Сум слушнала дека можат рацете да се исчашат, ама не знаев конкретно како изгледа. Добро е шо има решение. А ја боли при откачување? Душе мало
Јас од ваикики и купив 3 пара чорапчиња за чевлиња од мерцизиран конец, ко свиленки се. Баш се најдоа за на фустани.
Мајки, дали треба и дали вредат да се купат овие целосниве купаќи за деца со УВ заштита? Гледав вчера во Окаиди дека има.
Мајки со вруќициве која има мака weleda од камилица линијата кремот за пеленски осип со цинк не спаси Секако и без него ке поминеше ама почна да се чеша да има проблем да спие и за 1 ден мачкање е веке скоро средено
Подобро земи одделно гаќи и маица со долги, овие не се најрактични и не штитат цели раце. Тие се, 50+ ги гледав ама земав маица и гаќи одделно. Веледата со цинк злато вреди. За секакво црвенило на кожа е топ.
Тт помина, сега со друга мака. Сабајлево два пати се покака течно од тогаш не е покакана за да речам дека има дијареа. Два пати не е многу, тоа што ме загрижи е што во едниот памперс имаше бело црвче мало како во црешите/вишните што имаат. Многу се загрижив, што може да е? Само едно беше во едното какање, во другото немаше.. Некој со вакво искуство?
Јас како што сум паничарка веднаш ќе носев на педијатар или барем ќе се јавев. Слушни се со педијарарот
Чекам да видам наредново какање.. Два дена сме со ред на педијатар ради тт што имаше, крвна слика беше ок.
Нема маица и гаќи, немаат бројчиња во Окаиди. Се е купено. Мојов има годинка, а му земам за 3 год. А од каде ги зема ти?
Луѓе како се снаоѓате со готвење? Вашите мажи јадат ли тоа што правите за децата (значи со помалку сол)? Мм вели ако не било ставено внатре во готвењето не му е убаво и не јаде! На пример направив ќофтиња во доматен сос, и јас си додадов во чинија сол, а мажот не можеше ни малку да касне, му немало вкус. И други работи исто. И цело време морам да делам, во тавата дел солам дел не, па преградувај, обележувај што е солено што не ... Само за утеха ми е што не е толку пребирлив како мајка му и сестра му, тие се врв. Од се' се градат, пребираат, коментираат како било растурено, како било исечено
А од што се фаќа глисти? И ние сме со температура и потечна столица. Јас мислам да не некој вирус од базен. Го носев,и нормално малку вода голтна.
Мислам дека и би си готвел, ама нема време, милион садови за миење ќе се направат (нели ако треба 2 јадења)...и често завршуваме со тоа напрај ти за детето, ние ќе порачаме пица.