Да знам , гледав на страни за нарачување такви, а не сум побарала низ охрид па затоа мислам дека можеби би имало таму. Инаку во 10:30 јас го заспивам син ми и спие до 7: 30 - 8 : 00.
И ние некогаш до 21ч сме надвор. Прво мислев дека сум недоветна мајка зашто ми заспива околу 22ч и упорно сакав околу 21 и 30 да е легнат. Сфаќам дека со жешково и летно време не е можно да е така и така полека стасавме до 22 и полесно заспива тогаш. Зимно време веројатно малку ќе се вратиме на старото.
Ве читам дека жал ви е да ги одбиете од цице,па ај и јас да напишам свое искуство Колку пати кога сум читала на Интернет некои текстови за последното цицање, го сврте главчето, му рече папа на Цице сум се кинела од плачење. Многу ми било жал. Си замислував кога ќе дојде и кај нас тој момент колку ќе ми биде тешко. А сосема случајно некако го одбивме. Ај да пробаме мајка ми да го заспие. Мислев нема шанси. Ама успеа. И така го одбив. Не побара ниту ме тегнеше за блуза, ниту па мене ми беше нешто тешко. Се чудев.
И кај мене е. Исто.. 13месецискоро сме.. Плус алергичен намлечни... Хипоалергено не прифати.. Калциум нее внесува одникаде.. Па млекото го правам со бисквити, мусли, овессекој ден давам само да го внесува колку-толку... Аза цицање ичне бара водениот.. Заедно сме ама не бара нити па заспива со цице...
Калциум се внесува и со друга исхрана, можеш да побараш на интернет. Семиња, риба, лиснат зеленчук, некои овошја итн.
Леле и моево е со тепањето хит. Не знам од кај му текна тоа стварно, зема некој предмет и не мава со мм со него и се смее, или со рака мава. Па ако не му дадеш да те тепа плаче без солзи, вика, намерно ја токми муцката . Прееска се трескаше од земја зошто сакаше да стои сам на пола метро од прометен булевар, буквално кола може да го однесе за секунда..
Несум пробала.. Мислиш протеините серазлични од кравјо? Јави алергија прво на ад. После кашички, инстант ноќни, чоколино се во кое има составена мллееко... Сладолед, чоколадо баш се....козјо нне сум дала..
Андреа е иста. Не сите, ама одредени деца да. И јас тонев во земја ама се навикнав. Па не е само мое такво за да осеќам вина. Знае за играчки да се затепа, да бутка. Во последно време се тепа за новите љуљашки кај Лазо Дојди спаринг да правиме. Твојата помала е, ке и попушти
Прво се здружија, и почнаа дремките да ги спијат заедно. После ја вклучивме во рутината и заедно ја читавме книгата. На крајот ја завршивме рутината, јас му реков добра ноќ, излегов од собата и таа Го заспа со нишкање (после кога се будеше исто со нишкање). Сега си спие со мене, и едноставно лежи потпрен на мене и заспива така
А не знам, само така помислив. Види консултирај се и во групата Исхрана БЕЗ ЛАКТОЗА (на фб). Гледам дека се разбираат членовите.
Голема е веројатноста да биде алергична и на козјо/овчо ,но немора да значи.Мојата од 9м е на козји производи супер ги прифати.
Мајки имам неколку прашања во врска со исхраната. Какво свежо сирење давате? Или било какво сирење? (13м) За појадок пр. омлет (колку јајца се доволни едно или две за еден оброк? И што им давате периодов за јадење, страшно жешко е, не ми се стои по цел ден над шпорет, кажувајте брзи лесни оброци. Фала
Мајки искуства со бактеријава Staphylococcus aureus? Малата претходно стептокока имаше користевме само цитерал капки 5 дена, сега после еден месец рековме да направиме пак контролен брис за во градинка да ја пуштиме, ова излезе ..
Сирупче и чепчиња против температура, сирупче против алергии, синомарин спреј за нос, електролити, нешто плус за против диареја, судо крема во случај на пеленски осип, крема за сончање тоа се подразбира ии крема против осип за тело. Ова го носам со мене и да сме на викенд некаде отидени. Ее сега, добро би било да се има ханзапласт, ако падне и се повреди да имаш да намачкаш раната, спреј против комарци.. не знам, јас цел несесер нејзин го носам, дури и маст за внатрешно повреди во уста пример како хематонче оти два пати ми е удрена на непце и муце и за секој случај си носам.
Мене градиве ми се помали сега отколку од пред бременоста, сега кога имаме само еден подој. Ми се истушија, како висулки се, само што не се познава толку, бидејќи ми се малецки. Оти се ваквиии? Кај ми беа мали, се досмалија, ќе ми се вратат некогаш? И пред бременоста, за време на циклус ме болеа, не се чепкаа, а сега ништо не осеќам. До хормоните е изгледа.