Во Вучко има ептен добра, се подесува топ. 2150 мислам беше. Ако најдеш пиши @Jana06 А имаше температура висока? Колку долго му стои исфрланото? Можеби е пост температурен исип, знак дека се изборил организмот со вирусот.
Имаше ептен, највисоката беше 40.5 ама тоа беше пред 3 недели од прилика. После тоа качи еден ден 38.7, па бактерија во нос, па кашлица... И сега овој сируп. Мада и матичната се сомнева на алергија на полен или прашина ама мислам во тој случај нема да се исфрла по тело. Ќе му го давам сирупот само ме интересираше за што е. Го инхалирав со кортико, а излезе немало потреба,па си викам да прашам и за ова.
Расчитана по темава наидов на една ваква реченица. Од постари коментари е па ме интересира "поново" мислење. Што мислите вие? Треба да се "притресуваме" и да ги заштитуваме децата чувајќи го во стаклено ѕвоно дома или некогаш е ок што се изложуваат на надворешните влијанија и што се мешаат со деца? За дел од ова прашање имаше влијание и докторката која последно го прегледуваше малиот кој во рок од 1 месец два пати беше болен и со антибиотик од кој првиот пат и со инекции
Што подолго е без антибиотик, без вирус и настинка тоа подобро. Синко имаше температура три дена, до 38,4 најмногу и беше за никаде. Истоштен, уморен, очи тажни, срце ми се пара. Не знам што е толку убаво дете на мала возраст да се мачи вака и да билда имунитет. Ова му е прв вирус и од сега во стаклено ѕвоно го ставам. Стаклено ѕвоно за мене е природа и само природа. До сега сто пати ставил камен во уста ништо не му е. Сега вратив филм дека во сабота се измеша со деца, поголеми, едното беше со растечен нос и еве што излезе. Мешање со деца само ако има потреба да оди во градинка.
Одлуката нормално си е твоја, и јас милион пати сум го помислила истото ама мене ми поминува. Само немој толку психички да паѓаш од едно разболување, ќе помине. Ехее уште колку пати ќе бидат болни. Јас моето не го пазев и пак не беше болен до година. Првото мешање со деца фати вирус (ако не рачунам контакти на лулашки) ама еве пак едвај чекам да тргне во градинка. Мешање меѓу луѓе е неизбежно и здраво за детето. Физички ќе го чуваш ама емоционалното здравје е исто важно како физичкото. И јас бев премногу заштитнички настроена ама брзо сфатив дека не можам така. За второ ќе чекам секако, барем 3 години разлика освен ако бидне нешто 'несакајќи'. Како расне, се потешко ми е.
Синко баш на лулашки фати вирус. А кога се меша со деца на пријатели, секогаш сите се здрави, ниту едно не оди во градинка. Кога се болни не се мешаме и така. Јас го мешам, не дека го држам затворен ама гледам да се сведе ризикот на минимум. Многу тешко ми падна ова разболување За одлука за второ, не е само ова. Навистина е премногу пргав, темпераментен, своеглав, упорен, размазен. Не е не, и да е да.
@srekice и јас викав така како вас па така така поминаа 8г, после запнав сама за второ,нејќеше милом па мораше силом .
Којзнае дали има една вистинска теорија. Јас не сум одела во градинка, и како дете воопшто не сум се разболува ла. Оти нели со баба, братучеди, деца од улица... немало веројатно толку близок контакт. До денес имам многу јак имунитет. Мм цело време нешто шмрка, настинки фаќа, јас не. Мм одел во градинка од 6-7 месеци. Син ми досега да чукнам во дрво добар е, немал никаква настинка, а далеку е од стаклено ѕвоно. Си игра во песок, заринкува таму со главата, полна уста песок. Гали кучиња. Оди бос по тревата. Лиже туѓи играчки, што стојат во песокот. Слободно е пуштен, на пример седи на улица, или во шопинг центар некогаш ќе си подлегне на плочките. Не се притресувам и да го земам одма.
И јас ако имам ке имам за 5 години од сега. Се си стои 5 години, и кога имаше 3 месеци и сега кога ке полни 2 години.
Настинка, посебно температура на дете до три години е најлошо, може да предизвика опасни работи на организмот, дете до три годишна возраст нормално е да настине од 8-12 пати, ама секој месец да има вирус и да е на антибиотици како тоа е добро за организмот? За второ дете едно големо НЕ, нека дава господ онаму каде што нема. И јас како членката погоре не сум одела никогаш во градинка и ден денес не знам за настинка, книшката здравствена ми е празна, апчиња што се тоа, јак организам не знам дали се должи на тоа
@MilaSs12 дали знаеш која е на Антоние препораката за сандали. Бевме пред некој ден прашав се за сандали заборавив, а сега е овие 15 дена во Хрватска во орд а ние сакаме да и земеме Ipanema па ако знаеш што мисли на таа тема ке ми бидеп од помош
Не знам искрено, не сум била одамна. Контактирај го на вибер, мене два пати ми врати до сега без проблем. Јас зедов ипанема за на одмор. Детево мое е опседнато со патики за надвор и мора и дома да ги носи...
Јас сум за да не се тресеме.... Кога го чуваш под стаклено звоно помалку организмот ке знае да се бори при прв контакт.... Е сега не е ни да го фрлиш на улица само да се гледа ама некоја средина да се има.... Јас пример дома кога сме малата нае да и падне лепче и да си го лапне од под ( свеки одма мие раце фрла лебот) не и го земам па чистам секој ден да му е ма.. Ама и ете фала богу не реагира на тие работи надвор од дома не прави така..... Кога игра надвор раце не и мијам при секое пипање долу ( свеки ако и ја оставам 30 мин од нив 20 мијат раце а 10 играат) гледам да е облечена колку и јас.... Понекогаш подобро да и е малку ладно неоли малку поопло
Хахаха добар е твојот до патиките дома ние срга сме во фаа капите дома ги носи кога беше мала турбани носевме надвор цело време после зимата едвај држеше капа на глава цело време надвор стави вади бевме за да сега без "капи капи" нигде не одиме а и дома и се главни тие
Уф, добро прашање постави. Јас како мала одев во градинка, од негде 8-9 месеци до 7 години. Книшката ми е полна со медицински рецепти, знам на 6 год. и инекции примав, значи почесто се разболував, не се сеќавам дали само пообични настинки или и со високи температури. Од познатите педијатри кои сум ги слушала по емисииве на ТВ, научив дека е добро детето да го гради имунитетот надвор-тоа и го правам. Го оставам на песок, лиже камчиња и стапчиња, се трие на очи, сакам да ги осети пролетните алергени сега, мислам дека и за плуќата е подобро така, отколку тоа тн. стаклено ѕвоно. Што помалку изложен на надворешни влијанија сега, тоа полошо како возрасен. Знам една докторка, синот го чувала ептен заштитен, сега почесто се разболува и е осетлив на многу работи. А за во градинка, не знам што да кажам. Убаво е од социјален аспект, а дека ќе се разболуваат сигурно тоа. И сопругот не одел во градинка, и мноогу ретко, ми кажуваше свекито, се разболувал, ич не виделе мака со температури. Ниту сега е осетлив, последна температура му била пред 15 20 години. Мислам на висока температура а инаку најпоследна декември ко фати корона. И што дека не одел во градинка за да се дружи со децата, да се социјализира, комуникативен е, му оди со луѓе. Еве ако направиме статистика, изгледа подобро е надвор, отколку во градинка да се тестира имунитетот. Башка кај нас, поретко се надвор, а на запад и на дожд ги носат надвор. Секако, и докторите велат нека биде и на снег и на дожд, само да има соодветна облека. Моево дете секако не го пуштам во градинка, зашто нема да ја прима сега вакцината за морбили, ако треба и на глава ќе застанам и нема да ја прими. И од работа ќе си одам, ама не го вакцинирам сега.