Мојот после година и 2 месеци почна да ми одбива храна па тогаш пуштив цртани во вид на песни секако. И приметив и од нив мн учи, знае да брои до 3 а сега до 6 кажува, 4 само прескока вика деден ,да, тии, пеет,шеес. Знае да ја пее бинго на кинески хаха, од цртанот the wheels on the bus буквално се ги емитира дечињата и кога се возимр во кола му ја пеам и пресреќен е точно прави се, има исто цртан од бејби тв како прават животните, и за сите знае од коњ до кит ,и кога ќе виде на сликовница или во живо пиле,маче, куче почнува да емитира како прават. Цртаните можат да бидат и корисни секако ги контролираме колку гледаат и како. Јас прво не се плашев за јадењето ич ама ја послушав мајка ми и не се каам. Мн мали желудничиња имаат како ке се навикнат така ќе бараат за јадење. Па сакам да ми јаде барем 3 оброци колку што ќе касне толку.
Мајки може помош за списокот на лекови за одмор? Сируп за температура Чепчиња диазепам и ефералган Електролити Крема за изгореници Крема за убод од комарци За алергија што да земам? До сега не покажа алерија на ништо ама сакам да сум спремна. Секоја препорака е добредојдена.
Пробиотик обавезно и сируп Аериус за алергија или Зиртек. Фластери, гази, хидроген, Виоплекс спреј, крем за после сонце.
Јас Провен давам, се крстам во него. И обично давам неколку дена пред да одиме на одмор, во текот на цел одмор, и кога ќе се вратиме од одмор два три дена. Така се штити стомачето и од новата средина, оти знае кај деца да се појават течна столица/запек поради промена на средина.
Фала многу. Синко и онака има запек, сега ми текна и прашокот за запек и клизма да земам. Има ли препорака за крема за после сонце?
Земи клизма, за секој случај. Како крем за после сонце го користев лосионот на Логона со невен, ептен смирувачки делува.
Ова лани ми препорача педијатарот: Лек за температура, спф фактор,крем/спреј против убоди од инсекти, крем за после убоди од инсекти, електролити, пробиотик,стерилни гази, хидроген,некое спрејче за нос.. Летизен пие мојов за алергија. А каква крема за изгореници ќе земеш? За во случај да изгори на сонце?
Ке ја сликнам од дома, не го паметам името. Лани изгоре прст на рингла и во аптека кажаа најдобар бил.
Летизен и Лоратидин не се добри за алергија од храна. Пример мојата пие Лоратидин за поленот, но за алергија од храна не и помага. Така да не е лошо и Зиртек да си носите.
Ама за потврдена алергија од храна, не за претопоставка дека е алергично. Син ми јави егзем многу лош и претпоставка беше дека е од јајце. Дававме сируп, ама еве баш сега ни стигнаа резултсти од имунологија, нема алергија буквално на ништо. Џабе сирупот.
Имам пробаноо хаха јадеше банана и морков. За доручек и нудам овесни, банана со вакоадо, малини или капини, чиа со јагоди, просо со круша и банан или печено јаболко, за ручек со или без месо, компир, батат и морков, мнооогу ретко брокула, вечера примери од доручек, јас и нудам она ако сака нека јади хахаха ептен е на диетална храна, се чува женска за на море
Вашите деца додека спијат мрдаат ли со јазичето? Како да цица. Не цело време, изгледа кога е во длабок сон така прави... Јас мислев кога ќе престане со цицање ќе се изгуби (со оглед дека не пие од шише и не фаќа цуцла). Цицачки рефлекс или како му доаѓа тоа.
Топломер да не заборавиш и средство за дезинфекција. (За рани) Во сонот така прави, рефлекс е. Сонува нешто.
И јас сакам да знам, сакам да земам перничка. У една група на фб пред некое време имаше објава со прашање баш за пернички, дали на дормео или лимес, повеќето на лимес пишаа.