Сакам да ве прашам, после 1година што давате од суплементи? По препорака од матичен давам омега сируп и д витамин. Во аптека ми дадоа Бекутан омега, синко ич не го сака. Го плука. Дали може да му го мешам во нешто? Има некој подобар сируп?
Омега јас би ти препорачала на Молерс тути фрути вкус, 1000ка е ама трае околу 3 месеци, како што го гледам шишето и повеќе. Норвешки е и стварно е вкусен. Инаку, давав Д витамин и омега, сега давам повеќе работи дека тргна во градинка пробиотик, ц витамин, Дефендил. Да поминат овие вируси и да го испие антибиотикот ќе се вратам пак на Д и омега, можеби и Дефендил ќе видам.
Мајки од кога ви проодија децата, т.с првите чекори.. Нели одат како шатки така раширени малку.. После колку време почнаа да си одат право
Полека полека им се исправаат нозете. Јас би рекла уште 3-4 месеци сигурно. Нашиоив прооде на 11ипол ли годинката да речеме, сега е 15 и мислам дека веќе се убаво исправени или малку уште отворени во колената
Има ли некое дете што тргнало во градинка без многу плачки? Може ли некогаш да се надеваме на таква опција? Ние малку неславно, се откажавме после еден ден. Некако ни немаше смисла сега да плаче да се привикне, па после одам јас со него во мкд месец, и после пак да плаче и да се привикнува. А и жал ни падна, скроз нова средина, нови луѓе, плус и јазик не разбира - сигурно му е мн тешко Па ај ќе видиме од октомври, сакаме на мирен начин да тргне. Тешко или?
Значи требало повеќе време... И ние проодивме 11 и пол сега сме 12+... Сеуште сме во фаза на проодување ама при крај сме д се опушти така повеќе па д можам и надвор да го пуштам да оди послободно...
Моето, првиот пат. Уште трети ден преспа таму, па паузиравме, а сега третиот обид е најтежок. Почнува уште на улица да плаче ама таму брзо се смирува. Го мислам тој саат, после ми пишуваат дека се е ок.
Имам три прашања. Прво, навечер како се снаоѓате со жештинава? Син ми спие само по боди на прерамки и толку. Се буди сред ноќ од жешково, го земам сред спална и продолжува, ама што ќе се прави понатака... Второ, дали и кај вашите дечиња во каките има парченца несварена храна? Дали ако е несварена, ги примаат хранливите состојки? Вчера видов цело парченце од маслинката, сигурно ги голта така без да ја растопи малце, ама ептен беше цела, така језиво ми дојде. Трето, им купивте очила за сонце за да се фраерки и фраери? Во Чико видов, имаше околу 800 денари, нели е скапо? Не знам дали да му купам или непотребно ќе давам пари. Да се бар до кај 400, се прифаќа. Во која аптека или продавница гледав многу слатки, наредени на рафтот по години беа, леле не ми текнува ама никако
големиот на 2 години одвикна од мочкање во памперс дури и навечер не носевме ама затоа па какањето.... него на 3 год го усовршивме. Сега не знам како да почнам со тој процес. не знам и јас околу тоа прашање. По боди горе долу пижамки долни и утоп е. Јас обавезно го пресоблакам навечер еднаш. Никому не му е пријатно да спие со водено на себе. Второто прашање исто и јас имам забележано ама дали ако е несварена прима од хранливите материи не знам
Во Рамстор на каса има очила, исто и Еурофарм. Е сега, незнам колку се безбедни за детски неразвиени очи. Квалитетните се скапи да. Јас подобро не би носела никакви него да му направам беља. Сепак прашај некој офталмолог.
Ние еден месец го немавме вадено надвор со патики. Дома си одеше босо. Си правеше падни стани. Нормално без наша помош, не сме го воделе за рака. После 12++ купивме први патики, и тоа му беше и првиот збор И на тревките надвор исто очекувај да се потсопнува, не го брзај, нека падне нека стане сам. Ќе му биде потешко со патките, ама ќе научи.
И само отидовте и го предадовте таму? Вие седевте во ходник? Не знаеш колку плачел? Ова За најпрвиот пат прашувам
Нема влез во градинката. Порано не знам како било ама сега со короната го предаваш на врата. Првиот ден ни рекоа еден саат да остане, ако не се смири ќе ни се јават да го земеме. Помина еден саат, се јавив и ми рекоа супер е, си игра, нека остане. И остана мислам околу 2 саати, си изеде ужинка и го земавме. Вториот ден 3 саати и третиот остана да спие. Воопшто не плачеше ни еден ден. Плачките се сега ама му расне запче, плус во девети скок е, може затоа.
Во Ваикики се поевтини. Малиот има два пара на поклон ама не му ги ставам, му ги ставив еднаш да го сликам и одма ги фрла. Не трпи ништо на глава. Како што рече и Срекиче и јас не би ставила наочари на толку мало дете, не дај боже видот може да го оштети. За храната, исто и мојот има некогаш цело парче во каката, најчесто вишни ама мислам дека ги примаат хранливите состојки.
Спие во боди и тенка вреќа ама спиеме со клима. Мали се собите и брзо се загреваат. Има остатоци од кикиритки. Имам забележано и моркови. Очила чико има ама за мода, капа носи за на сонце.
Zdravo! 18 mesecno dete, kako vi odi redot za jadenje posle spienje? Nie pieme mleko koga staneme nekogas 210 nekogas pomalku, i posle toa ne saka da jade za 2h? Dali ne treba mleko veke? Dali pomalku? Soveti please Edit: saka da spie za 2, 2 i pol casa od kako e stanata pa zatoa.
Ние отидовме во градинка, и се влегува во ходник, и тука произлегоа воспитувачките и го зедоа, само што се затвори врата тој почна да плаче. Викаше мама мама, не се смируваше. И ние тропнавме и замоливме да не пуштат внатре во канцеларијата на директорот. И таму седевме и детето доаѓаше на секои 2 мин да провери дали сме таму и сиодеше и си играше. Мош не го трефнавме моментот
Зошто пие млеко преку ден? Нормално дека нема да јаде кога е заситено. Малата не пие млеко преку ден од кога има три оброци. @elenaklasik многу често наоѓам остатоци од храна а во врска со очилата не би ставила на бебе а и да сакам не трпи ке ги извади секундарно.