Да ептен сериозно си ја сфати работата со заби вадење, од многу мал почна, ама искрено ептен болно му искачаат. Во право си, може сега дека поголем свесно ќе се спушти без да падне. Ама ризик голем Мајка, многу пати ми станува ноќе, па спушти крени во креветче, душек спуштен на најниско, ќе ја зезнам кичмата кај и да е таман го спуштам се размрдува и се буди ем ми фали, ем мислам помирно би спиел меѓу нас, затоа размислувам да го вратам.
@0ли Не знам дали кажала што се, баш ќе прашам после мм кога ќе си дојде. Малку ми олесна кога видов вака генерациски дека се случува
1 цм треба да е поголемо. Извади ја влошката, стави ја петата до крај, ако напред има 1 цм точни се. Синко на 13 м носеше 22 најк ама секое дете различно.
Мојата наполна 16 месеци 19бр од адидас и се точни. Инаку не носи ништо.Боса сака,во фаза на проодување е и се фрла од нозе. Кога порачавте постапалчиња? За првата веднаш порачав штом се пушти неколку чекорчиња. Ама се пушташе после цело време. Оваа пред 2 недели се пуште па после 2 дена несакаше,сега се пушта ама онака несигурно по 5-6 чекори.
Прашај обавезно за да ни олесни и нам Инаку, уште не е прооден малиов асално. Стои во место, прави по 3-4 чекори со внимавање, ќе се затетерави и паѓа на газе. Па уште и се лути кога ќе тупне. Клекнат кога е на стапала, знае да се исправи или да направи клекни-стани без да се држи. Вчера додека стоеше, на раце се дочека нанапред и пак си се исправи полека со тетеравење. Боже пази ако му пружам рака, ми замавнува со рачето и не сака или си го извлекува од мојата рака. А јас па си реков готово, ќе си тргнеме за раче да шетаме
Околу годинката мислам, изгледа викаше мама, и нешто Пато Пато,и на 12+ кога купивме патики, му кажавме дека тоа се патики ги завитка 'пати' и тоа му беше нешто како прв збор. И до ден денес му е омилено. Оди по децата во парк им ги фаќа и вика 'патити'. Моите патики ги фаќа, им праќа бацки )) кога одиме во продавница со обувки е лудило, само носи патики, се радува.и И сега на 14+ мн зборови кажува, и повторува по нас. Мислам дека рано почна да зборува, и голем удел има што секоја вечер пред спиење му читам или "Три шарени јајца и една лоша Маца" или "Волшебна ноќ во шумата". Од таму учи мн зборови. И други книги имаме, ама само тие две ги сака.
Различни модели имаат различни бројки. Јас вака знам. Попладне земаш лист и пенкало, и некако ќе го натераш на застане детето на листот и го опцртуваш стапалото. На сите страни додаваш по 5 милиметри и го сечеш, и со тоа моделче одиш по продавници.
Така породуваат, супер си е. Прво по 3-4 чекори па се повеќе и повеќе. Не му давај рака, ќе си се снаоѓа сам, така се учи да паѓа.
Да, да, добар е со снаоѓањево, врска нема зошто му пружив рака Цело време го оставаме сам колку што успева - толку, за ништо не сме му помагале и паѓа или на газе или се дочекува со рацете како маче.
@rainbowmama не се грижи, и на ќерка ми се и е баба ( баба , банана, бубамара ) ,за вода вика нана, шише - сисе, цреши - цеси , грицки- гиќи повеќето зборови вака ги изговара, мама , деде и баба и се најразбирливи и моето е двојазично и на двата така ги изговара зборовите. Рано е , колку растат појасно ќе прозборуваат
Ај ма пак ти за тоа и не е така иритирачки. Јас се иритирам кога ми кажуваат колку лесно им излегувале забите кај децата, без никаква мака. Кога го гледам моево како се мачи, не да ме пука нервоза, сѐ по список @0ли супер си е, маалку ѝ завидував кога ѝ спиеше цела вечер, ама го надминав тоа, па моево почна да спие хахахаах. Сега ја чекаме неа да кажува искуства со малиот кога ќе почне да ѝ шкрта ѕидови, нели сакаше немирковци
16 месеци е носи 20, 21 и се големи. зборува неколку зборчиња Мама, мамииии, мамо Тато, тата, папи, папа Дада, дади + името на дада Баба, деде, На ламба и банана- бамба На палто и патики- папто Данке, бите ( на германски) Ајде, НА- ако сака да ти даде нешто или да земе Нана-да спие Бам- на топка Бебе Мама на маша Кика на едно зајче Каша- кака На кака исто кака На млекце- кеке Кога нешто ќе ја прашам или ќе и објаснам само вели АА? Као не те слушнав Аа?
Колку се слатки со зборчињата, ви ги замислувам. Кај нас на 13 месеци нема скоро ништо, ептен малку се со значење и мислам покасно ќе почне да збори. Интересен ми е многу кога го учам некој збор, прво го шепоти 2-3 недели, па почнува да го изговара. Еве претходните недели учеше Тете и конечно го кажа, сестра ми е пресреќна Инаку со значење се мама, тата, баба, тете, де ('ѕе' и се крие), пау (топка), ауау (куче), ва (вода) и обавезно брчи со уста на коли, фен, правосмукалка, блендер ама добро тоа не се рачуна. Најсмешно ми беше кога искочив од туш, ми ја фаќа мократа коса и вика бууу (демек ќе ја сушам) Почна да ми ги носи патиките во дневна, крева нозе да му ги облечам и мафта накај вратата. Ова нонстоп го прави само надвор да е. Секој ден е со новости, со нови глупости ама пресладок ми е и брзо простувам. Ме имитира како го карам, врти со прстот и вика Нееее и пак ги повторува глупостите.
Ете, џабе си ми завидувала, а очигледно секоја за нешто има за коешто завидува Не ме пцуј, досега еве заби лесно вадеше, ако за лесно се рачуна само денско повремено кенкање. Допрва ќе се на ред четворки, тројки и не се знае како ќе помине со нив. Инаку, рано му е уште за чкртање, ќе почекаме за тоа
Оф мајки многу брзо минува времето, носталгија ме фаќа. Кога купувам гардероба за големата ќеркичка веќе бр 148-152 обувки 34 израсна е ( добро мајка и и таткои не се мали ) си велам леле брзо порасна бебето мое, кога носеше 98,104, времето лети. Ama така треба да биде, да си растат децата, Ние да старееме и да се здрави и живи децата. туку сум заборавила да напишам најглавното зборче, средството мистер пропер ние го викаме попаа попааа хахахах оти прска хахаха и кај да поминеме у маркет низ средства одма право го бара да го види попааа И со настинката сме подобри, мрсолчиња има и кашлица уште. Фала богу темп нема. Времето е мн жешко, сакав на базен да ги носам ама ппради настинката ќе почекаме.