Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Кафе пиеш седечки па и во кафич? За мене е тоа научна фантастика :D
    Ке се навикнеш на негово темпо и тоа е тоа јас решение немам а не верувам дека ке имам за брзо плус нормално ми е веке :D
     
    На rainbowmama, 0ли, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    ^4та година по ред кафич ме сум видела,се ова од Јана +на квадрат.
    Добро де,еднаш бевме со сиот ум,поголемава седеше со татко и малава само викаше пат пат,па вртрвме кругчиња додека мм го испи кафето и си заминавме.
    Јас нормално ни кафе ни вода.
    И дома е така.Трчам со кафето во раце.
     
    На 0ли, crazylady, srekice и 3 други им се допаѓа ова.
  3. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Со затворена врата не сум била во вц а не па нешто друго да правам :D
    А можам да замислам тебе како ти е со две:sweat:
     
    На 0ли, crazylady, RAK91 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.818
    Пол:
    Женски
    Кафе додека спие. :inlove:
     
    На Cherry333, 0ли, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  5. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Леле нека се здрави и живи ама многу темпераментни. Ние дека сами сме, се' дома е на мене. Кога готвам се случува буквално по нозеве да ми се беси. Пред некој ден пижамите ми ги туркаше надолу а јас бев заработена со валкани раце. Во вц салам не можам да влезам, а нема на кого да го оставам. Е внатре е лудница. Префаќа буквално се' што ќе му дојди при рака. Ја отвора машината за перење алишта, внатре става тоалетни или играчки. Штом дојде до тоалетна, целата е одмотана значи. Во корпата за алишта чепка, имаме биде и еден ден кога ми ја пушти чешмата, а таа има силен млаз, лом направи со вода. Во кантата сака да отвора, четката за шолја сака да ја фати....И што ли уште не. Сега дека е прооден, се' му е достапно, ама уште се шантра и ми е страв оти како и да паѓа тој се извртува некако и на глава паѓа. А пак низ дома кога лази ,показалчето му е како магнетче, се' собира и в уста става. Само пазиме нешто големо да не има паднато (пред некој ден печурка парче в кујна ми летнало, се здрвив). Кога сме излезени најпрво седи мирен во количката, и за некоја минута ко ќе збесни, не се држи. Па се шетаме, сака да одиме само тој каде што сака, само ме растргува со рачето. И најсмешно ми е, за тоа што го карам и му викам НЕ таму, тој прави со прстето цело време НЕ и како за инает само на тие места чепка :))) Мајка ми кога ќе ја види (и таа му кажува НЕ ваму, НЕ таму, НЕ кај шпоретот) одма и прави НЕ со прстето, од старт ја кара.:D:D:D и така забава до бесвест8)
     
    На 0ли, elenaklasik, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Леле сега се препрочитав и да, така звучи дека седам и пијам кафе :rofl:
    Искочивме после долго време со роднини против моја волја зашто точно знаев како ќе биде. Среќа тие дечари се, па го пазеа.
    Не идеме никаде освен на отворено кај што нема кај да бега кога го пуштам. Знам дека не е моето единствено немирно ама нема страв никаков. Вчера пред да легнеме главечки се спушти од гарнитура доле :| Не разбирам стварно.

    Во вц нормално со него, нема шанси да го оставам рика на цел глас пред врата. Убав ручек не памтам кога јадевме последно, цело време е нешто што не бара стоење во кујна.
     
    На 0ли, crazylady, RAK91 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    1.022
    И мојов немирко е незапирлив, зборот НЕ не постои во неговиот свет. Секој ден како рутина му е прво фаќање на шпоретот, па машината, па вратите ги треска, фиоќите ги “средува”, абе од глупост во глупост се оди. Тоа е, нема разбирачка :x.
    На кафе или на ручек во ресторан седнувам кога е заспан, гледам секогаш да е така бидејќи тешко кога е буден да се има мир:ninja: .
    Ај нека се живи и здрави, ама со нервите прикрај тешко дека ќе посакам второ дете во наредните 3-4 години.
     
    На 0ли, crazylady, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  8. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, бебе е годинка и еден месец. Во последно време го приметувам дека кога спие ги држи рачињата во тупаница. Имам слушано дека децата со церебрална обично така спијат.. Онака си е се нормално. Секако ќе се консултирам и со педијатар. Некое мислење искуство од ваша страна?
     
    На crazylady и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  9. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Многу читаш:rofl:
    Јас знам дека се гладни, па мислев стално е гладна|(
    После разбрав дека така спие
     
    На 0ли, crazylady, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    1.022
    Зошто мајка си правиш стрес? Ако има повеќе симптоми да се сомневаш, ама ако е само ова како може да мислиш на вакви работи?
    Еве сега додека спие го загледав син ми и на него едната рака му е во тупаница, ама да не прочитав овде никогаш немаше да се посомневам дека нешто значи тоа.
     
    На 0ли, crazylady, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Дали кога ги бањате бебињата им влага вода во ушите? Глупаво прашање е:) Ама дали тоа придонесува до воспаление на уши?
     
    На crazylady, Филотеа и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  12. Софијана

    Софијана Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Јас па сакам да прашам како се справувате со потењето кај малите сега на лето. Едната од близначките има подолго и виткано косиче, и еве еден месец наназад нон стоп и мириса на пот. Навечер ја капам, сабајлето пак истиот мирис. А и кога спие многу и се поти. Иначе сеуште користиме шампонче на Weleda.
     
    На Филотеа, koritsaki и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.063
    Допаѓања:
    108.829
    Пол:
    Женски

    Јас го имам проблемов со ќерка ми, 21 месец е со било кој шампон да ја бањам ако се поти нормално дека ќе мириса на пот. Кај нас проблемот е што не сака да види шноли, ластичиња, што и да и ставам се вади. А косата и е густа, долга |( само шишање му е мајката изгледа :(
     
    На Софијана, MilaSs12 и NewMama им се допаѓа ова.
  14. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Секогаш сите деца се помирни од сопственото, а деца се сите се исти.
    Да има мирни не викам не ама јас и пет да родам ке бидат вакви :D
    Излеваме од дома со трчање и активно оди и трча додека не се вратиме дома колкичка не користиме.
    Дома е иста се шо можиш и не можиш да замислиш прави и спие многу малце :sweat:Значи мир немам никаков ама како шо кажав се навикнав такво ми е детето пргаво, љубопитно, бесно, храбро и баш ми и мило шо е така.
    На моменти криво ми паѓа ко ке видам детенце мирно во количка ама оваа енергија нејзина не би ја менувала за ништо.
    Тоа шо некогаш ми иде да се фрлам од тераса е друго :sweat::D:D
     
    На KuklickaSk, zemzela91, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  15. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Да не ве цитирам секоја посебно ама што мислите со замислата пиење кафе или правење ручек со будно дете НАУЧНА ФАНТАСТИКА станува во 6 и 30 јадеме игра на секаде фаќа се илегуваме шетаме 1 саат максимум повеке не идржува во количка и тоа или со краставица јаболче или интегрални крекери се лажеме ако не дадам нешто да грицка скока по количка/трицикл. Си доагаме дома и уште 1 саат до кај 11 и 30 игра пак на секаде со се што треба и не треба па ја легнувам во 12 и до 2 спие... За тие 2 саати си правам кафе додека да ми остине за пиење сецкам а ручек и си правам за себе нешто за второ јадење (среќа свеки готви ручек за нас) и ако имам време со кафето читам книга во 2 е будна и пак јово на ново до 8 и 30.... Едноставно нема седнување на кафе кафе се зема за носење...
    .
     
    На 0ли, Fifi84, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Мене како мала цело време ме пазеа од вода во уши за да не ми се воспалеле :D но не знам дали е тоа така... јас внимавам кога го бањам, а кога ќе се случи да му влезе вода во уши убаво ги бришам со памукче...
     
    На 0ли, MilaSs12 и Fifi84 им се допаѓа ова.
  17. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Преспива само пола саат преку ден :!: правам кафе и си ќутам во тишината
     
    На mal.ecka, *malenavolena*87, 0ли и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    26.244
    Пол:
    Женски
    Мајки каде има во Скопје на отворено игротека освен Киндер Парк? Или парк со убави нишалки и за малечки дечиња? Поточно за 17-18 месечни дева кој што не можат скроз сами да се стават, а ме бери и мене да се пентерам по тие лулашки хахах кај Авиончето пример не е за неа.
     
    На MilaSs12 и NewMama им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Па добро луѓе сме, ми се пие кафе во кафич, ми се оди во кафана од салата, узо, до пиво се по ред да испијам, сакам убав ручек :D Е сеа тоа што не можам е едно, а што се пожалив е друго.
     
    На mal.ecka, *malenavolena*87, 0ли и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    26.244
    Пол:
    Женски
    Јас имам скроз исто дете и тоа женско. Многу е бесна, полна со енергија, нема застој, нема страв, нема мир ни 1 минута да седне и да одмори. Кафиња со неа не се возможни, нормално шетање никако, само се слуша Нина не, Нина немој, Нина пази, Нина гледај кај ојш. Е сега, тоа е, ја сум до неа цело време, ручек немам направемо непамтам од кога, кафе на мира само Мм кога ќе ја изнесе. Дома нема маса мала, нема мали столчиња или табуретки како ги викаат, играчките шо беа како до постоље или масичките пластични отидоа во канта, освен количката за кукли ни остана оти неа сака да ја вози илиии она да се вози. Така да тргај сеее од дневна шо имаш опасно за пентерење.
     
    На dunika, mal.ecka, 0ли и 2 други им се допаѓа ова.