Среќа брзо што сте средиле за рачето И колку само ви љубоморам, како ми треба море, лaни короната не спречи оваа година ептен малава беба. Уживајте со бомбоната
@Sofi.ja мене докторка ми кажа маст фуцидин да мачкам. Помал беше кога му се направи вака, со неколку мачкања помина.
Тоа тврдење е актуелно сега, но не значи за 5 години дека нема да дојдат до нови откритија и да биде"најдобро е пред година да се одвикне од памперс" Една моја пријателка, млада, има 4 годишно дете, беше во шок кога кажав дека педијатар ми кажа да даваме жолчка од јајце, а потоа и белка на 7,5 месечно бебе. Значи буквално беше во шок. Пред 4 години алергени после година воведувале. Затоа, ви велам се менуваат некои правила. И секако, треба да се размислува критички. Многу од статиите се преведувани, недопреведени соодветно, од сомнителни извори или без цитирана литература.
@Enci201 Многу е различно ова од алергии. И јас од страна мислев дека може и порано додека не родив свое дете и видов како се развиваат. Еве конкретно кај нас бидејќи ми е жал на овие температури да биде во памперс, неколку пати на ден му го вадам да се луфтира. И за да не моча по дома, му викам 'Ајде да мочкаш', тргнува накај вц зашто знае веќе и го држам над шоља, се напнува и мочка. Ама ако му дојде за некое време нагон на мочање, не тргнува сам накај вц туку моча кај ќе стигне. Не се свесни сеуште, едноставно не дошле до таа фаза зашто се мали. Да можеше порано сигурно дека сите мајки ќе ги одвикнуваа од порано. Ако почнеш порано може само подолго да трае процесот, пред 2 години не ми се верува да успее. Нема начин да одиш против развојот и да докажеш дека може пред година да контролира нагон. Исто како да докажеш дека може да прооди на 6 месеци. Како и да е, пиши што ќе направиш со одвикнувањето, и јас сакам што порано.
А мајка ми кога ќе ја слушнам дека мене и на брат ми ни тргнала пелени на година и 1 месец ? И само ми го тупа тоа на глава. Не сфаќам . Наводно поради пелените тетра. Кога ќе сме ги наполнеле ни пречеле дека ладно и мн мокро и така ни ги тргнала. Ама уште не сфаќам како е можно да дете на година е свесно за процесот. Или свекрва ми од 5 месеци дека ги учела синовите
Ете не знам стварно, можеби е возможно. Ама дека скроз ќе се тргнат пелените на година никако не ми е логично. Ајде преку ден ок ама ноќе на син ми полна му е пелената. Значи треба да стане минимум 3 пати да ме разбуди за да го однесам да моча? Нели треба прво и ноќе да прекинат со мочање?
И моето беше такво, дури на 4 години се смири. Не дека и сега не го скрие далинското на пример кога ќе начека прилика ама деца се интересно им е. Пред некој ден го прашува маж ми со кои патики ќе одел на работа и тој и одговара црните и пред да отиде на работа ги облака и му ставила коцка во патиките и се згази од смеење. На 4 и неколку месеци имаше период кога се криеше ама памтеше, знаеше да ни каже каде е. Барам далинско ми покажува во која фиока, барам железни пари ги имав оставено в ходник за кога ќе излеземе ми покажува во саксијата, бараме влечките од мм ги ставила во мојата фиока со гаќи и прслуци, и и помина. Така и твоето, ќе прави се додека му е интересно и еден ден веќе нема да му е интересно. За педагог претпоставувам знаете дека не се сите деца исти, тие на другарките твои не се така тренирани туку едноставно такви се, има помирни и понемирни дечиња, твоето и да го врзеш на трицкл ќе се одврзе, и јас во близина имам некои кои не мрдаат, а моево еве на 4 додека го пишувам ова сто пати се удри бидејќи е буквално како црви в гз да има, порано си помислував разгалено, невоспитано едно друго ама еве од бебе не се смени цело време мрда не може во место ни минута да седи да не мрдне, и кога спие се врти, клоца, па вика грбчето ја болело од спиење да свртиме еден круг дома па пак да легне и така… Не го споредувај со други деца за да не ти е потешко. Сите се различни.
Не, јас уште не го одвикнувам. Мислам, купивме писоарче, и му кажувам тука да мочка, ама уште нема трефнато. Онака споделив мислење, дека сепак има и различни приоди,и треба ништо да се зема здраво за готово. Јас мислам дека може да сфати и порано,пред две години. Многу брзо учат. Само треба да се погоди моментот, да му стане интересно да мочка во нокшир/ писоар и така. На крај краеви, луѓето некако се снаоѓале и порано пред да измислат тетри и памперси.
Децата на свекрвите не ги закачај. Тие биле првенци во се, затоа сега во нос незнаат да си брцнат И мојата ги одвикнала на 6 месеци нејзините. Абе остај веќе. Ние се глупи и прости сега. Мојава еве цел ден по гаќички, вчера ми седна во скут и се измочка. Утоп ме направи. Ама нокшир несака. Барем со гаќички да погодиме момент, мислам ке разбере. Иако е веќе 2 години. Не терам на сила. Скраја да е дека не чекам со душа да ја одвикнам. @Sofi.ja И мојата е пре немирна. Кога ја гледам на девер ми малата, жими се несакам такво мирно дете. Ова нерви ми корне, ама па тоа па.
Hey people, is there ventilation mats in mkd. It is certainly not called that, : whew:but how is it It looks like a sack that encloses with a drawstring. It has a honeycomb-like structure inside, and air circulates. If anyone has, let them share their opinion Aircudle cool seat
@gjoker4e за тоа мрдањето сакав на педијатар да одам да прашам. Па добро дали е нормално нон стоп да е во движење. Син ми и кога јади,прета со нозете, мава по масата, се пентари на столот ... јас стварно значи не знам еве. .
Исто и мојата кога јадеме и дома и во градинка, а 4ипол има скоро ама џабе не се смирува. На јадење обавезно и паѓа лажица вилушка, и се превртува тањир, и се истура вода, паѓа од стол, се удира во масата…нас цело време не удира несакајќи… Сега скоро на тераса седиме тројцата и се испотепа и и викаме сега пробај седни една минута барем и не мрдај и седна не мрдаше десетина секунди и толку беше. Мојава па и збори без престан како навиена и едвај ја следам што кажала. Ептен ме изморува.
Од двете страни е отечено малце и вчера вечерта му беше црвено(а цел ден бос во сандали), за болка не се жали. Ми пиша педијатарот во купка со морска сол да седи и гентамицин да го мачкам. Уште од бебе чудно му растат ноктите на палчињата,а особено кога подпорасна криво лево ги сечев едвај од што мрдаше. И се плашев цело време да не дојде до ова. Среќа што не го боли.
Мислам @MilaSs12 рече во Okaidi. Јас имам од Австралија, и стварно се супер. Јас во таа маица ја шетам денски.
Јас за синко од окаиди зедов. Горен дел долги доле шорцеви од ист материјал. Имаше и едноделни со кратки горе доле. Гледав и во tuc tuc и она бранз за наоари што има, го погодив изгледа.