@rainbowmama @MilaSs12 @dunika Фала девојки Ете ја боса цел ден,ужива.Кога ја зачекувам заиграна ставам чорапчиња па за кратко ги фрла и нив. Ќе барам утре други патичиња,па и мало ноџе има 19 можи големи ќе и бидат. Не ми се дава многу пари оти знам дека ќе вришти и нема да ги носи ама мора да ги има. Ако не ви е проблем да ми ставите линкче од патичиња да и нарачам од кои сте задоволни
Не успеав да го додржам буден, па читав нешто на нет од Систина барем 2-3 пати да се буди. Го будев, реагира и презаспива, се надевам добар е. Среќа на тепих падна и за чудо не испаничив.
Јас за летни патики од адидас сум презадоволна. Овие ги имавме пред две години и оваа година и купив пак. Лани ги имавме овие Од двата модели презадоволна, прелесни се.
Мило ми е што е добар. Повели https://www.sportvision.mk/obuvki/8463565-nike-revolution-5-tdv https://www.sportvision.mk/obuvki/8447439-nike-star-runner-2-tdv https://www.sportvision.mk/obuvki/8420458-nike-star-runner-2-tdv https://www.dsport.mk/nike-decije-kid-patike-nike-star-runner-(tdv)-n65395 https://www.dsport.mk/nike-decije-kid-patike-downshifter-8-(tdv)-n65468 делуваат дека се добри ама не ми се проверени
за дете до година сум за тоа многу да не се меша со луѓе. На братучед ми по 2 обиди трет пат му се роди живо здраво дете во екот на короната и никој апсолутно не му се доближи. Ни го видовме што се вика чоечки ни можевме враце да го фатиме и покрај тоа што цело време се држиме да сме здрави. Првото дете го мешав. Ама тоа беше пред 7-8 години. Ептен ретко се разболуваше. Сите во фамилијата прележаа сипаници него не го префати. И природата е неизвесна, вируси кои врска си немаат чудни кажувања на тт.... Што да кажам. и јас така велев цели 6 години и после тоа победи тој 1% јас сум одела 2 години. Ама од болести цел живот само со крајниците сум имала мака. Не знам ни јас вистина дали таа теорија има врска ама сега има многу повеќе вируси и бактерии... Што знам. се сложувам. Тоа со облакањето овде кај нас е леле мајко. Свекор ми не дозволува да го седнувам детето на земја а дете ко дете сака да игра вика аман бе јас носам два пара пантолони ти што си го остајла вака по едно танко (тоа април мај беше) викам како јас на кратки а него сега така да го облечам како би го облекла во декември јануари на - 20 ? Децата негови (со втората жена) како мали волнено ги облакаше а дома со шпоретот сауна. Јас на кратки тие во волнено препотени... И многу чест му беа болни. Миење раце јас сум секогаш ко ќе завршат со играње надвор и пред јадење,не на секои 5 мин. Маж ми ако му текне мие раце т.е ако ептен работи нешто. За разболување во градинка мислам дека тоа е поради затворената просторија што се си мислам дека ни отвараат да луфтираат ни па да дезинфицираат. Мислам дека не требаше да се случи корона за да почнат со дезинфекција на градинките
Луѓе, совет како да го навикнеме на друг јазик детето. Јас и мм сме Македонци и 90% е опкружен со македонски. Пробавме дадилка не ја сакаше баш оти не ја разбираше, сега во градинка исто тоа мислам е проблемот. Многу разбира и збори македонски.
Никако,нека го во градинка. Чудно му е сега,таман почнал да разбира убаво на македонски,му се случува сосем ново нешто.Доволна промена е градинката,па и јазик поинаков слуша. Ќерка ми ко вонземјани го гледа луѓето кои и се обраќаат на германски. Мал е,со тек на време ке му стане нормално,само подоцна ке преферира еден јазик,а вие нема да може да влијаете премногу.
Друштво го постирав ова во мала разлика помеѓу децата, но не е мн активна. Anyone here ? Мајки син ми ja прифати малата. Ја бацува, и носи играчки, и дава демек да јади , има и љубомора ама нормално е тоа. Она што ме загрижува е кога плачи малата тој веднаш почнува да плачи дури и звук не испушта,му леат солзи и во молк плачи со тага и едвај се смирува. Дали е ова нормално ,и дали можам да направам нешто ? Инаку син ми е 21+
За некој ден ќе сме 16м, со каква паста и четка им ги четкате забчињата? До сега му ги четкав со четка напрсток и вода ама гледам му остануваат наслаги на забчињата не му се четкаат убаво, најверојатно дека е мека четкичката..
Леле мајки имам голем проблем. Имам активно, темпераментно, немирно дете како сакате наречете го. Воопшто нема страв од ништо, паѓа и пак се качува на истото место, не учи од грешките. Не можам да тргнам поглед од него ни секунда буквално. Се качува на гарнитура и трча по неа, на столици, на количката, на хранилката, на колата на акумулатор и стои врз неа, врз масата во дневна. Струја е дур го видам на едно место, тој веќе се качил некаде. Вчера пишав падна од масата, се свртев само кремата да ја земам и тресна. Сега ја влечеше фиоката, му се лизна раката пак летна назад на глава. Страв ми е ќе дојде ден кога ќе се повреди, ќе се убијам. И надвор почна да прави глупости, бевме на кафе пред некој ден, си стоеше до количката и од никаде му текна да бега преку врата. Во шок бев, ни на крај памет не помислив дека може тоа да го направи. Што да му правам, до кога трае ова, има ли некое решение освен да не се мрднам од него?
Ве читкам по темава и леле моево исто такво ќе биде се надевам ќе смени. Премногу е бесен, а уште не оди веќе обелена сум во глаата. Во раце го држам се одбива од мене за да фати било што. Едно вакво набави си
Кога ке најдеш решение сподели со останатите. Јас не можам да му излупам јаболко, се качува секаде, вклучува релна, трчи во купатило во туш кабина или на шоља пушта вода... Не знам како би готвела, освен во креветче да го ставам и да се дере. Среќа маж ми е флексибилен и најчесто свекрва ми готви инаку ке има последици. Ни мобилен кога гледа не е целосно мирен, а види прилика, одма прави бељи. Да. Денес прв пат со вода му го пуштив. До сега на суво миеше нозе.
Curaprox е одлична.нз колку лесно може да се најде. Јас се препородив со неа, по препорака на Фемина ја купив. Паста елмех за деца.
Хеј луѓе, планираме одмор во Турција all inclusive. Што мислите како би било со 18 месечно дете. Да очекуваме да се одмориме малку или ќе се доумориме? И се мислев за 10 дена, не помалку. Досега мн мака сме имале по хотели, крца подот, крцка креветот, високо е, ајде постилај долу на земја...не било ништо којзнае колку крш, ама детето мн слуша и се буди. Барем досега
Двете во раце,да нема лутење. Ден денес двете ги кревам истовремено,да нема љубомора. Среќа слаби деца имам. Тешко е ама ќе мине,шо знам не сум многу пореметена