Има мирни деца, како не. Сме се собрале овде со багабонти. Ги гледам си одат за раче, си јадат нешто грицки. Моево трчи, брза, раце на грб како стар става да не можам да го фатам. Два дена е само на макарони и кикирики. Ни јаболко ни домат сака. И мастика џвака. Цела зима сака да соблече патики, сега еве тие за надвор не ги соблекува. Не би го менувала ама душа немаме.
Дефинитивно генерација багабонти се само еден да пише готово не можам веке и одма сите по ред се подаваме само си ги фалиме @Jana10 ма се шо наброја сакам и повеќе 
Уште немам мириснато алкохол. Имаме баби и дедовци кои го чуваат, ама тоа еднаш месечно, јас не можам да го следам, не па они.
Ние кога сме на кафе прво го оставам во количката колку што се може. Потоа за раче се шетаме, не каде што сакам јас туку ТОЈ каде што ме трга)) Ко ќе се уморам смена со тате До крајот не се изморува....Пишти штом го седниме во количка за дома.
Во Порта Влае има на самата автобуска лулашки што се одлични о за нашите беби скоро секоја вечер кога сме тука ја носам
Само што вратена од пица и кафе со све дете што седеше во количка со балон и вртелешка и тетка и тетин за да седи 1 ипол саат..... Не се жалам
Јас не дојам ама па не гледам задоволство да пијам и дете да виси обесено на мене сакам ко човек да седнам. Или да ми преспива ноќ радо би Е сега се имам напиено не дека сум без ич ама ме разбирате шо сакам да кажам
Јасно. Јас кога ке престанам имам кој да го чува за да седнам ко човек. Еднаш месечно флаша вино и среќна ке сум.
Ох ох вечерна искачанка... Колку ми се сака да си се дотерам цакум пакум со штиклиња со сѐ. Мене ми се оди на свирка, на џез свирка душава да си ја нахранам. Малиов почна да спие по цела ноќ. Мислам дека сега во овој период, бидејќи сме надвор од било каков скок , да излеземе со дечко ми на журка. Малиов ќе го заспијам околу 9 и 15, ќе бидам нашминкана само да се облечам и да нѐ нема. Мајка ми ќе го чува, би ја викнала на спиење и се надевам првите два часа мирно ќе е. И онака не цица сред ноќ, па ако се подразбуди, таа ќе го нишне, ќе се справи учна е. Изводливо е нели? Готово, со мисливе на шанк се преселив.
Како ме болат нозете, кривам на крајот од денот, па штикли нема шанси да облечам. Ама затоа би идела Хавана во летно фустанче и старки Ти мислам од Струга беше, сега се потсетив колку најјако си поминав на рок свирка во еден кафич во Струга само името не ми текнува. Во тој период пиев вотка џин и можеш да замислиш, крајот од вечерта не го памтам Мојов уште не ја преспива цела ноќ ама брзо презаспива без цице и полесно е, поодморена се будам. Цицето го остава за сабајле за прв доручек. Омилен дел од денот ми е, најубав на свет со потечени очиња, цица слатко и со рачињата ми ја масира градата како мачињата што прават Завршува и почнува да скока, да не малтретира и ме враќа во реалноста што ме чека цел ден Страв ме фаќа сега од деветиот скок.
Јас веќе се сомневам дека не е скок туку карактер. Поминаа скоковите, сега тантруми. Како и да вртам немирен е. Ке видам како ке е по 3 години. Сакам излегување ама без штикли. Преморена сум за истите.
Од Охрид сум. И старки се во игра, ама а бе мерак ми е на помладите години да се присетам ко се дотерував. Атер штиклињата - ќе ги облечам. Струга знаев еден кафиќ, и мене не ми текнува името, не сум излегувана таму. Ама и Битола има еден џез кафич, Порта, е таму ми се оди. Кај нас е ЏезИн, ако сте за џез свирка, појлите. То е то за ноќен живот... ...сега одиме на мајчински муабет За 9ти скок супер поминавме. Очекував лудила, но ок беше. Имаше некои вечери ноќни кошмари или од денот му се враќаа случки, вриштеше неколкупати ниту цицање не го смируваше. И само тоа беше вака позабележително, друго не се сеќавам. Па последните дена од скокот почна да спие од вечер до утро, му благодарам што ми ја реши дилемата како да му кратам подои, сам си ги прекина. И кај вас ќе се среди спиењето, штом успева без цицање, ќе си спојува по цела ноќ.
Јас не знам што да правам со ова неговото: заспива и се буди по 15 30 минути ресетиран. Заспа во 9, уште е буден. Причина нема. До кога ке трае ова?
Мајки, од топло малава има мали болченца, се поти и и се појавуваат ама до сега не ја чешало, а сега стана вака црвена и не поминува, а се чеша цело време дури и крв пуштила, па предпоставувам дека ја има нешто полазано. До сега не сме имале проблем ни со пролазано, ни па комарци ама таков е периодов, па сакав да прашам дали ги мачкате со нешто против чешање?