Ние ги имаме првите,супер се покажаа. Убаво се виткаат напред како за ваков кожен модел. Нормално не се како тие со мрежа,ама удобни се. Сега ги надрасна,ама на есен пак би купила ваков модел.
Луѓево наоколу се боже сачувај. Пред месец два го прашува една теткица Кај е татко ти? (И тоа на јазик што му е многу послаб од доминантниот) Викам На работа е. Уште не зборува? Не. Аааа па треба да го учиш! ..... Која членка ги спомна блогерките. Да отвориш јутуб, нешто околу мајлстонс или зборување, или дечињата им се најуспешни и сѐ прават, зборуваат и реченици, или се аутистични. Веќе престанав да барам што треба да прави, и кои се очекувањата, зашто сѐ понереални ми изгледаат. Листав пред некое време за десеттиот скок, вика после скокот ќе правеле сложувалки од 7-20 делчиња. Може да пишував за ова ама мислам дека капак ми беше, АЈ ПЛС. Нејсе. Ми повраќаше пред некој ден. Поминавме осум саати во болница, чекајќи резултати, па примаше инфузија... Среќа што беше преморен и ја преспа, инаку не знам како ќе успеев да го спречам да не ги искорне цевчињата, пошто проба неколку пати. После тоа еве два дена има ретка столица како новороденче. Еднаш до двапати во денот. Освен ориз, леб обичен, компир, зелена банана, што друго да му давам да јаде? Откако почна да повраќа до сега вкупно еден цел оброк нема изедено, не знам како да го оправам.
Ние имаме како плавите, ама друга боја. Супер се. Инаку за зборувањето, во градинка, јасли кај син ми има едно девојче на 20 месеци уста не затвара. Само нешто кажува, оди и збори, си вика лав,мече.. ама баш разбирливо. Учителките баш кажаа дека девојчето е исклучок и дека скоро ниедно дете не збори така во јасли. А ја запишале во градинка зошто дома многу гледала тв.. Маж ми само му повторува на син ми, ајде кога ќе почнеш повеќе да зборуваш, а свекрва ми најјака (имам стварно многу ок свекрва) му вика ' а ти дека збореше на негова возраст? на 3 прозборе, па еве сеа уста не затвараш'.
Темно чоколадо, двопек, морков варен, житарки варени, тиква е супер за меше, чајче, електролити обавезно. Додавај и пробиотик неколку пати во денот. Ќе му помине, има резерви друагрчето.
Мајки да ми кажете колку пати на ден спијат вашите бебчиња од 15 месеци, и дали имате некој ритуал пред ноќно спиење. Ние немаме веќе тотално никаков ред. Прва дремка накај 12 попладне. Ако е изморена многу, ќе преспие уште еднаш накај 17ч и затоа наввечер се бориме кога е време за спиење. Ако спие еднаш пример во 14/15 часот, тогаш навечер у 20 заспива и си спие.или ако е станата рано, прва дремка накај 11 а втора ако и се спие накај 15ч. и може докај 21 вечерта да заспие. Секое утро различно стануваме. Едно 70% од ноќите се бориме за да заспие, редот не и е како што треба.
Преминува на една дремка. И мојов тука некаде премина, најмачна транзиција беше тоа во спиењето. Ама сега во просек спие од 12 до 2пол-3 и навечер околу 9 заспива. Ќе го фати ритамот. За зборење исто сме тапа. Додуша почнува полека да спојува по 2 слогови, му се испушта. Иначе се му е ма ма, ба ба итн. Денес кажа маамуу за мајмун . И пољупче праќа ново. За инает, нема понатаму. И ме гризе, шетам со заби отсликани. За јадење, катастрофа исто. 300 лажги за 5 залчиња да касне. Мајка ми повеќе го чува, живци искина жената, богами и јас. Мислам дека му е од забите, ама може и јас да пробам некој сируп. Ептен е пребирлив. Вчера гриз му направив, само што го виде, сфати дека е гладен,отиде до фрижидер и плаче за ма (маслинки), додека не добие нема да прекине. И со 2 маслинки ли вечера ќе помине .
Ништо генерацио да отвориме една група на немајки со (не)зборувањето. Не дека не зборува мојата Палавка, но има деца на нејзината возраст кои многу повеќе врзуваат. Некако полесно и е да игра асоцијација и толку е интересна што и не се брзам и не се грижам со зборувањето. Овие денови амаН го научила. И баш го користи кај што треба. Мама го слушам 10000 пати а и на сите познати веќе долго им се обраќа како треба, сега и на име ги вика. Од јатрва ми има близначки братучетка и една малку помала ги распознава и кажува на име. Никогаш не ги греши а многу се слични. Врзува и по 2-3 збора, но внука ми на нејзина возраст многу повеќе зборуваше. А затоа пак моториката и е но комент. По скали се качува и слегува сама без никаква помош веќе 2 месеци. Не грижете се мајки чим разбираат. Таква ни е генерацијата можеби. Некни бевме со мајка и девојче 6 месеци постаро од мојата кое многу помалку зборува од палчица моја, а имам комшиче 4 месеци постара која зборува како адвокат. Па не сме ни ние возрасните исти @marchi-cool и сеуште цица, не размислувам за одбивање. Негде после 2-2, 5 ќе видиме. @Septemvri , @srekice , @The Unicorn @Yowannty @MilaSs12 @Мариаа. @Mia Fuentes ве гушкаме
Го прашуваат како се вика, јас одговарам како и викам не зборува. И одма прашање од типот "а колку години е?" Одма се знае на што цели, а детево стварно изгледа за година поголемо од реалното малце понапредно е. Кај нас дал Господ на физичко напредување, се качува на се и сешто и се симнува сам, по скали сам, самостојно оди сигурно, има сила страшна ама на говорот ни скратил Почна и колата на акумулатор сам да ја вози, а 22 месеци е. Инаку дали да почнам со одбивање на пелени или рано е? Ни кажува кога кака ,ни кога моча ептен е торко На другарка детево е 3,5 само кака во вц за мочки не сака да чуе и си викам моево е упола дали да го малтретирам или да оставам за следно лето? Ако не зборува и после 2 год да почнам ли со посета на логопед?
Од кога почнавте да ставате малку сол во кашичките? Малиов од најголем јадач почна ручекот да не го бендисува.
Сега 11 месеви.. Некогаш ставам и малку вегета ( дафинка) оти не ми ги јади.. А јади се што јадиме и ние за ручек
Сега после година ама ептен малку, колку да внесе сол. Пробај и со други зачини, зелени му ставам од 8 месеци и други што ги користам и за нас. Ставам скоро се освен вегета.
Моево има 20м за врска со пелениве , деновиве ги вади поготво ако е во фустанче ги вади и сака така гола да шета вчера пред спиење ме умре јас ја облеувам таа ги вади и по толку плачење и борење со солзи и мрсули ја оставив така да спие па кога заспа убаво и ја ставив пак. Иако цица цела ноќ навечер не мочка сабајлето сува и е пелената. По секое станување ја носам во вц на адаптерот за вц ја ставам ми вика чиш ама ништо не прави неколку пати ја носам во вц и седи колку да почне да се навикнува , сега нема оддеднаш да почне да мочка ама со тек на време ќе се навикне, ќе знае што се прави таму. Јас би пробала летово да ја одвикнам ќе видиме до септември како ќе биде ако не , здравје понатаму.
Имаме ние ред, секоја вечер се знае во 8 часот го бањам, го средувам и до 8:30 веќе е заспан. Има само една дремка од 13ч-15ч +/- 30мин. Јас имам проблем со тоа што се буди речиси секоја вечер и седи буден по 1-2 часа . Секое утро се буди околу 8часот и буквално цело време е активен, седнува само кога јаде во хранилка инаку постојано е ваму таму ама ете не сака да спие цела ноќ и тоа ме уморува уште толку .
Сеуште сме на две дремки (фала богу!) и тоа првата му е од 10 до 11:30-12:00, а втората околу 15:30 до 16:30 некогаш до 17:00 зависи. Навечер во 21:00 е веќе заспан, станува околу 2 пати да цица и спие до 05:00 ( значи моооора да стане тоа време) да цица и продолжува едвај до 06:30 Ама тоооолку немирно спие, не е иста позиција повеќе од 15 минути.