Еве за мене ќе ти пишам како се снаоѓаме, бидејќи сами си го гледаме малото. Недела готвиме (и давјцата сме ангаѓирани) за цела недела....две манџи (на пример грав и компир маџа со месо некое , ама да има за по два оброка, значи четири јадења), петиот оброк ни се колбаси или нешто брзинско.Преку недела нема говење, нема миење куп садови, нема запршки по дома.... Од вечер пред да легнеме - за малото спремни алишта за облакање-од пелена до јакна (се на куп, да не се маткам наутро)..за мене исто...за него исто..наутро будење во 6, пиење кафе, ако се разбуди сите заедно некако се спремаме, ако спие,пиеме кафе и се спремаме па го будиме него. Викендашки во сабота пазариме за цела недела за во фрижидер. Јас не пеглам се, само она што мора, така да немам ангажман со тоа,едноставно немам време. Во градинка секој понеделник го полнам шкафот со пелени и облека и цела недела не се замарам со тоа, само собирам испотени и извалкана облека. Преку недела бидејќи немаме други обврски после работа, ако е убаво времето шетаме низ населба, ако не е убаво со кола во Сити мол, во Рамстор.... Малото рано легнува, уморно е, околу 19.30 е легнато, така да ние имаме време да средиме дома и да припремаме за утредента, па останува време и за нас. Друго незнам што да пишам.
И ние сами живееме - секој ден мм го зема малиот од кај моите (тие го чуваат), и мене од работа. Дома прво спремам ручек (бебуш е најаден) за нас - ќе испржам или ставам да се пече месо, супа понекогаш, или тава со ориз или компири. Еднаш неделно јадеме шпагети или од замрзнатите полуготови пилешки крилца. Бебуш со нас седи на маса (ако сака), или си игра во оградица или килимче. После го заспивам (ако не дремнал во кола накај дома, тогаш нема шанса) и одмораме и ние. Ако сме за шетање ќе прошетаме, ако има за пеглање пеглам. Ако сме дома следи играње, гледање телевизија, бањање и накај 20.30 го запивам. Чистење минимално во тек на викенд, а еднаш на 3-4 недели викам жена за помачните работи.
Ние вчера помирни без тт ни помина денот,со слабо апетит,ама сабајлево се разбудивме со ново запче.8-мо по ред.Уште 2 се на повидок сега засега
Majki ve molam sovet. Prv pat sme so temperatura 13meseci. 38.2 ima spie. Sto da pravam pred da ja odnesam na lekar.. Oblogi? Spie dali da ja budam? Uplasena sum kako za prv pat
Не мора одма на лекар да ја носиш, прати ја ако качи 38. 5 тогаш дај и ефералган сируп. Може да е вирус, ќерка ми имаше 3 дена тт 38.8 и после тоа ништо. Само како што кажа страв од тт имам и ја однесов на лекар и кај нас се знае одма анрибиотик. Пиши како сте? И брзо да ви помине.
Јас се лажам или?! Но ефеρалганот нели беше повлечен од употρеба,заκлучно со сите залихи до 2018год? Може гρешам,попρавете ме. Κај нас ситуацијата миρна,само еден ден синκо тт,од тогаш е оκ,но мнооогу шлајм има. Ставам само опеρил спρеј и толκу. Сρеќа сиот шлајм го повρаќа.
Бруфен држи до 6 саати, парацетамолит го фрлив, џабе го труев, на 2 саати дигаше темп. @ZojaP како сте?
Отκаκо го ρешивме пρоблемот со воспалението на увото(а тоа беше пρед сκоρо 4месеци)беше супеρ. Забележував деκа со сеκое ниκнување на ново запче,синκо има шлајм. И посочив на матичната,и ρеκов да напρавиме и бρисеви,но заедничκо мислење со отоρинолаρинголот беше деκа оρганизмот му е сκлон да му стваρа повеќе шлајм. Е деновиве,владеат виρуси,се дρужиме со деца κои κашлаат,имаат тт и сл.па пρетпоставувам деκа е блага настинκа. Ваκцината сеκаκо ја заκаснив,κога ќе го носам,обавезно ќе напρавиме и бρисеви. Фала ти.
Втор ден е веќе добра, без температура и фала му на бога почна да јаде. Ни рекоа ако биде подобра да го даваме антибиотикот уште три дена, значи ќе се фатат вкупно 10 дена под антибиотик. Само нека помине и да не се враќа веќе! Фала ти што помисли на нас
Мојата пак закачи некој вирус, не биле забите како што викаше матичната, ма да тоа е плус во моменталнава ситуација. Од минатиот четврток се мачиме без антибиотик, ама вчера ни дадоа Панцеф. Не разбирам, крвната слика покажува вироза, а антибиотик ни даваат... Дефинитивно ротата ни го намали имунитетот и после два дена во градинка пак вирус... Одлучив, сега за сега ќе си земам жена за чување, нека зајакне малку... Има време за социјализација. Па и неможам секоја недела да земам боледување, го претерав...
И мојата на 14 месеци фати вирус и јас се чудев зошто ни дадоа антибиотик. Одевме на контрола на 2 дена за на крај да разберам дека од вироза фатила лесна форма на бронхит. Во некои ситуаци и покрај тоа што е вироза мора да се даде антибиотик.
Добра одлука си донела. Скоро зборував со негувателка од градинка.Самата ми рече дека детето до 3 год најдобро е дома да седи доколку има кој да го чувa.Јас мојата не ја пуштив во градинка .Мм ја чува и некогаш свекрва ми.
Зачестив јас Дали сте употребувале спреј од диво оригано? Мм земал од probatalife,ама во упатството пишува за деца над две години
И јас капките ги употребувам, спреј немам до сега користено. Иначе сум презадоволна од капките, ептен и помагаат на малата.