Вака моето стануваше 100 пати ноќе до 2 години, 2 направи декември, до мене спиеше на спална, го одбив на 14 месеци, мм до мене јас в средина, од мај 2020 до септември мм спиеше во дневна бидејќи не се издржуваше станувањето на синко, па ајде бар едниот да спие, есента ги извадиме решетките од креветчето (имаме старо југословенско) и го доближавме до лежај скорз рамно дојде од тогаш мм се врати в спална почна поубаво да спие после 2риот роденден, но еве уште станува барем 1 или 2 пати пие вода и заспива одма, легнува само и заспива, од ко е в креветче се преродив. А за спиење иако оди во градинка пак заспива 10 и пол па и 11ч, лежиме со него в спална додека заспие. Сега е 2 и пол години и излегува последната 5ка па се надевам дека после неа ќе почне да ја преспива цела ноќ без ич да стани и дека конечно ќе се разјади се како што си јадеше до година и пол И како што расти само потешко е
Какво совршено, нема никаде совршено Нова сум во темава и терминиве за степен на мајчинство уште не ги знам. Нека си остане најсуперфорумскамајка таа што досега си била, не сум јас по тие чуда Прво се насмеав, па зедов да се преиспитувам што кажав навредливо кон мајките што спијат со своите деца, па сега ме прашуваш како сум смеела да го кажам тоа. Си реков па зарем толку е лошо да се спие во ист кревет и навредувачки е што кажав дека им завидувам што заспиваат заедно? Јас па друг впечаток имав, ми останале во ум мислења во кои пишувале дека е убаво, дека децата што спијат со родителите понатаму во животот се понезависни итн. Навистина ми падна криво кога пишуваа дека без мајката не заспиваат, па дека со таткото само сакаат, си помислив да не му го ускратувам тоа на син ми, а и јас си замислувам понекогаш како се гушкаме и така заспиваме двајцата. Како убав и нежен момент, од тој аспект. Сериозно, сакав мислење дали е океј да пробам да го научам да заспива со мене, си помислив да не му фали таа близина од психолошки аспект. За тоа мислев да ме посоветувате, таа страна на заедничкото спиење и да кажете дали грешам што сум му го одзела тоа.
Абе ние мајките толку се преиспитуваме, то чудо едно. Секоја си е најдобра за своето. @0ли не си навикната на хуморот на Јуникорн, немаше лоша намера. Мојата е релативно мирна, и брзо заспива во прегратка, а од новороденче посакував да заспива сама во кревет. Дури си велам второто ќе го научам само да си легнува ) А пак, како шо расти, знам дека нема уште долго да заспива со мене па само си ја душкам манијачки Само да ве поздравам наминав
И мене ми е истото мислење, бидејќи и двете ми спијат во креветче. Ама па преку ден надокнадуваме. Седи се мадро
За второ здравје, до 6 месеци ноќе цицка, в раце запивање не, ова неспиење што си го кркав до сега ако ми се повтори нз дали ќе го издражам има да го научам само да заспива
И јас сум со истиот став...ако има Господ или некаква правда во космосот ) тогаш другото дете ќе заспива во креветче само )
@0ли само како инфо, маж ми обавезно добива нога у фаца на сред спиење барем 3 пати неделно. Кога ќе викне на сред ноќ одма знам што се десило. А синко главата негова во мене ја пика и спиеме како буквата П. Спиеме цела вечер ама со маж ми не мрдаме и сме на штрек Иначе еве и ние сме официјално тука, синко наполни годинка на 11 јуни. И сега имам прашање, дали им купивте нешто на децата од вас? Мм викаше да сме му купеле нешто што ќе остане ама што би било тоа?
Ќе издржиш,вторава бетер ми е. Ако првата стануваше 100 пати оваа 1000 4та година по ред без спиење сум. А често двете спијат немирно па имаш заспи една па друга,па клоци од една страна па од друга па на глава ми спијат па заградени од секаде да не паднат и така. Оли е душа
Мојата и твојот се најголеми неспијачи. Твоето за нијанса полош мислам Веќе изгубив секаква надеж дека ќе се оправи. Да се деси чудо, да родам второ. Пак исто ќе го земам со мене во кревет. Тоа што не спие е едно, а тоа што како манијаци, ја гушкаме и душкаме со мм додека спие, тоа е друго.
Мајки, сабајле кога стана малата од спиење очите и беа како залепени и имаше жолтеникави гурелки.. Што да ставам на окцињата? Иначе сме година и 8 месеци, одиме во градинка...
Спиј си слатко и ич да не ти е жал мазењето е преубаво ама и преграткат на мажми во сон фали кога ке се префрли кај нас па што спомна една членка кко буквата П спиеме Ние и купивме шаторче.... Сега за сега уште не знае правилно да го игра повеќе пробува да влезе /иџлезе низ прозорчето а сме 17м утре.... Тоа е нешто што ке остане
Леле мислев само ние сме ненормални да си го душкаме и љубиме задпаното дете оно не имало повеќе низ форумов
Ме утешивте сите по малку Јас мислев дека ќе е проблем ако не пие млеко понатака, ипак нели за коски, за раст и слично. До сега многу сака јогурт и кисело млеко, кашкавал може и овчи така? Не сум му дала до сега.
За спиењето, ужасно ми фали да е помеѓу нас на спална. Веќе 3 месеци спие одвоено во креветче, инаку од раѓање со нас си беше без исклучок. Ме интересира, не ви бегаат ноќе? Ги оградувате некако? Мене ми е страв зашто знам дека можеби нема да го сетам, и ќе одлази од спална која е превисока и нема шанси да се спушти без да падне, а тој стрес не сакам пак да го доживувам. А, мене лично тоа заедничко спиење и будење ми беше нешто преубаво