Мајки, на тие што дечињата не им пијат млеко пред спиење ( ако има такви воопшто или само мојов е непијач ) колку време пред спиење ви е вечерата?
Мојов еднаш се исфрли од каша со цело зрно пченица и му препиша Летизен. Сега кога кашлаше пак даде летизен ,според симптомите ја асоцираше на алергија, но не помогна. Инаку во аптека кога отидов со рецептот зиртек ми рекоа ова е исто со летизен затоа не го ни купив... Да додека беше помал често така правеше. Саат,саат ипол пред спиење вечера.
Видов ама не знам дали да верувам дека по групите пишуваат најчесто тие што ги нудат Лимес перниците ))
Сакам да прашам тие што веќе не ви цицаат малите...и што не сакаат ниту АД, ниту тетрапак, тоа значи дека веќе млеко во уста нема да стават? Планирам да го одбијам за некој месец и не сака АД и тетрапак. И јас после годинка кога веќе не сум цицала, до ден денес 30 години немам млеко во уста ставено. Не сакам да е на мене.
Кај мене пие ад сеуште но кога ке престане не планирам да давам друго млеко нема потреба, јаде се од млечни производи.
Истата сум била и јас. После година воопшто не пијам млеко до ден денес. Малиот на мене цел Цело време е на АД а сега и тоа го одбива. Среќа па кашички сака и со нив немам проблем. Давам повеќе кисело млеко, јогурт и сирење и не планирам да му давам тетрапак или било какво друго млеко. Педијатарот вика ако јаде други млечни производи не е проблем што нема да пие млеко
Нема потреба, ако не сака не го терај. Можеш какао, пудинг, житни кашички, ферментирани млечни производи...
Големиот цицаше до година ипол после никакво млеко, сега им 10г. Јаде павлака,сирење и кашкавал умерено,јогурт исто. Малиот го одбив пред еден ипол месец и до сега е иста ситуација со големиот,само што со него и млечните производи тешко одат,не ги сака баш п ги маскираме со друга храна.
Го одбив пред месец ипол, никогаш не му понудив во шише кравјо млеко. Кога прашував за одбивање педијатарот рече нема потреба да пие млеко после година туку да си внесува млечни производи. Инаку и јас не сакам млеко, а него му понудив неколку пати кога ќе останеше од корнфлекспт и ми прави некоја бљак фаца Татко му знае за вечера да се напие некоја чаша,па му дава да лизне и малио едвај една голтка ќе се напие.
Мајки, што правите со градите кога сте при одбивање? Јас не го одбивам намерно, ама веќе доста намалено е млеково. Ако јас не го легнам да му дадам да цица, тој сам не бара (не покажува знаци дека му се цица). Сепак, наутро го земам и демек цицаме (не знам колку има, не слушам да голта, мислам дека само некоја капка го залажува). Ама јас кога и да се стегнам, млеко по малку си има а градиве се свиснати, празни/мали. Сега баш заприметувам левава града како да има ситни, ситни грутчиња. Не знам како да постапам околу тоа, како да ги третирам? Година и месец сме... Навечер е вечеран и заспива со цуцла (понекогаш ако му понудам града може и така да заспие). Што правите ако имате уште млеко (макар и малку/делумно) а малите не цицаат веќе?
Одбиен ми е од пред месец ипол (на 19м) и уште имам по некоја капка млеко. Велат нормално е да има и подолг период по одбивањето. Но не треба да се стискаш да проверуваш ,ниту да одмолзузаш освен ако немаш мака. Супер што постепено ти се одбива. А за грутките масажа со кружни движења под топол туш. Можеш и зелка од фрижидер ,помината со чеканче за месо (за да омекне) да ја ставиш на градите преку ноќ.
Слична ситуација имам и јас со градиве, Лавинија. Постепено почнав со намалување на подои за да дојдам до полесно крајно одбивање, односно и самиот да се одвикне од млекото. Три месеци намалувам подои, некои непотребни ги скратив кога направи година како на пример цицање кога станал од дремка; потоа почнав со кратење на подои по доручек, по ручек, ко вишок ми беа и полека дојдов само наутро, за заспивање денски, па навечер и ноќта кога ќе се разбудеше за да призаспие. Па си реков ако ноќта цицал двапати, наутро кога ќе се разбуди не му давам и така го скокав и тој. Му давам за појадок кисело млеко, урда и мислам дека надоместувам така. Пред некој ден се думав како да прекинам ноќе, односно како што заврши скоков 9ти, малиов од две будења, премина на едно, ај ок викам за еднаш да цица имам сила. И кога само една вечер си ја преспа целаа па наредна пак си спиеше, или па ако стане го земам го нишкам малку и го враќам и ете сега и ноќното цицање се реши. Ми остана уште подојот за пред спиење навечер. Градиве папушки, меки, го претходно ми се вратија, ептен се меки хахахах дури не можам да сфатам од каде млеково доаѓа Мислам дека со вакво постепено намалување, градите се привикнале и нема да имаме многу проблем со крајното прекинување на доењето. Зашто и сега мене пример не ми се преполнуваат, ама ич, а еве цица на 24 часа. Прашање до поискусните: откако ќе прекинам со доење, да не ги чепкам градите, само ако осетам тежина да одмолзам или слично? Инаку млекото ќе се намали/повлече самото?
Совет во врска со градите за сите кои сте во процес на одбивање: носете градник нонстоп, барем првите две-три недели, закопчан на најтесно, да стега малку. Нема потреба од стегање со завои и чуда, градникот врши одлична работа. Ама нонстоп носење, и за спиење. За недела до две ќе се средат, со тоа што најголемата мака е после првите 4-5 дена. Грутки ако има, нежно масирање и гледајте да не одмолзувате освен ако е ептен неиздржливо, зошто тоа стимулира надоаѓање на млеко. После 7 дена веќе би требало да се стабилизира ситуацијата, но некогаш потребни се и 2-3 недели, сосема нормално. И со двете на ист начин прекинав со доење, немав никаква мака. Со второто уствари морав еднаш малку сосема да одмолзам, левата града ми беше полна грутки, ама за брзо се среди.