Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.752
    Допаѓања:
    7.688
    Пол:
    Женски
    Јас мислев мојов дека има атопичен дерматит и го однесов кај Агрон, екстремно сува кожа било. Ни препорача едно Aquaphor од Eucerin. Мало пакување е, доста мрсно, можеби ќе ви помогне.. Околу 700 беше, нешто помалку, малото пакување.
     
    На crazylady, NewMama и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  2. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира за Ipanema се умам да и купам за на плажа.
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    95.278
    Пол:
    Женски
    Јас сум носена во градинка,во живот не памтам температура да сум имала.
    Грло и растечен нос е многу нормална појава.
    Ќерка ми првпат се разболе сега,на 14 мес.Бевме во Мк,промена на клима,долг пат,таму близок контакт со внук ми кој оди во градинка и нон стоп е болен откако тргна,па пат назад,и толку ѝ требаше.Три дена беше со темп,качуваше на 8 саати,со чепчиња се средуваше брзо.Апетит 0,нос затнат и шлајм кој не знае да го искашла.Ептен жалче беше.
    Среќа веќе е подобра.
    Иначе да,во градинка многу почесто се разболуваат,си прават пинг-понг со вируси,а во Мк е особено лошо што многу деца се во мал простор и нема вадење надвор.

    За ладно и настинка ми е ептен безвеза теорија,многу се нервирав сега во Мк дур бев.Цело време коментари како била гола,зошто без чорапи,ладни и биле нозете и тн.
    Па ке ја држат в скут топлејќи и ги стаплата,на 25 степени,со жалостив поглед према мене:^)
    Цела зима ми беше така гола,плус с’клетџика е ептен.

    Второ дете неќам ни јас,и да сакам не сум психофизички способна.
    И сакам да ја одбијам од цицање.Пентерење по мене,па двете гради мора да и се на располагање,па ке се расцица и трга,шприца млеко...
    Веќе не гледам задоволство никакво,дури мачно ми е и се нервирам.Ни циклус не ми е вратен од пораѓај,пролактинот плафон е гарант.

    Лесни чекорчиња на тазе проодените:l:

    Мојата абер нема,само интелектуално се надградува:D
     
    На duffi, 0ли, marchi-cool и 16 други им се допаѓа ова.
  4. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Скоро сите што ги познавам со дечиња во градинка се мм често на антибиотоци . Еве од внук ми ке тргнам во период на вируси не поминува без 2 дози антибиотик ,инхалации и што уште не . Има веќе 5 години. Ако би имало лпгика колки толку ќе имаше подобар имунитет. Син ми до сега една настинка имал со затнат нос и темп. До 38 со 5 која го држеше само 1 ден. Не го држам во стаклено звоно. Го пуштам о да се тркала во трева, да фака камења,песок да се валутка, гали и кучиња и мачиња, го пуштам со деца во природа, не се притресувам ако му падне бисквита и продолжи да ја јади. Така е во контакт со мн бактерии и општо микроорганизми па стекнува имунитет . Во затворен простор нормално ако циркулира одреден вирус или бактерика дека ќе ја фати,што е во случај со градинките. Не сум против градинка напротив би го пуштила во моментот кога веќе ќе осетам дека не сум баш способна. Сега и со второ дете кога сме малце ќе е потешко .

    И патем да се надоврзам на муабетот од @MilaSs12 , сега со второ дете уште повеќе навлегов во бејби лудило, па кога би имала услови веднаш би се одлучила на 3то :rofl::inlove: три дупла љубов
     
    На 0ли, rainbowmama, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    За второ дете муабетот, јас сум за моментално.
    Додека доев, и ми се будеше по милион пати, мн бев исцрпена, и се нервирав стално, и тогаш знам мислев дека нема шанси да преживеам да чувам и друго.
    Сега кога не цица е друго, се буди еднаш некогаш двапати, само ќе го погалам, или ќе ми легне на стомак, и продолжува. Мн по раат сум. Би сакала уште едно бебенце.

    Еј а луѓе, денес истуширана, со голи гради, и ме гледа детето и викам ај баш да видам што мисли.
    И го прашав што е тоа (за цице), и тој ми рече нане нане :) дека е за спиење.
    Што се прави со него, и ја подотвори устата како за цицање и се доближи малку. Да не се тргнев ќе ме грабнеше.

    Се изненадив, јас мислев заборавил. Мм се испаничи, ајде брзо облекувај се, нема заборавено, тоа е инстинкт :D
     
    На elenaklasik, 0ли, NewMama и 11 други им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.063
    Допаѓања:
    108.832
    Пол:
    Женски

    Ipanema се одлични не само за на плажа , за секаде. Лесни се, се виткаат и не прават проблеми на ноџето при одење.
     
    На NewMama, mal.ecka, srekice и 4 други им се допаѓа ова.
  7. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Исто сме и ние.. Дури и сам станува без да се држи се исправљ.. Ама не е стабилен за одење за да го пуштам без да сум и ја над него..
     
    На mother_nature, NewMama, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Мајки ние вчера славевме прв роденден па официјално сме во оваа група сега..
    Многу поздрав од Ведран
     
    На elenaklasik, koritsaki, *malenavolena*87 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Мојата се разболе после крстенката и роденденот на инекции завршивме, матичниот ни рече контакт со болно дете од градинка (мојата ме оди). Косата ќе ми побеле од нервози пошто има толку несведни мајки ниту спреј во нос не им прскаат, цели затнани ги шетаат на кафе нивните ќе бидат 100 пати поздрави од моето.
    Ми се згади од животот си седнале на ручек девојчето околу 2 години цело затното едвај зборува, па кога го видов таткото како со пумпица и вади мрсули :puke:, во ресторан бе па толку свест да се немало.
     
    На elenaklasik, koritsaki, 0ли и 8 други им се допаѓа ова.
  10. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    И мојот е затнат цел моментално од контакт со дете што оди во градинка. Бевме пред некој ден кај пријатели, имаше 3 дечиња таму, кога го видов едното со мрсоли уште од врата посакав да си одам. А синко пак колку сака деца само во нив се буташе и ете префати:doh: втор пат ни се дешава вака, минатиот 12 дена течеше нос, кивање и кашлица, сега се надевам со лесно ќе помине.
    После првото искуство секогаш препрашувам дали се здрави (може течење нос не го рачунаат како нешто страшно, ама кај поголемко дете со посилен имунитет нормално дека полесно ќе пројде, за разлика од бебе кое прв пат се среќава со вирусот) и искрено од мене поаѓам дека не би дозволила средба ако моето е настинато, па и друго да се зарази, ама очигледно не секој размислува исто...
     
    На elenaklasik, 0ли, NewMama и 6 други им се допаѓа ова.
  11. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    2.236
    Нека му е среќен роденденот, да е жив и здрав и голем да расте :party::hug::sun:
     
    На srekice, prinstongirl2, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Мајки,малава сега проодува,ама несака патики да види.
    Кога е суво ја пуштам боса,фрла чорапи и боса оди.
    Ама кога е врнато мора нешто на нозе нели.
    Дај барем совет какви сандалчиња да и земам.Затворени и лесно да се виткаат?
    Какви носат вашите малечки?
     
    На 0ли, srekice и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    95.278
    Пол:
    Женски
    Најубаво е боса,особено по трева и песок.Не знам што да ти препорачам,Ипанема ги фалеа мајките,дека се меки.И Најк и Адидас имаат лесни сандалчиња,ептен се флексибилни.
    Јас и купив од Зара ама не се за одење,тврди се ич не се виткаат.
     
    На 0ли, srekice, NewMama и 3 други им се допаѓа ова.
  14. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    @mal.ecka За проодување или скоро проодено јас не би сандали ама нека споделат и другите мислење. Евентуално затворени и напред и позади, ама јас секако би одбрала патики. Едит препрочитав дека не сака да ти носи патики. Види затворени сандалки ама не верувам дека ќе направи разлика. Пушти дете босо. :D

    За второ дете ние сме категорично НЕ, доволно ни е едно, долго го чекавме и не ми се поминува низ сето тоа пак. :drunk:

    Значи периодов со зборувањето сите се смешни и слатки. Банана веќе не ја вика баба, сега е нана. Баба и дедо од уста не ги вади деновиве. Го прашувам каде е баба, вика Јееее, демек во Скопје, ваљда. :D

    Многу ми се чудни стариве, не знам вашите какви се. Јас сум порасната со баба претежно, и имам толку богати сеќавања и толку случувања, мислев дека сите баби и дедовци се такви. Али овие на мм... ич не ги бива. Ни беа денес на гости, играње со дете им е сликање. Свеки за секое животно вика мјау, и секоја количка (обична, амбулантна, противпожарна) е бу бу. Ич не му праат муабет на детево, гледам дека сакаат да си играат со него ама стварно не знаат. Дури ни мм не му зборува доволно мислам, нивниот јазик му е најслаб на малово, а тука живееме. Веќе и на мене ми е глупаво надвор кога не ги разбира ништо. Епа не можам четири јазика да го учам. Ако они не сакаат убаво да си комуницираат со детето, уотевр. Здравје ќе го научи во школо кога ќе тргне. Греота. :D

    Инаку @dunika баш пред некое време читав дека настинка е тотално немедицински поим, и не можеш да се разболеш од ладно. И моево е стално најнеоблечено од сите и оди босо.
     
    На elenaklasik, 0ли, srekice и 7 други им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.818
    Пол:
    Женски
    Синко има ипанема, супер се ама не би ги препорачала за дете кое сега проодува. Петата е слободна и ножето шета а не треба да е така за тазе проодено дете.
    Моја препорака се патики, најки, танјун, револушн или стар ранер. :hug:
     
    На 0ли, srekice, NewMama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Адидас има и многу и се тешки и не се виткаат напред.
    Значи сепак патики.
     
    На srekice, NewMama и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.818
    Пол:
    Женски
    Патики, критериуми за добра патика: да се витка како палачинка, да е лесна, да е рамна внатре, петата да е цврста. Дополнете ме ако заборавам нешто.
     
    На 0ли, srekice, NewMama и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Настинка е медицински поим (назо/ринофарингитис) само луѓето мислат дека е од ладно, а не дека се пренесува.

    Инаку, и мојот е бос ама дома. Надвор не го носам бос.
     
    На elenaklasik, srekice, NewMama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Малиот само што падна од маса директно на глава. Врисна силно ама не плачеше долго. Колку време требаше да го чувам буден?
     
    На NewMama и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.818
    Пол:
    Женски
    Најмалку 2 часа.