Абц сир класик тоа бело со плаво што е? Немам досега купено, ако може да ми кажиш од каде го купуваш? Фала
Понекогаш земам класик, ама има и џуниор, па гледам тоа да го начекам. Од тинекс земам класик а од стокомак (и футура мислам има) земам џуниор И јас пред еден месец почнав да давам (или пред два негде).
Отсекогаш имав мали гради, ама цврсти и симетрични, многу си ги сакав. Сега, после доење на 2 деца, се уште помали од претходно и исушени. Суви сливи буквално Маж ми вика сум се филмала, исти ми биле. А колку само не ми се, знам дека ме теши За на доктор, малава не плаче воопшто, ама тоа дека има тренинг. Големава со стетоскопот и докторскиот прибор редовно ја “прегледува” откако е родена Навикната е
Не да плаче, секое одење од улица кога ќе ја види вратата почнува да плаче. А тек кога ќе влеземе почнува "борбата" со докторката па мора да ја држат двајца
кај мене едната е мала многу,а другата ми е иста од пред бременост,исто ништо не осекам пред циклус имаме неколку подои ама многу почна да плаче навечер изгледа немам доволно млеко хорор ни е заспивањето
Мајки, јас сум загрижена за следново, си реков да пишам да не случајно сте се сретнале со нешто вакво. На малиов од кај вториот месец му заприметив топче на вратот, странично како на жилата, од лева страна.Тогаш одма со педијатар се консултирав, мислев да не е жлезда ама пед.го виде и рече не е фиксно, тука жлезди не се правеле, не е страшно, ете само си се створило на тетивата. Потоа го гледаа и докторките кај вакцините, а и ортопедот. Сите викаат не е страшно, со растењето ќе се изгуби. Ортопедов го виде и на ехо, рече нема ништо, крвните садови се во ред, не е згрутчување некое и засега нема потреба од чепкање (штом детето нормално си функционира, врти глава без проблем, демек ништо не пречело). Понатаму ако имало потреба, ако не се изгуби со растењето , ако пречело можело и да се отстрани. Ама мене секој ден мир не ме фаќа, искрено немам сретнато досега нешто вакво. Дали можеби имате заприметено кај некој такво топче? На допир се познава но и со око се гледа кога се врти десно,баш се познава топче....
Имаше кај мене големата, на 40 дена одевме на физикална бидејќи нс можеше да ја врти главата на десно убаво, таму и правеа вежби, ја масираа на топчето со помада, и пуштаа струја мининална, исто така и дома и правев вежби, до кај 4 месец више главата ја вртеше како што треба, ама и остана на десната страна малце искривена бидејќи само на таа спиеше. Еве ја 3 години ќе полни уште на допир се сеќава дека не и е право главчето. Арно ти рекле, ако го врти главчето нема простор за паника, можеш нежно да го масираш. Има деца имаат таму топче големо колку орев, со нежна масажа се средува.
Стварно? Па мене никој не ми кажа да одам на физикална или слично а малиов навистина докај 3 месец негде главчето го држеше настрана, и мислев топчето да не е поврзано со тоа. Но само си помина таквото држење, а тогаш и педијатарот го виде и според неа немаше проблем, само ми викаше да не лежи цело време на иста страна, да го чувам и на стомаче (што и така правев). После 4 месец некаде почна нормално да си ја држи главата. Баш за ова со настрана држење на главчето и порано имав пишувано.Му правев нежни масажи по препорака на ортопедот (а језиво ми е). Ќе видиме...
Уф,штознам,јас после годината не пазам воопшто на ова. Гледам само да е избалансиран оброкот,да содржи и протеин и ј.х и здрави масти,а мислам не е проблем да се дава во ист ден и јајце и месо. Не треба да се претерува само. Риба еднаш неделно,некогаш ниеднаш,не е некој фан.Пред некој ден и дадов и сардина од конзерва,богата е со омега,не и се допадна баш.. Цицките ми се ко на тетките што ги цртавме во школо,во 3 то Одд
Ајахахаххахахха Дунике ма.. Гледаш сѐ нѝ се враќа Инаку за сардината, како ѝ ја даде? Дробена со лимон малку и лепче?
Нас одма не прати, 10 дена одевме. Консултирај се пак, види дали може барем да го масираш. Ова е список вкупен, за нас и за децата: -аналгин -парацетамол -цефалексин -линекс за нас, линекс за деца - ефералган чепчиња, далерон ( едната прифаќа чепчиња, другата ми ги кака) - сируп за алергија -маст за изгирено од сонце -спреј за комарци -гел за заби ако вади -ханзапласт -гази -елекролити за секој случај -спреј за нос -помада за потпарено
Дробена да,само ги тргнав ситните коскички,’рбетот поточно,со лепче потпечено со маслиново и салата патлиџан магдонос и црвен кромид. Патлиџан само така јаде,салата,уште ракија и фали.
Моите момци се доени само два месеци, градите ми се чиниш шмукани две години. Пред бременоста имав убави гради, ми отекуваа и болеа пред да добијам и за време на овулација. Сега ништо, мртва зона. Личат на висулки и смалени се бааги. Се губат во раката на мм Тоа сакав да прашам и јас. Ќе се вратат некогаш во нормала или помина тоа време
За градите не прашувајте, за жал више никогаш ништо нема да биде исто. Ни стомак,ни одтаму кај што поминало бебе, ниту градите. Може се управат само со естетска хирургија, само од себе јок