Јас би пробала со веледа цинк, се покажа како супер за секакви црвенила, ако е за пеленска регија. Зара пушта попуст вечер!
Честитки за бебињата @NewMama @Larahappy . Да ви се живи и здрави и да ги слушаат поголемите дада и бато. Curaprox четка. Паста не е толку битно која, важно да се четкаат убаво. Јас со лакалут бејби му мијам. Мајка, вчера син ми падна по скали со салто, во пола секунда во која свртев глава. Јас се укочив и пребледев, он стана, си ги истресе нозете и продужи да трча. Искрено се тешам дека тие со поголеми деца викаат дека децата што се багабонти волку мали се смируваат на 3/4 години, а мирните збеснуваат Александар палас има убави лулашки, тениското на Зајчев рид, тениското во Аеродром кај салата на МЗТ.
Ipanema сте нарачале ли од Спорт В.или монт страната?Вчера излегов да и купам но немаше како за нејзе
@Larahappy истото го прави и син ми , ме фаќа за рака или ме турка ,или главата ми ја врти на кај бебето. А последниве два дена дури и бега од соба. Не го сака веќе, душата ме боли незнам до кога вака. И беба во една соба синко распространет на секаде. Жалче ми е и за неа како отфрлена , а жалче ми е и за син ми што се осеќа помалце вреден иако цело време скоро него му го посветувам . Оладен е и спрема мене. @KuklickaSk фала ти , сите дечиња живи здрави да ни се @Bubish26 исти вакви и на синко му се прават. Најчесто не го чешаа. Но кога приметив и во сон дека се чеша неколку дена со ред, го однесов на педијатар ми препиша крема бела правена во аптека. Го намачкав само еднаш на вечер и сабајлето скоро ништо веќе немаше. Јас сега незнам дали да се жалам што син ми ме игнорира и не го сака бебето или да се пофалам. Незнам како ама од кога се вратив од болница, сам заспива. И преку ден и на вечер, кога ќе приметам дека веќе му се спие го легнувам на перница и заспива сам. Ова беше научна фантасика. Исто така последниве дена, јади и ориз и компир, и овошје,не е само на леб. За излегување гледам сте се заправиле муабет, и колку и да не ми се слекуваат патиките ,би облекла и штикли и би се дотерала и така би излегла на некој коктел. И би останала и до сабајле. Ама ќе си почекам за ова. Ги терам другарките свадби да прават летово барем за таму нема изговор ќе мора да одам @elenaklasik и јас сум од Охрид, и најдоброто од џезин ми се бокалчиња со сите можни коктели и мавање на шатови од истите. Пола шанк наместен до крај времиња хаха
јас слушам дека децата кои како мали биле мирни големи се немирни и обратно. А дека на 3-4 години се смируваат не се надевај. Големиот има 8 години па уште е хиперактивен. Не како кога имаше 2-3 години ама не е смирен. Генерацио @Мариаа. @Yowannty @Presrekna @ocicka2014 @Mia Fuentes @Septemvri .... Не сум многу во тек,да ве прашам дали веќе почнавте да се одвикнувате од пелени? Ќе се префрлам и во таа тема да ја читам ама дојдов да си кажам дека почнуваме и е неуспешно. ќе видиме како ќе биде понатаму
@NewMama полека полека ќе се привикне на новата ситуација, и ќе менува често. Мојава голема беше што не верував дека ќе е љубоморна (8,5 години имаше тогаш) па плачеше и збореше на мајка ми како неа веќе не ја сакам , како бебето се ми е во раце. Многу ми беше тешко на почеток , не верував дека ќе биде љубоморна со тек на време почна и малово да ја вика дада , да ја бакнува и омекна сега нема испади на љубомора. Кај нас траеше ова 2 месеца. @Larahappy честитки , нека е живо и здраво бебенцето , не бев во тек и мислам дека не сум ти пишала честито
Јас од спорт висион му порачав за 760 ден со попуст плус достава 916 ме фатија, не ги соблекува и си оди супер со нив
Не сме се ни обиделе, мислам дека догодина ке го тераме тој спорт. Некако сеуште безнадежно ми е одвикнување од пелени.
Да ти дадам совет најискрен Не купувај садопер, наполни му вангличе со вода или канта некоја. Мојава веќе не го сака садоперот. Се шлапа у базен или вангла со вода. Битно е да се во вода друго не ги интересира На оваа страна има добри second hand обувки. Имаше некни ipanema нови за 600 денари. https://www.facebook.com/katcezamajkite1/
Јас купив од бубамара за синко, моментално му е хит. Било каква вода е супер ама со садоперот е занимава доста време. Сега за другарче барам.
Мојата го одигра. Ни пет минути не држи внимание Сега базенот е атракција Еве ти https://igrackizadeca.mk/product/садопер/