Буквалноо хаха мене не ми се мали, пред да останам бремена плачев за големи гради,ги добив големи, цврстиии уххх тоа кога се породив, а сега плачам за мали и стегнати.. не ми е јасно како толку ми пораснаа, кога ќе ги погледам како баба се осеќам, не сакам ни да замислам кога ќе ја одбијам какви ќе ќе ми станат.
Мене како што ми се погоди бебе по бебе 3та година по ред со млеко наполнети и големи. Можам да замислам какви ќе ми се кога ќе престанам да дојам
Кога ќе се намали пролактинот, односно ќе заврши доењето, ќе се вратат на старото бар малку а? Шо мислиш?
Не ми изгледа надежно. Виснати се и само силикон ке ги врати нагоре. Или да стојам на раце. Имав мали и цврсти гради, во ек на доење беа балони, сега се помали и виснати. Не е страшно, маж ми задоволен е.
Само едно јајце давам, доволно му е. Можи во комбинација со абц сир, или павлака, а и му пржам со доматче внатре (прво доматот запржен па јајцето).
Кога одите на педијатар плачат ли вашите? Мојот поткашлува, ни дадоа сируп, и сега за на контрола бевме и пак се откорнал од плачење. Докторот рекол дека не може да слушне дали му хрчат градите од плачење. А само го слушаат, и ушињата ги гледаат. Го спремаме од дома, му зборуваме, стетоскоп му дадовме Дасо игра и пак исто.
Мојот верувала или не плачи дури и на улица ако го види докторот сум го однесла и кај друг педијатар не плачеше се додека не почна да го наслушува на гради, ама во главно не сака доктори
Само шо ке свртиме на кај докторката почнува со вриштење а не па внатре. Многу често со мм се прашуваме слушна нешто внатре? Од нејзиното вриштење не ја разбирам докторката шо ми кажува и неколку пати и се имам јавено после преглед. Ова трае некој си 5м а пред тоа и крв коа и зимаа не плачеше само им ржеше на сестрите
Ми даваш надеж. Ама не се само градите, стомакот ми е цел со стрии. Да ослабнам и ке сум среќна. Ова ке си остане како потсетник за магијата на бременоста и доењето. Кога беше настинат, бевме за крв брисеви и кога ке ја види улицата вели НЕ НЕ и мафта со рачиња. Срце ми се стега. А од самото одење на доктор не плаче, само за грлото пушти солзи. За крв е борба.
Крв и вадеа пред една недела, кога ја боцнаа само тажна фава направи ама не мрдаше за чудо ама затоа Нина не е на кг мерена како што треба од бебе, нит можат да ја слушнат ни да ја допрат, цела болница ја крева на нозе.
Моиве гради беа ептен стегнати како девојче, немаше шанса по доење да останат такви, ама јас мислев ќе ми се смалат, а баш напротив, поголеми ми се сега. И малку виснати, ама ништо страшно. 6 месеци не дојам, ваљда нема допрва да ми се стопат..