Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Кај нас помогна Бетаметазон маст.Ама исчезнуваат и на наредното излевање пак излеват ,а не ми се мачка цело време со неа.
     
    На srekice и Septemvri им се допаѓа ова.
  2. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Па ти почекај до понаредно лето !
    Ајт ...понормална да си !
     
  3. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Секоја мајка најдобро си мисли за детето. И безвезе е коментари од типот "ми се лоши да гледам". Секое дете си напреднува во свое темпо, некое на година и пол, некое на 2 некое на 3 ќе сфати и ќе прифати да користи нокшир. Убаво е да се проба но ако детето не е спремно и општо не сака џабе е малтретирањето за обојцата.
     
    На dunika, Lady Leona, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  4. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Заборавив да ве прашам. На син ми подолго време големата нужда му е кашеста. Значи не водлеста туку како каша. Дали е тоа нормално со оглед на тоа што сме 21+
     
  5. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Пред да осудувате прочитајте нешто за natural hygiene of newborns.

    Има различни мислења на секоја тема и секој што размислува пошироко е свесен дека трендовите и анализите се менуваат. Човечкиот живот се менува.

    Мене лично од мало, од 4-5 месеци ме издржување за мочање. Не на нокшир туку онака издржување над легенче.
    Сум давала знаци и ми тргнале пелена и сум мочкала.
     
    На WonderGuurl, Lady Leona, NewMama и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    3.997
    Не заборавај дека секое дете е различно, ниту едно дете на светот не е исто и не може да се споредува со друго, 5 деца твои да имаш и да ги родиш ќе бидат различни, а камоли туѓи, затоа не е убаво да се коментира за други деца, сигурно е со некоја причина што и како со тоа дете, секое зошто си има свое затоа ;)
     
    На dunika, ocicka2014, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.914
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    Пред година и пол детето не е ни свесно за мочкање и какање, докажале научниците. Која е поента да го форсираш за нешто за кое мозокот и телото не се спремнои? и
    Има ли логика на 7 м да го паткаш за да научи да оди на 12+?
     
    На Bella*, Kallias2, dunika и 14 други им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.415
    Допаѓања:
    37.609
    Пол:
    Женски
    Колку лошо се изразуваш, срамота. До 3 години не се препорачува да се контролираат физиолошките потреби за да нема несакани проблеми понатака во животот.
    Ме потсеќаш на мајките што на годинка ја фрлаат количката затоа што веќе не било бебе па ако треба маста ќе им излезе ама нема да седнат дете во количка после годинка.
     
    На BY<3, Kallias2, dunika и 13 други им се допаѓа ова.
  9. mother_nature

    mother_nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Мајки совети за тт?
    Се консултирав со доктор секако, и давам сируп на 4ч од овој со кг што е, облоги на врат и чорапчиња со оцет. Од лепенкиве антипиреа ставив на бодито, дали треба на голо да и ставам или на бодио?
    Во 18:30 имаше 39 тт, сега се намали на 37,2.. Прв пат сме со тт и паничам. Ноќва како да реагирам, секако ќе и давам сируп на 4ч, ќе мерам тт на 1ч.. Дали чорапчиња да и ставам со оцет цело време и лепенки нови?
    Во збрка суммм ;( (12м е бебе)
     
    На MilaSs12 и Bubish26 им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Лепенки и чорапи не помагаат воопшто, од пракса и од педијатар потврдено, е сега ако цица почесто ставај го на града, нека биде тенко облечено и со лес, ќе мине за два дена
     
    На MilaSs12, srekice и mother_nature им се допаѓа ова.
  11. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.221
    Допаѓања:
    26.235
    Пол:
    Женски
    Мајки, од супер ден Нина крена 38,3 температура моментално т.е пред спиење беше 37,4 и и дадов блокмакс за да не се качи повеќе ама сега мерам 38,5, а е даен пред саат и пол. Прв пат толку ми крева температура. На колку саати најмалу смеам да и давам доколку не се спушта? Чепче е над 38,5 ама никогаш не сум савала и ептен ми е страв.

    И сега ми текна, дека 3-4 дена,спомнав предходно дека се нафрла и мислев дека е од пот ама ми пројде низ глава дека еднаш читав тука за некој вирус кој прво им се појавува осип, па температура, можно ли е такво нешто да закачила? Она има ситни точкички на грб и напред кај градите, не е претерано многу ама има.
     
    Последна измена: 26 јуни 2021
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Лепенките се ставаат на тело
     
    На MilaSs12 и mother_nature им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.415
    Допаѓања:
    37.609
    Пол:
    Женски
    На спиење и измери 38.5?
    Сируп се дава ако има над 38.5 и прво чекаш да крене тт колку што ќе крене па тогаш и даваш.
    Точките би требало од жешково да се.
    Ако и даваш ибупрофен треба на 8 саати ама ако и дадеш ибупрофен и качи за брзо пак тт тогаш после 4 саати од ибупрофен можеш да и дадеш парацетамол. Значи еден сируп на 8 саати, два сирупа наизменично на по 4 саати. Блокмакс не знам што е поточно.
    Кога крева тт и студи и чекаш да крене до крај, ќе приметиш мислам, кога ќе крене максимум 38,9 на пример тогаш и даваш сируп. Немој да и даваш само што ќе почне да крева тт.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mother_nature

    mother_nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Каде поточно да и ја ставам? Кога ставаме вакцина на боцнатото и ја ставам, а во овој случај немам појма..
    Со сирупот и облогите намаливме на 37 :sweat:
     
    На MilaSs12 и *malenavolena*87 им се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    18.695
    Најрано на 4 часа, вообичаено на 6часа се дава сируп.
    Расоблечи дете,покриј со тетра, ако се разбуди истуширај. Можеш да масираш со алкохол 70% разреден со вода.
    Под 38.5 не се дава сируп,освен ако гледаш дека детето е омалаксано и не ја поднесува температурата.


    Моево пак има враснато нокте веројатно на палчето, дали да ставам хидроген или хидроциклин? Прв пат се соочувам со вакво нешто,ова што ми останало во сеќавање од што сум читала по групите.
    Ќе прикачам и слика.
    А најпрво дојдов да прашам како се справувате со тодлериве кога прават бељи?
    Луѓе нерви немам веќе,упорно ми се смее во фаца и истото го повторува.
    Вчера кај баба му ја скрши рачката од апаратот за вода, си доби плескање по пелена и плескање по рака (ова по рака малку посилно) ми се смее во фаца и пак ја пушта раката натака. Плеснав неколку пати,се развикав и дуро по некоја минута почна да плаче. Глумев лутина некое време, па дојде се смиривме,објаснив за што служи апаратот,дека не е играчка...вети нема да пипка повторно. Денес иста игра,право кај апаратот..мајка ми вика не го карај. Не е дека не треба да се кара. Да,функционира апаратот но не е во ред и да дозволам да уништива предмети, да си мисли дека тоа е нормално.
    Колку повеќе викам не,толку подлабоко навлегува во бељата,а јас чурам:devil:
    Денес малку со комшичоњата во двор си поигра. Зема чашка играчка во која имало земја, си играа со вода,ќе пиел од таа вода. Му ја грабнав,донесоа чиста,де напи вода, па откорна соларна светилка од земја,ја брцна во чашата па пак ќе пие вода од таа. Му ја истурив, се наведнува да ја наполни од шипките каде што некогаш имало тенда,имаа вода. Зема полжав го лижнува:bandit: влегуваме дома,ја начекува шољата кафе со една голтка на татко му,пивнува во секунда. Беља прави во секунда. Пеглам алишта пола саат,доаѓа ми ги бута доле....
    Немам срце да го мавнам, душата ме боли и за тоа плескање по раче. Како се справувате вие со немирковци?
     

    Прикачени фајлови:

    На *malenavolena*87 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.415
    Допаѓања:
    37.609
    Пол:
    Женски
    Детето е ок. Апаратот го криете, на маса не се остава филџан од кафе, детето истражува експериментира што е ок и затоа постои родител да го набљудува цело време кога детето не е во безбедна зона. Децата се смеат кога мајката се нервира со што се докажува дека не сфаќа дека и зошто не се пие вода со земја.
    Вие сте виновни што сте го оставиле апаратот на мегдан или на достапно место, а сте го удриле детето.
    Потребно е само да се зборува, детето нема години колку вас за да знае што и како со тој апарат. Зборуваш, зборуваш, зборуваш и на 3-4-5 се повеќе знае и разбира.
    Сега за сега сето тоа што го прави е само знак дека е нормално дете кое расте и се развива.
    Ако скрши стаклена вазна не е виновно детето туку родителот што ја поставил стаклената вазна на дофат.
    Така растеле децата така старееле родителите.
     
    На bela.m, MinnieM, *malenavolena*87 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Со страшна самоконтрола
    Вака нешто изгледам E2CAF857-E992-44C6-9098-8659D2488EAF.jpeg
     
    На elenaklasik, bela.m, Mia Fuentes и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    18.695
    Педагог сум по професија (за школски деца) и ударот секогаш ми е на последно место (во однос на моето дете ,не помислувам за туѓи). Се случува дури и мм да ме прекрати кога зборуваме дека не зборувам со децата во школо да скратам.
    Во ред е се тоа што прави,нормално дека ќе прави некои недозволени работи,ќе истражува ама ваков инат до сега не сум сретнала. Уште од 9м кога почна да чепка во штекер,па се до скоро кога со страв почнав да го игнорирам кога ќе пипне (иако има заштита штекерот) а ќе види јас не реагирам и ќе се откаже.
    Го граба даљинското од климата и скокам за да го земам,он сфаќа што направил и трча-бега и се смее најгласно што може. Не секогаш поминува со игнорирање,а освен не, навистина не знам што друго да кажам или изреагирам.
    Крива сум што ги здиплив алиштата после пеглање?
    Ми вика дај едно само мамо. Му давам едни тренерки од неговите,бара друго,не добива,си ги џапна неговите два три пара. Ај викам ќе се откаже . Во следнот момент како лисица од заседа ги бутка моите.
    Устава пена ми фаќа,ама од едно влегло од друго излегло...


    Пред некој ден шетавме низ населба со две пријателки. Нивните скоро година постари од моево(значи 2.5год).
    Од трицикл не се помрднаа. Јас бев без количка и додека седевме во место беше се ок,како тргнавме да се движиме,јас трчав по моето. Стигаме на лулашки едното дете и моево се растрчаа по лизгалките,другото на клупа си седна.
    И до толку па мирно, чудно ми е.
    Да не знае човек што да посака и кој правец да го фати.
    Овие од мали се 'истренирани' да си седат во место во колички/трицикли...
    Мм ме теши дека е мала копија на него...
     
    На dunika, rainbowmama, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Скроз иста мака имавме со палчето од хидроген не помина а приметив дека го боли, кога ќе му облечев патики одеше по полека што не е вообичаено за него . По препорака на педијатар ставив гарамицин 2 -3 вечери по ред и му помина.

    А за инаетот што го тераат мислам дека нема чаре,не додека се тодлери. Јас не го мавам по раче бидеќи прочитав неодамна дека не е пожелно по лице (никако) а исто и по раче. По лице поради тоа што мозокот се развива до 17 -18 годишна возраст па секој тресок на истиот влиае негативно. Исто и со рачето бидеќи има мн нервни завршетоци. Кога би удрила би било по газе. Еднаш само сум го направила тоа кога и покрај 10 пати кажано да не ме каса, дојде и ме касна па си се изнасмеа.

    Кога прави бељи синко од типот да биде за инает, кршење или нешто опасно, прво му викам со посериозен тон. - Шо ти имам речено ? и ќе застане. Пак ке проба, и повторно ке викнам ,и стои и ме гледа па кога ќе видам дека по полека тргнува да прави пакост одам и го тргам и му викам ке те карам ,немој така, ќе се удриш, ќе скршиш ,мама ќе е тажна ... и му го насочувам вниманието кон нешто друго. Ова секако ми успева кога го гледам дека посегнува према нешто.
     
    Последна измена: 27 јуни 2021
    На rainbowmama, Sofi.ja и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.052
    Допаѓања:
    108.790
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Добро утро, ние ве поздравуваме од Тасос вчера цеел ден бевме на плажа, ваму таму да успеам сега сите да ве прочитам :) а тек вечерва што патешествија ни се случија со немирново мое детенце. Раката( сега другата), повторно и се извади. Се тркалаше во кревет и осетив дека нешто не е во ред почна оддеднаш да плаче. Не можеше да спие до 1:30 плачеше и со свекор ми фативме колата и пола остров го поминавме барајќи доктор да и ја намести раката. Среќа човекот ја отвори ординацијата и и ја намсти па чекавмеда види е да фати нешто да видиме дали ја наместил.... оф мори мајко што ќе правиме ао овие раце ја не знам, до 4 год возраст сите ортопеди ќе ги "запознаеме" :(
     
    На bela.m, Bella*, Miss.Sweet и 17 други им се допаѓа ова.