Она е во некоја фаза сега, според пишаното. Заби како се? Пробај со првиот подој наутро. Штом се разбуди, не давај цицка. Почни да ја закачаш, грицкаш. Кеени ролетни. Носи ја во дневна пушти тв, играј. На секој начин одвлекувај внимание. Обавезно спреми доручек одвечер за да и понудиш. Или грицка некоја. Јас вака почнав. Андреа беше страствен цицач.
Чашката од ракија не ми поминува веќе, вчера пиеше со лажиче, но само ако гледаше дека од чинивче му давам, како да го хранам. Ама шољичка и друга именка ќе пробам, тоа не изгустирал уште
Оли моево е љубител на лименки и му пресеков лименка го завиткав горниот дел да не е остар и сега така пие и по цел дел е со лименка в раце
Пишував во друга тема синко е поголем ама имаше фаза со непиење вода, еден ден полудев што не пробав не и не. Другиот ден ми текна од сабајле исеков коцки јаболко му ставив во чашата ги виде интересно му беше и повторно пиеше тој ден така потоа и без овошјето продолжи. Можеш да пробаш со било кое овошје можеби ќе ти упали, нормално ќе му збориш види како е интересно не си пробал ваква вода до сега и слично.
Освен ад, какво млеко давате и дали и колку разредувате се вода? Се мислам дали да почнам со алпско или битолско со витамини да давам. Ад не пие, цица нааутро ама нема доволно, така колку за галење.
Ако јаде млечни производи, нема потреба од кравјо млеко. Секако над година се намалува потребната количина на млеко, а ако цица, и тоа како си ја надокнадува. Може ти мислиш дека не е доволно, ама верувај, и повеќе од доволно е.
@Chantal @babyboy1 Фала ви за предлозите, ќе пробам и со овошје и со лименка Му оставам шишенце до него да не му текне да се напие, тој или го фрла или мене ми го става во уста да пијам. После јадење кога седи во хранилка, прифаќа да пие, но ако е на слобода, бега.
А doidy cup да пробаш? Ако може некој да ти прати од странство... изгледа во мкд ги нема. Или ете некако кога си игра со судоперчето, сам да се напие од чаша, макар и да се полие. Може не сака ладна вода... малку да му ја затоплиш на пример
Мојот додека цицаше, појадокот слабо ми го јадеше,а штом прекинавме, почна да јаде и тоа обилно и на пример од будењето за еден саат веќе да има на маса. Сега се буди по 2-3 пати и се џитка врз мене и така презаспива. Ок ми е, брзо оди презаспивањето. Заспива исто гушнат во мене, без нишкање, си лежиме двајцата на кревет. Види прво дневните прекини ги, после некој друг да го заспива. Мене мајка ми ме спаси, го заспиваше 5-6 дена и готово, заборави. Без плачки, мн лесно поминавме. Никогаш не ми побара, ниту да ме тргне за блузата, и мајка ми се чудеше. Аха, и кога си дојдов дома, и бевме без мајка ми, и мораше јас да го испијам, изгледа се потсети и не сакаше во спална соба да го носам. Морав во дневна да го заспијам в раце и го носев на спална после (2 дена беше такА)
Да, да од пиво е..гостин неможи да ни дојди и пиво да побара..одма оди ја грабнува лименката и трча низ соба да не му ја земам..почнав да не купувам пиво во лименка.. Баш пред некој ден в парк го шетав и виде едни со лименки ко се запна јас го тргам тој пишти по нив..Едвај го откачив да не ги гледа.. Ама татко му е крив му дава да лизни ко ќе пие пиво и сега си се научи н
дечки читав наназад за проодување и за зборување значи Ич да не се замарате,сите ќе проодат и прозборат еве кај моиве пример големата на 20 месеци зборуваше премногу и мене во градинка ми рекоа дека е исклучок,ретко кое збори толку многу на таа возраст,ама затоа прооде на 16 месеци скоро малово на 5 месеци се превртуваше на сите страни мислам и сите можни акробации ги прави и од 10 месеци се пушта сама да чекори,ама затоа зборови само мама тата фала и тоа дали ќе каже два три пати во денот големата гледаше премногу цртани,не со саати ама секој ден по 2 саати сигурно,и како што кажав уста неможе да и затвориме малово воопшто несака да гледа не ја занимаат цртани,И ете не збори... секое дете различно и за забите ете пак ќе си кажам големата на 4ипол месеци првите забчиња и никнаа, а на малово на 8 месеци колку различни се, а само година ипол разлика да се живи и здрави сите
Пробувам и со млака, додуша студена никогаш не сакал, но бега пред да види што е и не ни пробува. Клекнува и се крие со очите позади оградата за играње, мисли дека ако не ме гледа тој мене дека не го гледам ни јас, не ни знае дали вода или нешто друго за пиење му нудам А ако му се доближам, отползува за секунда на друг крај со глумење дека плаче. Не сум видела ваква чашка тука, ако знае некој дали има, нека пише. Ако не, ќе ја барам да ми донесат од некаде.
А не му ги лупиш??? Јас со стравот до лупење и вадење семки стасав.... Тоа со вишни а цреши упте немам дадено јагоди дадов пред некое време и тие ги тамани ептен со мерак да ја гледаш
Јас му давам козјо домашно млеко алпинки од роднини проверено млекото, пие 250 мл вкупно 50 мл вода 200 мл млеко