Градите не виснуваат од доењето, виснуваат од самата бременост. И гравитацијата. Немаат мускули, само масно ткиво и млечни жлезди, па нормално е така да изгледаат. Качувањето на килажа, симнувањето на истата, хормоните, сѐ тоа има влијание, а најмалку доењето. Оти и мајки што не доеле имаат виснати гради?
Кои влажни марамчиња ги користите? Да не се со многу хемија внатре. Ќе одиме кај свекрвата, па да речам да ми купи. Немаме пристап до дм, само некои локални продавници и аптека Страв ме фаќа како ќе се снајдеме, многу е изолиран регионот, ништо не може да се најде да се купи.
Мњааам што би рекол мојот. Како го направи лепчето. Првин на тава запечено? Па После прскано со маслиново?
Самото лебче исечено на подебели кришки го напрскав со маслиново и зачин,па на нелепливо тавче по минута од страна колку да фати кора.Јас го сечкам на коцки и го стававам во салата,а некогаш и на ленти,па си мацка во јогурт/тартар сос .За вечера е одлично.
Си поплакав, па тука да се истресам. Толку многу уживав во доењето, што не ми се верува дека дојде период кај што ми е мачење, нервоза и одбивност. Цица 16 месеци и до пред 2-3 месеци немав проблем, ама последниве месеци цица активно 5 минутки и потоа се лигави на цицка, цица на сец и многу ми е гадно. Ме прави нервозна, ќе му ја тутнам цицката нервозно и ќе му викнам. Кога ќе заспие ми е криво и ми многу тешко така што сум изгубила контрола. Дали ми е до хормоните (бремена сум)? Цица три пати на ден- две дневни дремки и еднаш навечер пред да спие. Криво ми е што се чувствувам така и што веќе не уживам во доењето. Ептен си се обвинувам.
Јас овие ги користам на Хип, ултра сензитив со 99% вода и без мирис. Супер се @RAK91 од хормоните е. Јас и со двете деца во прво тромесечие не се препознавав. Се’ ме нервираше, ништо не поднесував, лута бев на цел свет. Со второто уствари ова “расположение” ме држеше цела бременост 16 месеци е супер, долг период кај што сте ја имале таа поврзаност. Ако веќе не ти е уживање, што е сосема нормално, а и ако на детето му е повеќе играчка, можеби е време да прекинете. Не се обвинувај те молам, подобро така отколку да те фаќа нервоза и да му викаш. Сте имале прекрасен период, но не треба да е со сила ако веќе не е уживање и за двајцата
Јас пак до сега јајце давав 2 пати неделно и тоа за ручек (пржено со домат и тиквица, со пиперка и урда и сл комбинации) плус лепче, а во останатите денови знае да поткасне некое пециво што содржи јајца (проја, вафли, кифлички) Од некаде ми беше влегло тоа во глава да не се даваат со месо во ист ден заради протеините ама не знам до кога така. Риба има каснато еднаш, од она што ние јадевме, па сакав деновиве да му испечам парче да видам како ќе ја прифати. Заради омегата ми е, зедов Möller's па од него ќе му давам.
Мајки здраво, имаме13 месеци.. И последниов период почна мн да кубикоса нна друг, менемисслам мозокот ми го вади, ем тоа па исее спрема да каса, го карам, че го плеснампо рачето, че викам, џабе... Има ли некој друг со вакво искуство? Фаза ли. Е или што ли е...
Малата позади на грпчето а и малку напред на градите има црвени брунчиња. Од топлово време и многу е склетџија и во спиење утоп се прави кај вратот и главата. Мачкате ли нешто за нив да се смири црвенилото или..?
@dunika кажи ја рецептата за тартар сос... Јас живци кинам со јадењето на мојата... Се што јадеше за ручек сега не го јади. Не знам веќе што да и правам. А тој ми беше оброкот што најмогу го јади.
Мене во бременоста не ми пораснаа толку многу градите, не ми ни испукаа, кога се породив првите 3 недели имав толку големи гради од што ми беа преполни со млеко , тадури се мислев дали се моите, носам градник 75, а кога доев носев 85 -90 зависи од моделот. Така што, кај мене испукаа и виснаа оти имав голема количина на млеко на почетокот
Не знам колку е големо, лично кај мене само ја фрли на 2 години и не ја побара. А баш читав стратегии за одвикнување. Сакав да ја пробам таа со постепено сечење на цуцлата со ножичка.
Mojot e skoro 18 meseci i go pravi istoto pred spienje osobeno i zaludno mu vikam togas mu e uste pointeresno i pak go povtotuva istoto.
Не го плескај по раце, може да има последици а секако не те разбира. Само строго не и ке разбере дека се лутиш. Пробај со веледа цинк, мене за секакво црвенило ми се наоѓа.