Ве читам сиве денови ама ние сме веќе со принова и помалце време имам за пишување синко сеуште со нас ќе спие , му нарачав детски кревет па ако сака сам ќе спие на него ако не сеуште до мама и тато. Беба си спие во креветче . Син ми немаше проблем да отспие во креветчето ама дека ептен се навикнав и срце не ми даваше да го редам. Многу ми е убаво исто и ние го душкаме и бацуваме. Низ текот на ноќта како ангелче го гледам, од сабајле нешто најубаво, ако сум му со грб свртена ида ме гали на лицето за да се свртам на кај него па ме гушка татко му знае и по некоја клоца да јади во глава ама не се жали Околу зборувањето немаме некој прогрес ама има по некое зборче. Вика бебе , за сокче вика цокце, за водата прави пљас вика паааш, за пиле вика пипи,за маче вика ма ,за куче вика куце, јас го поправам викам даа мама куче, даа сокчеее ама сеуште тој со Ц кажува. За сијалица или било какво светло вика џиш , за нема вика аш,за јадење вика АМ ,возчето го вика туту ,а животни кога гледа кажува само како прават не по име. Душа мајкина ми е ,се по интересен и по интересен е. почесто се дешава така да си седам ,доаѓа да го кренам ме бацува и си слегува.. итоа се вртам јас да ме баци на образ тој ми ја фаќа главата црвсто да ме баци во уста ,мн е смешен и обавезно не тера да се гушкаме јас и татко му или да се бациме опасен е Да додадам и за млекото гледам што сте пишеле дека и син ми е анти млеко. Ама јаде јогурт кисело млеко и млечни производи така дааа не се секирам воопшто. За јадењето сеуште е на комбинации со леб и со молење.. амааа препишувам на 3ките. Сите наеднаш му растат. Друго незнам што да кажам ,освем тоа дека е неуморен и камо да му ја имав силата. Цел ден надвор скока игра трча и пак не седнува, не сфаќам какоо ама нека е жив и здрав
И јас се приклучувам со" баба " за се што не знае прееска кога запна дај баба дај баба (банана) толку ми е смешно и слатко Најново е мамуни мамути.... Незз од каде и зошто ама си кажува.... Инаку за патики гогпогицата наша 22ка reebok вчера Антоние ни кажа дека се кнап веќе и да земеме за 14цм а то е 24ка шлапатарче ке е на мама детуле Мислам дека ми е спремн за градинк пошто отидеме ли н игралиште заборава на нас, и вчера на преглед кога зема да разнесува играчки низ ординацијата се преуреди и да пм ние бевме неважни..... Денес прави 17 м а здравје план ми е средина на август да ја пуштам веке во градинка па да видиме Се се ама од цице не се откажува дете
Сигурно е некој вирус Мила, не се секирај ќе помине. Сите не испофаќа два пати во 3 недели. Јас уште сум малаксана.
Леле ова со кеке за млеко ме потсети. На золва ми детето исто така за млеко (а после и за шишето) така викаше. Се имаше приврзани за шишето, секаде го носеше, заспиваше со него, и стално кеке кеке До 6 години пиеше и се галеше со кеке.
се лизна од капаче и падна на глава на тилот не знам дали на подот на ламинат или на тепихот на крајот, не обрнав внимание, важно тумна. Рикна дури се залиса па и дувнав у лице да се врати двапати, трипати се залиса. Умрев. Падна пред 22часот, не знам дали да ја држам будна два часа.весела игра ама и се спие. И преги цицаше од ко падна, еве и сега е на цицка чучната и се спрема да спие. @Enci201 многу се интересни. Моја беба на шише вика сише
Јас го меркам моментално ова старо буре во кучково На инста една мајка го фалеше дека е ептен kids friendly а за храна ми изгледаат добри.... Ако знаеш нешто др интересно кажи пошто и мене ми треба
Во Белви е убаво за деца, ама храната е.... олд фешн. Кучково бевме кога беше ептен мал и не видов дел за деца. Значи имало. Секој викенд иста мака имаме
Кога се смета за проодено? Ќере прави по 10тина чекори, може и повеќе, самостојно. Нема сеуште стабилност, ама сепак сама се пушта и патка неколку чекори(10-20 чекорчиња и после или паѓа или седнува или бара да се задржи на нешто)
Ние често одиме во Палас, малава таму трчка, а големата се пентари на лулашките. Уживаат и двете. Храната не е нешто нај нај, ама им земам цеден сок, овошна салата, и некогаш тост за поголемава, или пица. Ако мислиш негде кај што би можела цел ден да седиш, не е такво место, ама за два три саати е супер. Ми се допаѓа што стално е посвежо таму, дувка ветер ради Вардар.
Во Хиподром Кремисимо мислам беше. Храна нема нешто посебно, пици,бургери, похованици… па тоа и јадеме, ама убаво им е се. По желба може и коњче да јава Палас одиме чат пат, Белви храната ужас, таму само кафе, Вила Весница исто има дел за деца…
Јас секогаш биогаја купувам. Од бебе , навика, ама искрено задоволна сум Инаку препорака од педијатар ми е не само за дијареа, туку секогаш бар 7-10 дена пред да одиме на одмор или било каде да давам пробиотик исто и дури сме таму
И јас ќе прашував тоа, малиов станува од земја без да се држи и прави десетина чекори, па си седнува, па пак станува. И, сеа, прооден е? Не се сеќавам, @MilaSs12 ти ли пишуваше дека проодено е кога од земја ќе стане и ќе тргне?
Ако нема проблем со кожата, немаш потреба од биодерма или еуцерин. Подобро уриаж или хип. Најдобро веледа, ако ти одговара со цената. Прооден е. Лесни чекорчиња. Дефиницијата е според ортопед. Штом почне да пушта чекори без да се држи за нешто значи оди детето и за кратко ке прооди сосема. Кај некои тој премин е 1 недела кај други 4. Синко многу рано почна да оди по мебел ама на 11 се пушти. На 10 и пол се пушташе од а до б ако му се гледа блиску ама не 10 чекори, туку 1 2 чекорчиња.