Како ке избега од креветче? Некогаш преку ден ако заспие на спална ставам перница онака колку во вртење да не падни иначе се симнува сама а и кај нас е висока многу спалната ама се научи.
Не од креветче да избега, туку од спална. Сакам од креветче да го вратам меѓу нас. И мојов се научи да се симнува, можеби сега поинаку би постапил наместо главечки да падне. Сепак не ми се ризикува. Ама од спална не може сеуште повисока е од него 7-8цм и невозможно е.
Еј кога спомна. Некни мм отиде на работа, а јас и малата спиевме. И само се слушна туп, и почна да плаче. Она падна од спална. Брзо ја земав и се смири бидејќи беше поспана. Животот ми се скрати. Сега и правам барикада обавезно Синоќа 8 пати се разбуди. Презаспивање во раце, со шетање се разбира. Три тројки пробиени, чекаме четвртата. И регресија тресе.
Ова! за неколку години ми е скратен животот со тие паѓања, ама се дешава, колку и да си претпазлив. Не помага ни перница ни некаква ограда кај нас. Инаку се пријавуваме на темава со полна годинка. Моторче вклучено нон стоп, не оди сеуште но се тетерави понекогаш 5-6 чекори. Затоа пак ножето му е секогаш во вис некаде да се истопори, пред некој ден дури тркнав да му наполнам вода, го најдов качен на ниска комода... си мести сам некоја количка до гарнитура и оп во следниот миг ете ти го качен горе. Има 12 запчиња, 4ки комплет излезени, се надевам ќе имаме мала пауза до 3те да здивнеме и јас и тој од ноќни будења и плачки. Ако до пред недела дена му се радуваше само на татко му кога ќе се врати од работа, сега се лепи за мене преку ден и со двете раце ме гушка околу врат срцево ќе ми препукне од радост
Ми падна во очи 12 запчиња Мојот е 13 месеци и има 5 Еве сеа втора двојка се мачи да излезе, ептен тешко ги вади. За паѓањето, веќе е поголем и мислам дека ќе размисли два пати пред да се спушти. Еве кај нас спалната исто е висока, се фаќа за чаршавот и полека со него се свлекува надоле. Исто многу шета во спиење по спална и јас секоја ноќ скокам и го барам ама досега фала богу не се случило да падне во спиење. Јас би ти рекла остави го да си спие сам ама ти како сакаш. Јас го легнувам во креветче ама ми доаѓа во сред ноќ преку мене и легнува меѓу нас.
Ние сме скоро 16 месеци, уште од раѓање спие со мене и мм на спална, а креветчето ни служи како ограда, сум рекла неколку пати ајде ќе го легнувам во креветче нека се учи може ќе ја преспие цела ноќ ама џабе не можам немам срце тоа да го направам.. Неколку пати сум го дала на мајка ми или свекрва ми за да поспијам и џабе ми недостасува ако не е до мене не можам убаво да спијам Туку кажете како да го одвикнам од заспивање во раце и шетање низ соба? Грбов и рацеве не ги осеќам
Баш така се фака за чаршавот и се пушта надоле. Од креветче не може да испадне не е долепено до спална. 19м е кај мене петки вади @WonderGuurl грешка сум те разбрала
Јас ги градам од сите страни,од едната креветчето од другите столици имам наредно па ќебиња за да им биде меко и таму понекогаш прилегнуваат. На малава ситр 4ри тројки потечени и долу едно двојче некни излезе сега и другото на пат. Ноќеска двете на мојата перница легнаа неможев да мрднам.
Мое мислење, нема ни потреба од млеко кравјо да ти пие. Буквално сите педијатри се против кравјо млеко да се пие не до една туку до 3 години. Во каша малу во ред ама пиење.. немаат потреба. Ако можеш козјо да понудиш нааајубаво, ако ме го сака никому ништо, не пијам ни ка капка млеко. Млекото не е проблем, туку мојава што неќе ништо ни јогурт уууххх
Шоооо? Ја се би дала да спиет самаа. Маж ми го изселивме од спална, сега спијаме сами со малава, ептен е нашиот кревет висок, редам перници и долу и горе, тие што ги редам не се туркаат лесно, ептен се лепат на постелнината, она обично седнува кога ќе стане и ја сеќаваѓ секогаш, неќам ни да помислам ако ги префрли перниците.
@0ли не му кратиш ништо на детето не се секирај. Поубаво и поздраво нешто од дете шо заспива само и спие во креветче нема според мене. Како шо кажав малата не бара за спиење ама заспива сама ние треба да сме присутни во собата. Еве јас како немајка на годината ке кажам дека воопшто не ми е криво шо спие во креветче. Си го сакам мм и си го сакам креветот. Да родители сме ама сме и маж и жена. Малата се буди по милион пати, преку ден спие само пола саат и тоа малце време и слобода шо го имам за себе/нас ако го скратам со дете легнато помеѓу нас ке се мрднам од умот. За да останам присебен и добар родител морам некогаш да мислам и на себе.
Синко спие меѓу нас некои 2 а може и 3 месеци. Спалната е голема и без мака спиеме сите 3ца. Не шета многу, ама сака да се допира до нас со раче ноже грб. Наутро знае да не бакнува. Би сакала да спие во креветче ама и вака не е лошо. Додека бевме кај свекрва ми го преместив маж ми, тесно беше ама сега е рај. Маж не ни сака да го донесеме креветчето, убаво му било вака. Вчера качи темепратура, малку ама ја има. Сабајле на доктор црвено грлце. Утре крвна слика. Кога ако не пред одмор?
Точно. Еве ние на спална уште се немаме мазено. Сега па околностите се други, цел стан е наш, гарнитурата голема и не се жалам.
Ни требаше долго време за да размислуваме вака не мора да се изгубиме себеси оти сме родители. Да дека е наш универзум малата но тоаа мааалце време шо го имам го крадам за нас. На крајот од денот е битно шо имаме среќно бебе
Тоочно. Единсвени заеднички сами моменти со мм ни се кога спие она, фала Богу спие во креветче до кај 2-3 амаа ептеен ми фали маж ми да си го гушнаѓ и така да спиеме.. не знам како ќе ја одвикнам, се надевам дека после 2 година кога ќе и правиме кревет ќе сака сама хаха ама не си земам здраво за готово ништо.
Точно, родител сум и никој не ми е побитен од синко, ама ми треба и нежност со маж ми и кафе со другарки да испијам. Среќни родители = среќно дете.
Моево од првиот ден спие во креветче ама до мене е залепено без ограда од моја страна. Ретко сака да иди на спална кај нас, се случуваше кога цица да не го разбудувам со префрлање па го оставав меѓу нас (ама ретко, или веќе наутро пред да стануваме).Вака ми е ок, можам да си го милувам до мене, а од друга страна и да бидам блиску до мм
Многу често сум била со грижа на совест што го оставаме сам во соба. Прво спиевме сите заедно на спална. Потоа во креветче спиеше, а јас во истата соба на кревет, го доев и полесно ми беше, па почнав со моите кашлања и приморана бев да се тргнам во друга соба и за да не е сам, мм почна со него да спие во иста соба. Кога почна повеќе да слуша ако стане мм во вц или ако хрка, едвај се убедивме да го оставиме да спие сам во соба, триста пати се премислувавме и првата вечер кога го оставивме, си поплакавме од што ни беше тешко. Оттогаш ние спиеме во соба до неговата и со таблет меѓу нас пуштен за на камера да го гледаме. Навистина се наспиваме иако ноќе по стопати се будам да го видам. Кога ќе го видам како си спие убаво, не ми е криво што не сме сите заедно, ама секое утро се будам малку пред него и едвај чекам да се разбуди за да го прегушкам. Кога ќе се разбуди, се исправа и вика ,,Еееееј" гледајќи накај вратата, летаме со мм натаму и си го земаме во кревет кај нас на гушкање, пие млеко и потоа стануваме. Од една страна среќни сме што сам знае да заспие и да спие и дење и ноќе, а од друга страна криво ми е понекогаш.
15 месеци има и спие меѓу нас на спална Има спиено првите 2 месеци во креветче и толку! Сега ни служи креветчето како украс во спална. Навикнати сме со него да спиеме, ама многу не клоца, наутро ни пика прст во нос, во уше. Маж ми се нервира Ни фали и на двајцата кога се гушкавме на спална и спиевме сами Сега само ми вика да го префрлам синко во креветче иако мислам дека тоа ќе оди многу потешко. Иде второ дете на пат, така да не знам како ќе се организираме со спиење. Убаво вика маж ми дека ќе ни го окупираат креветот, ние во детското креветче да се префрлиме Ама нема поубаво сабајле кога ќе се фрли на мене и мама мама...тоа оправдува малку се останато
Ама ако ти преспива ноќ супер, мене не ми паѓа на памет да станувам и враќам пак, јоок вака сум наспана повеќе ама ми фали мм. Искрено, ја до мене спие и ако не ја слупнам како дише нам да ја мрднам, не па да ја остаам сама во соба..а верувам дека подобро би спиела ако не ме сеќава мене ама ми е срав.