Немој да се јадеш, секој ден и од секоја храна може да појават реакција. Да не имаше нешто друго што му предизвикало таква реакција? Можеби може од млеко ако се правени со млеко и сл.
На Дивела . Имам и посни специјално купени за бебе. Ама постојано слушам како тоа сум ригорозна во исхраната . Дека треба да си отпочнам со оброци како за нас , да не готвам отделно за бебе. После ова продолжувам по истиот начин како до сега . @0ли и @Dikinzi ми требаше подршка. Ви благодарам
Ние сме во Неи пори ,јас барав во Ск и за мое дете не најдов. Тука во првата продавница најдов за 9 евра комбилизон по кратки. И супер му е на мали,си игра во песок и не го мислам,одоздола прво го мачкам со спф.
Само уште нешто да додадам, на една пријателка детето цело време и јадело вишни, кога еден ден мајка и му дала домашен сок од домашни вишни, детево немало 5 мин добило толку јака алергиска реакција што почнало да се гуши и завршиле во болница со инекција. И уште еден пример: Моја другарка има ќерка, 5 години си јаде јајца, пред брзо време месец или 2, беа на село и даде домашни јајца варени одма и се нафрла цела. Затоа ти викам, тука не се знае никогаш ништо, јадело не јадело, домашно или не домашно, секогаш реакција може да има. Не се плаши
Да точно,и ние кога ја однесовме големата за испитување алергии,ме вратија рекоа нема да ја боцкаме само трауми ќе има,бидејки може сега да е на едно нешто алергична а после два месеци да не е на тоа да е сосем на нешто трето,после 5 години било точно на што си
Мајки, ај совет ве молам. Малиов има годинка и 2 м. За цицање веќе подолго време не бара, до пред една недела само наутро му давав колку да си се галиме,ама јас убедена сум дека и немав доволно туку дека тоа беа само некои капки бидејќи тој не голташе кало да пие, само на моменти подголтнуваше кога ќе му дојде можеби малку млекце. Сега скоро една недела воопшто не цица. Градиве се меки, мали, воопшто не се затврднуваат. Кога ќе стегнам гледам има млеко. Сега се мислам, дали да почнам пак да го ставам на града (ме фаќа жал ако има малку млекце а тој да не го искористи) или сосема да го одбијам. Што мислите? Јас сметам дека во овој случај одбивање е можеби подобрп решение, ама почна да ме фаќа жал Инаку само вода пие, др течности -не. ЕДИТ- да ја означам и @Kaetana за мислење....
Ако цела недела не тргнал воопшто ,тоа млеко веќе не е за пиење. Слободно да го одбиеш. За жал мн ќе ти биде , барем мене ми беше,ама ќе ти мине.
Детето само се одбило и тоа е океј. Значи си јаде и се се завршило лесно. Синко 23+ уште цица и не знам како ке го одбијам.
Сум го слушнала ова некаде баш сабајле размислував. Моево цица еднаш на 3-4 дена обично сабајле исто како @lavinija28, а многу често и јас му нудам за да презаспие кога не можам да се освестам. Баш ме интересира дали е вистина ова барем ако не треба така скроз да го одбијам. Јас едвај чекав да ми се откачи од цицка, а сега криво ми е кога не сака. Ќе ја тагнам и јас @Kaetana зашто нема да го види претходниот таг дека едитирано е.
Дајте предлог каде има машки гаќички за капење? Ако знае некоја дали има и во Охрид, да не ги порачувам од интернет, подобро.
И јас мислам да не го враќаш пак на града кога веќе прекинал. И градите штом ти се меки, веројатно постепено ќе се донамалува млекото. Дали спие повеќе откако не цица?
За гаќички и јас барам. Провери во ситник или во waikiki. А за спиењето, син ми од кога се одвикна од цицање скроз, преспива цели ноќи и дење поубаво спие
Цела ноќ спие, не станува. Освен ако се подразбуди со кемкање му давам вода, жеден е, и одма заспива. Ама тој уште пред годинка да прави почна да спие по цела ноќ и не му давав цице ако стани, само вода си пиеше (тоа ако стани евентуално) и презаспива.
Добро бе луѓе бива ли толку да е немирна и инает? Еднаш не е плесната по раче, од кај научила да мава и да штипе на деца не знам. Одиме во игротека, она ништо не дава, вика пп децата, мава по нив, потегна едно за лице, ми дојде в земја да потонам. Се качува кај што никој не се качува, има некој идеи што само велам Господ да ја чува, ова не се допазува. Добро како да и објаснам дека греши, а да има ефект? Нема памет повеќе
Да, и мојов почна да преспива цела ноќ, самиот од пред некоја недела па така му го прекинав ноќниот подој. Сега уште еден подој има, пред спиење. Спие од 22 до 7/8 наутро. Поради жештинава заспива малку подоцна, а се буди порано. Кога ги легнувате навечер?