ако не јадел поодолго време можно едљ намали.. Ние сме скоро гофинка и имаме 9 кг слаби сме многу.. А јади цело време иколичински мн јади... Прееактивен е и нз какл да го здебелам...
@lavinija28 , пишуваше за болки во половина секое утро. Е па сестро, тука сум. Секое факинг утро сум закочена во половинава и само тука. Ниту грб не ме боли ниту ништо друго. Едвај се вртам од една на друга страна, ме кине од болки. И така дури да станам, да се раздвижам, па поминува. Дали знае некоја зошто е ова вака, барем да си ја знам причината... Некои велат дека од епидуралната, ама не е кај сите вака. Ти како се породи? Цел живот вака? Чаре можда е да почнам да вежбам, ама да почнам а кога, абер немам...
@elenaklasik да не спиеш на стомак? Јас после пораѓајот едвај чекав да почнам да спијам на стомак и исто имав болки во половината и бев на физиотерапевт и ми кажа дека од споење на стомак ми е. Мускулатурата на стомакот со бременоста е ослабена и не ја држи правилно половината. Ко ќе станев од спиење мислев ќе се поделам на два дела. Спиење само на страна по можност со перница меѓу нозе.
@Jana06 Капките од диво оригано ви помагаа, така? За затнат нос се? И од која фирма беа,да не се од Probota life?? Јас за грло од спрејот сум прзадоволна, ама не знаев дека и за вака мали може капките. Ние прв пат сега малку настинуваме, носе тече, во спиење е малку само затнато, малку кива и ретко поткашлува (или така од плунка или може од носето). Некој совет имате,што да дадам? Тт засега нема.
Со спинална за царски. И јас се сомневам дека е од тоа, инаку не верувам да е толку од како што викаат " од што го држиш детето". Офф, не знам за чаре....
@marchi-cool Како изгледа експлозија од зборови. Ние сме две години. Деновиве, посебно денес. Трча во спална и како навиена дрнда. Само чао и не, не, не у разбирам. Ама како бесна е. Дрнда ли дрнда. И да, штом станува одма меле нешто на кинески.
И ние сме веќе 1 годинка Заспивање ни е долготрајна процедура . И моево бебе ајде веќе дете, се уште не е преодено . Лазе , се исправа се движи ао потпирање по мебелот о тросед. Сака за рачиња да ја држиш и да оди . Но се нема пуштено сама. А витамини не давам , крвна слика е супер. Само свежо овошје зеленчук...
Од епидурална ? Кој ти кажал така ? Пред да се породиш немаше болки ? Можно е да ти е од неправилна положба при доење, од неправилно седење ,држење на бебуш долго време ,покачена килажа , пропаднат мускул и т.н. Јас го имам истиот проблем ама мн долго дури и пред да се породам. Најмн ми пречи покачена килажа ,дури и мала да е ми пречи. Ако сум 50 -52 ништо не ме боли. А инаку исто, едвај станувам и едвај с е вртам од лево на десно. Јас се породив со епидурална и немав никаков проблем после тоа со полоњата. Имав со грбот поради бебе но тоа го средив со медицински масажи. А сега бремена сум со второ и повторно истата мака..
Јас се породив царски со спинална,ете вежбам 3-4 пати неделно,прекумерна тежина немам болка ненормална имам само на левата страна рамото,вратот,раката,и долу половината ама смао левата страна.Пешачам секој ден по саат време со бебето,на масажи одам редовно еве денес сум и со вакум,од многу јака болка примав и инекции,се снимив на ренген и докторот ми рече да си ја фатам работата со време да си направам физикална за да не плачам понатаму.порачав појас преку ден е океј додека работам ама кога ќе легнам и наутро болката е неподнослива,ништо не ми помогна пред една недела матичниот ми препиша дијазапам од 2 и 5 мг,навечер и наутро пијам ми ги опуста муслите и ја нема болката
Да, еве ти пишале, има за бебиња над 6 месеци од истата фирма. Му помогна многу на моето, којзнае досега во каква состојба ќе беше. Инаку, има бактерија во нос и почнавме со Цитерал капки, после 6-7 саати значително намали секретот. Не е лошо брис да направи.
Ќе плаче или ќе биде кенкава во сон, и ќе зборува. За се ќе се лути и ќе биде нервозна. Пошто наеднаш и иде експлозија и незнае кој збор да го употреби, додека не се наредат коцките во мозочето
Последните денови е таков. Почна да бара да цица ноќе, и плаче многу ако не му дадам, што до сега не било случај, негодувал ама не плачел тажно. Му пробива последната 5ка, има точки уште да пукне. Пробува да имитира говор на возрасни, брбља, менува тоналиет, гестикулира со лице и раце. Златен е.
Ги исполнува сите услови Леле ќукава ми е лом. Абре се ршум направи. Само оди и растура. Неможам една руска од сабајле да направам Јас раскреван, таа трча и радтура за инает. Во очи ме гледа. Денес е врв
си кажува се што слушнал и запамтил последните денови. Моево се буквално веќе пробува да повтори. 22 месеци сме.
Не спијам на стомак, не ми е удобно така. Од никогаш, всушност, не сум спиела на стомак. А можда има врска со тоа што велиш дека е ослабена стомачната мускулатура и поради тоа се болките. Вежбање е спасот, ама не знам кога да го вметнам во денов...
Само вежбање за зацврстување на мускулатурата е решение по мене. Е сега кој има време да вежба е друга работа.
Еј мајки, мојот дечко само јајца бара во фрижидер. Мораме да ги криеме. Ги носи низ дома, не ги фрла, ама ко ќе се сопне му паѓа и мерак му е да го види да се скрши. Му дававме варено, ама тоа не му е нешто интересно, плус па откако му падна, не го сакаше такво пукнато да го носи. па пак ново бара. Само ме фаќа за рака и ме носи пред фрижидер
Мајки да ве прашам.Што се ми е потребно од лекарства за детето за на одмор?Ќе одиме во Албанија па не знам што треба да носам.
Ништо кријте ги моево истото го прави со зденките. И текнува енка кажува и го отвора фрижидерот. Го влече со сите сили и го отвора. Цел ден тоа прави отвора и бара зденка. Ако ја оставам така пола ќе ги изеде оддеднаш па сега ги кријам позади некои др производи да не може да ги најде