Мајки ве молам за совет, ако ја некока нешто успеало. Познати сме ние неколку мајки со нејадачи деца ама не разбирам зошто бегање од непозната храна.. знае да џвака, се снаоѓа супер со оглед на тоа дека не јадеше апсолутно ништо до пред 2 месеци амаа не знам како да ја натерам да јаде тоа што јадеме и ние. На пример, јагоди јаде блендирани, вака цели бега де крие под маса, ништо шо е крупна храна освеен банана, кекс или соленки не сака. Лепче, омлет, супа со цели зеленчуци нема шансааа, па голема е веќе за блендирање, и ако не и е позната бојата на кашата неќе да проба. Сама ја оставам, со гадост фаќа, фава прај, фрла и бега под маса. Имам чувство дека детево ќе порасне само со банани. Во ред е, бар јаде сега нешто ама сакам ново да проба, да уживааа во јадење, завифувам на мајки што редат храна пред детето и оно си јаде и млацка ух ух. Нина млечни производи никакви не сака, жими компирот и бататот, брокулата. Ми се смачи од истото да и го прам. Иииии до кога трае фазава со носење во раце?
Мајки, дали истиот ден ги капевте дечињата по примена МРП вакцина? Јас заборавив да прашам. Синко има 12 месеци и 8 дена.
@Bubish26 знам дека не е смешно ама бегањево под маса е преслатко. Синко има друг начин: вели НЕ и ми ја трга раката. Си гледа цртани, јас поаѓам да му ставам залче тој трга. Кога ке му здосади си станува. Често имам мака да му дадам да проба. Пример, јаде лазањи ама додека ги проба ме гура 10 пати. Откако ке вкуси, тогаш почнува да јаде, ако му е денот за јадење. 3 дена сака супа, 3 не. Некои денови само на патлиџан е. Баш ке видам дали откако ке излезе и последната 5ка ке има подобрување. Не знам што да правам затоа што непредвидливо јаде, никогаш не знам што да направам а што не. Некогаш за појадок сув леб јаде.
Исти сме само банана, јаболко и леб гризе, а и смоки и бисквити, а се друго мора да е блендирано и со триста играчки околу него за да јаде
Исто јагода и банана само пасирана јаде а така да земе да јаде јагоди е тоа нема шанса гледам помали од него јадат така а мојов бега кога ќе види; само смоки бисквити и лебче така си гризе и само со цртани се раниме... на хранилката не сака да седи ;почна да ја удира главата силно ако не по негово.. ми е страв да не има тантруми ? Да ми препорачате некој крем за лице за дете скоро 17 месеци со атопичен дерматит... Бевме на кожно ни рече 7 дена со Uriage да го мачкам после да продолжам со обичен крем ; па да ми препорачате некој ??
@Bubish26 јас се помирив со хранење. Вистина е слатко тоа што се крие под маса. Син ми ми ја турка раката со неговата и ми ја врти главата . И исто како @MilaSs12 10 пати одбива па кога ќе успеам да вметнам да проба ,ќе почне да јаде и со цртани кои што него му се интересни. И секој ден различно е , нркој му здосадуваат па таман ќе помислам супер на овој ќе јаде ,бара да сменам И месецов сме на леб ,леб и само леб. Разликата е во : леб со мармалад, леб со намаз, пржено лебче со јајце ,и ок ете јаде и комат и кифли ама мора да е лебесто. Среќна сум ако измеѓу касне банана или јаболко. Пасирано неќе да види. Од се што е лигаво му се гади. Дури и јас кога јадам ме гледа ,чека да се свртам на кај него и се закашлува со нагон за повраќање.. као мамо што јадиш бљак.. и смачено ми е веќе. И јас се надевам дека до забите е,му растат сите 3ки наеднаш... Едит : какви јагоди давате ? Не ви е шубе од пестициди ? Знам дека доста се прскаат јагодите за да се нагодат до продажба . Како ги миете ?
Мојов од преголем јадач, после годинкава многу се смени. Појадок (овошје + житарка) си јаде, ама ручеј со зеленчукова каша +месо -тешка работа. Почна да сака се' ние што јадеме, свинско немам воведено ама вчера си касна мусака)) Почнува паника да ме фаќа за јадењево. Не знам што да му готвам секој ден, дали ќе го јади или ќе макаме леб со абц сир/кисело млеко...
Мојов научил кога ќе види дека му носам течност за пиење, бега на друг крај од соба со кенкање. Пробав со цуцла, со меко и со тврдо клунче, со стаклено чавче, со цевка, со некапечка чаша. Не сака да види ни вода ни сок од варено овошје. Не сака ни да проба. Дури и јас кога пијам вода, глуми дека плаче. Почнав да му правам потечни манџи, овошен јогурт со вода, каши течни. Фаза е или допрва ќе се секирам да не дехидрира од топло?
@Bubish26 Мојата беше голем нејадач додека не ја одбив(морав да ја одбијам неповрзано со јадењето). Сега можам да кажам дека веќе не е нејадач, сака од се да проба и сама бара да јаде.Но секое дете е различно знам од пријателка и после одбивање од доење што не јадеше. Додека беше нејадач а и сега нова храна сака да проба ако е со неа братучедка и, значи се што гледа дека она јаде одма го бара да проба, јагоди баш пред некој ден не сакаше да проба кога ја виде неа одма побара сама и сега ги обожава. Ако имаш некое дете во близина да пробаш во друштво може и она ќе сака да проба па после ќе бара и сама кога ќе е. Кога не јадеше добивав исто совети да оди во градинка, бидејќи таму се гледаат едно со друго и многу деца што не јадат велат дека во градинка пројадуваат.
Градинка тешкоо, покушавме ама тек од сеп. и се надевам дека ќе зајаде со гледање на дечињата, е сега знам и јас две мајки кои после одбивање, процветаа со ѕоа што децата им јадат се и спијат цела вечер. Јас искрено немам идеа како да ја одбијам, милом не може, силом изгледа.. дали да ме снема 2-3 дена, дали да мачкам градиве со нешто, морам под хитно да ја одбијам, не само за нејадење туку веќе психички и физички не можам, уживав што уживав и тоа премногу ама веќе ми стана мачно, за недела дена прави 17 месеци и мисчам дек е редно амааа дајте совети, со не давање да цица само не бива.
Фаза е. Мнoгу се нервирав вooпштo не пиеше вoда. Мojава сега дoаѓа oд надвoр стoи пред умивалник и бара вoда.
Дај му во чашка од ракија или шољичка за еспресо И не кажувај дека е вода, пробај со чај, смути,милкшејк... некоја друг именка
Здраво женски. Ве прочитав сите, за нејадењето, неспиењето, цицањето, носењето во раце......сите работи ги имаме и ние, скроз, 14 ипол месеци е. Ниту јаде, ниту спие, по цел ден лепенка за мене, ми се беси за ногата моја и дига глава и раце да ја земам,не можам да готвам, да чистам, да работам нешто не можам, ако не ја земам, плаче, писка, ретко се заигрува сама или со брат и, ќе поиграт малце и станува ме бара, иде кај мене и дига раце да ја земам ова сега скоро повеќе почна да го прави, претходно не толку многу. Не знам ни јас, по цел ден сака да цица, не сакам да ја одбивам во никој случај, тешко ми е, ама.......се за неа. Млеко никакво не сака, го плука, пробано е за да скратам подој не за друго. Навечер се буди по 35 пати, цицне или лижне и заспива пак и се така цела ноќ... Инаку она само палента обожава да јаде, па затоа тоа секој ден и правам, овошје ретко, банана ама тоа попладне повеќе јаде, насабајле скоро ништо, после првата дремка може ќе касне нешто. Не се секирам, што јаде јаде, периоди има, ќе мења, ќе јаде, ќе и здосади едно ќе засака друго. Како и на нас нели? Не сме секој ден исти за јадење. И така. Во кратки црти толку од мене. Готова сум, со пола око гледам и пишувам, заспа коковчето и кома сум и јас. Лека и мирна ноќ на сите дечиња.
Види во темата Каде на одмор со бебе,имам пишано пост што носев лани за бебе од 8-9м. Од пазар тие јагоди ги ставам да отстојат во вода со сода. А домашните само со вода ги плакнам неколку пати. Мојов па се навлече на цреши, а ми е страв од семките па изигравам дупчалка со забиве утре одам да купам алатка за вадење семки
Колку пати цица во денот/ноќта? Постепено од сега пробај да одбиваш/намалуваш подои, да немаш мака со градите.
Тоа веќе го знам, само проблемот е што Нина не знае за намалување на подои.. од старт беше на захтев, поради од старт одбивање на храна продолживме така, по совет на педијатар на захтев не ни смеевме да прекиниме пошо Нина немаше до пред 2 месеци еден обок од кога е почана со цврста храна. Нина продолжува да барат константо да цицат, на секој саат време она иде вади двете гради на изволте и цица, уште не бара ни место ни време, доколку не добие, тоа е трескање од земја и повторно одбивање да јаде, се додека не се нацица. Педијатарот ми кажа дека ќе биде шок и за двете доколку наеднаш сњ прекине ама не гледам деуг начин.. само искремо не знам како, она не е раздњлена од мене повеќе од два саати, не спие без мене, маж ми сабајле на работа.. не знам, а стварнп почна претерано да ме замара. Лесно е ако има 3 оброци и по која ужина ама вакаа..