Ако ептен ти станат тешки, и полни, и боли,ќе осетиш и ќе измолзеш малку. Само колку околу брадавицата да се омекне. И јас така првата вечер немав проблеми, ама после се полнеа. Па на пример 3-4 дена ок, па 5 ден ете пак грутки и тврди. Мене за околу 2 недели ми се среди. Одмолзував или од една или од двете, вкупно да речеме 5-6 пати. Спортски градник и мајчка од микрофибер стегната. Само со градник мислам дека ми беше полошо. А прашање до сите, рутината ја правите само вие или и таткото? Мојов некако само со мене сака. Сега кога не цица би сакала и татко му да му ја направи рутината и да го однесе во спална и да заспие со него. До сега само јас сум спиела со детето, таткото во дневна. Сигурно ќе му биде голема промена, ама сакам полека да одиме кон тоа и да спиеме сите заедно. Или детето во свое креветче... I wish
Мојов за заспивање навикнат е и со татко му. Замислете, понекогаш навечер не сака со мене да заспива туку го бара тато )). А јас да прашам, до мајките породени со царски рез, какви ви се стомаците? Мене некако ми е голем, и како дури од под гради почнува, како заоблен ми е баш ко трудна. Многу сакам да го намалам. ..
Многу често заспива со татко и а ако не легне со неа додека не го баци, гушне и му каже добра ноќ нема шанси да заспие. Татина маза
Кога ве читам дека заспиваат со вас, ви завидувам. Моево не знае со нас да спие, само сам во креветче, а јас ја сакам близината со заспивањето. Знам дека можеби подобро е сам, но како да ми недостасува ова. Да си седам мадро, да не го учам поинаку? Стопати сум посакала да пробам
Ако не ти се полнат не ги пипај. Јас исто како тебе ја одбив, со намалување подои. Ноќниот последен. Облекував мидер на гради Го носев преку едно рамо. Смешки, ама ептен ме стегаше. Купи од оноие за вежбање топови што се. Некој потесен. Немав никаков проблем.
Сакам да го носам на вакцина (превенар 3 доза) минатава недела малку хрчеше со носето, ама вчера и денес е ок. Крвна сл. Секако ќе правиме. Само се двоумам дали да почекам уште некој ден
Само моево дете ли не сака тобоган и лулашка? @lavinija28 и мојот хрчеше со носе, вади четири 3ки и правевме крвна слика пред вакцина, па ни кажаа да почекаме малку за вакцина.
А јас кога те читам како си заспива сам и спие сам во соба ти љубоморам. Гушкање и мазење може да има и пред да го ствиш во креветче и наутро кога ќе се разбуди, така да седи си мадро
И моево не сака лулашки. Сака да ја бутка, но не сака да се лула. Кога беше помал се лулаше,ама веќе е голем не му е интересна
Секако, се гушкаме и мазиме во останатиот дел од денот, ама ова некако ми изгледа дека е посебно да ти е тука цело време. Го идеализирам изгледа моментот. Добро, ај, засега ќе продолжам да ви завидувам и ќе си седам мадро, не е толку лошо да спиеш раат
Еве јас сум со царски, малку ми е заоблен да, мек како да немам никаква мускулатура ама и од страна ми е свисната кожата
Алое вера гел на Еси. И тоа сум го ставала, ама повеќе е за иритирана кожа. Вака во моментов не ми текнува нешто друго како замена. Мислам додуша дека има лосиони за после сончање баш за деца во ДМ, ама немам искуство со нив.
Јас за нас земав од дм, нивната марка, сан денс мислам дека е. За после сончање е многу убав, ама не знам за синко што да земам. Ке разгледам, фала.
@RAK91 моите и двете деца се погодија да не пијат млеко. Големата ја одбив на 10 месеци и не сакаше ни ад ни кравјо ама се давеше во јогурт. И кашкавал обожаваше. Сега ова уште цица , млеко едвај 50мл да испие и тоа ако има само какао внатре. И со бисквити што јаде. Јаде зденки , кашкавал , кисело млеко.. колку можам и давам плус др млечни производи
Оли полека но сигурно се претвараш во НајСуперФорумскаМајка. Се кажуваат ли вакви работи на мајки што спијат укочени со бебешко стопало напикано у уста/нос/уво... ?!
Аааа не може така Културно си прашав, кажи дали ме зезаш бидејќи прво на зафрканција го сфатив муабетот, но после се подуплашив да не не се зезаш.
Предупредувачко зезање! Генерација што сме при крај у темава моментално не лупаат тантруми на најјако. Малку сме нервозни и не го прифаќаме туѓото совршено така лесно