ќерка ми што дрдолам иначее уста да не отворам цел ден немам гајле хахах.
Мамо му е главен збор. Јас најдобро го разбирам и се ме тегли за рака. Мене уште главно прашање ми е Уште цица???
Јас само да ви кажам дека преку ноќ ке прозборат. Ако до пред еден месец кажуваше десетина зборови сега сврзува по два а некогаш и се испушта по три/четири. Чудо се децава. Многу наеднаш ни дојди ова зборувањето паѓаме од смеа со мм коа се објаснува. И еве и прозбори и пак не спие, секој со маката
Ќе звучам не скромно ,ама од линков што го пушти @srekice малиов прави се ова што е наведено за 18-24, а ќе прави 20м за некој ден Знаете дека е брбливко и секој ден се повеќе ме изненадува . Во градинка на ѕидот има бројки од 1 до 5,прееска ги кажувавме заедно 3 пати,4тиот сам ги кажа. Пее песнички од неколку стиха: Линге ,линге јаја ,досол цицко паја Летај,летај буба мало донеси ни гости Носи носи цадолце не навлнува ааа си поминува Мене ме интересира кога ги кажуваат гласовите како ш, ч ,р...? И зошто намерно ми вика фоки наместо смоки,а кога делиме во слогови си ја кажува с? Или некогаш вика туца наместо цуца? Вчера имавме ситуација. Почна почесто да користи заменки и да поставува прашања. Маж и жена седат на клупа и поминуваме покрај нив и мали на цел глас,овие то плават?! луѓево се насмеаа,јас поцрвенев,му викам ништо си седат на клупа
Ако го учиш да збори да ти го пуштам и мојов научи го Шо генерација ке беа не муабетчии. Мојов вика мамо одамна ау ау,мау мау, и уште на тоа сме.
Мајки, дали имате проблем со болки во грбот и половината? Јас кога спијам толку многу се здрвувам што при вртење од една на друга страна ужасно ме боли. Си мислам дали е од самата тежина на малиов, ама веќе година помина а болкава не врви
И мојата рано прозбори, сега е 2г и 4м и почна да а изговара Ш. За Р некако нема осет рано и е си вика со Л. Почнале прашањата.. Со лесно Мамо што јадат тетката? Дај видам јас. Што има таму? Зошто вака пале (праве)? А зошто? А каде? Дур не заспие Инаку кај некој деца прво се развива моториката, па зборењето. Кај други обратно. Нема простор за грижа
@BabyT* Ништо не збори, ама жими Р што го кажува. Како прави диносаурус?? ГРАУУ, ГРАУУУ. А знае и змија, ССССССС Јас и ти ке си поседиме у темава. Другата е неактивна. Прашање : Дали некој има ваков модел патики? Дали се виткаат убаво? Морам кожни да земам, овие платнени партали ср. А и плус наутро во парк пуштаат вода. Прво згазнување, жива вода е.
До 2г е забавно Инаку први патичиња на малата беа вторите Alfasport.Мене ме бендисаа, само ги "разодив". Ги изгмечив со рацете дека тазе проодена ама немаше гајле со нив. И многу убаво се чистеа само со влажно марамче.
А после 2 Да купам такви тогаш. Овие што ги има, два месеци партали се. Дупче на прст и се направи. Мислиш, три деца ги носеле пред нејзе
Дали само моево дете се понаша како новороденче: период е или што е? Цело време иди по мене не можам во Веце да појдам; ако не сум тука вика се дери ; бара да цица на секој пола сат; сака да се гушка да се гали цело време... Не можам ручек салам да направам само по мене иди. Активен е 24 /7 дури и кога цица прета не го држи место.. Кога сме кај зборување почна Ало да вика ; Тата ; Баба;Тото оти го обожава Тото бој; Здраво и Папа уште не вика ...се радува кога местиме кревет и тој сака да помага мести перници; се што ќе најди фрла; поправа телевизор... Душа немирна...разгален е многу ..