20 месеци е. Го пробав тоа ја држи со заби и се смее капира дека финти и правам. Пробав да не и ја дадам воопшто седеше до 1 ноќта а и така е неспијач се буди по сто пати. Можеби ке успеам да заспие без цуцла но проблемот е коа се буди во текот на ноќта презаспива само така.
На рачињата има мн нервни завршетоци па не е пожелно да се маваат детските рачиња. Не се секирај ти сигурно не си го плескала толку многу, но немој. Син ми кога е изреволтиран се десило значи да дојде и со двете раце да ме удри по фаца. Бројам прво до 5 па го карам ,но не го чепкам. Сум го " плеснала " само по газе, кога еднаш ме касна пресилно, но тој си се изнасмеа па ме расположи и мене. Патем како реагирате мајки ако некое друго дете го удри вашето без причина. Син ми е мирно и мило дете кога е во друштво на дечиња. Поручекта додека си играше во парк,дете од близината му се приближи и го удри. Син ми се стаписа молчеше неколку секунди , па се сврти ,седна на земја и се изнервира па и заплачи . Дали ќе беше во ред ако му кажев и тој да врати или не ? Јас само го гушнав му кажав дека нема ништо,батко не сакаше да те удри.
Јас така го одвикнав, едноставно ја фрлив цуцлата и немав опција да дадам. Три дена мислам траеше одвикнувањето, првата вечер со плачки заспа, втората исто ама пократко и третата закенка и заспа. После една недела му ја вратив зашто му раснеа заби и цела ноќ обесен на цицка ми беше, не можев да мрднам. Да оздрави, да излезе од скокот и да искочат и овие сега што го мачат, пак ќе ја фрлам мада сега само за заспивање му ја давам. @NewMama Душичка Не се десило кај нас ама претпоставувам исто како тебе би изреагирала. Мали се уште за да му кажеш да врати, тоа би го рекла може покасно. Навистина не знам ама мислам дека добро си постапила.
Моето неколку пати е удрено по лице и кубано за коса, плаче до зајдување, не се случило никогаш да удри, исто е мило и насмеано и сака дечиња, се случило многупати да спасам и кобни ситуации како на пример удар со далечинско, или ќе му го фатам едното раче да го одбранам и во ист момент удрен е со другото раче, не ми текнало на памет да го учам да врати или да му зборувам, исто го кревам в раце да го смирам. Дете што е насилно, што удира, тоа дете е дома тепано, или пак се удрило од маса, или од некој предмет и одма постарите го учат удри ја и ти масата дедино и после нормално ќе удираат иначе од каде толку мало дете знае да крене рака, сунѓери се и се многу брзо упиваат, емитираат…. Јас бројам до 5 да не избувнам да отерам све у три лепе ама се воздржувам.
И јас мислам дека нај паметно е да ја тргнам скрос, ке биде хорор и ке има тантруми страшни од тоа се плашам. Мене ми е проблем оти не цица, не заспива со нишкање заспива сама и ке биде будна по цели ноќи а она и те како го можи тоа. Само ради заби не тргнав цуцла до сега и јас мислев уште петки да излезат ама бавно излеваат а веќе зборува и разбира и многу потешко е. @NewMama исто изреагирав еднаш се случи детенце кое патем е иста возраст со неа ја апна на рака малата врисна толку болно шо срце ми се скрши. Не знам како поинаку би изреагирала многу се малечки.
Да ти кажам исто се осеќав, особено за време на ноќниот подој. Леле кога се разбудуваше, јас длабоко заспана, и ајде колку да цица да помине редот, кога ќе ја опфатеше брадавката, како се живцирав, аууф ептен! Ти го разбирам чувството, нѝ скисна веќе. Ми се ежеше кожава, ме нервираше да сум со разголена цицка и да висам ко куп. Ме лижеше, влече пушта фаќа, а чекам да заврши, па дури јас и се губев на моменти, знаев да подвикнам "еве на цицај" . Откако прекина да се буди, сега има уште еден подој за заспивање. Некогаш ми пречи, некогаш не. Здравје, да го истераме летово, па ќе го одвикнам скроз. Ќе ми фали од првин, ама се спремам етапно. Значи чувствата ти се на место, не се обвинувај, и како предлог намали ги подоите за дремките прво.
Јас сум од другата страна, син ми удира деца. И кои ги знае и кои не ги знае, посебно поголеми од него. Не знам зошто така прави а го карам како и за се друго што не треба да прави. Се случува и мене и татко му да не мава. Синко не е тепан, ни по газе, дома никој никого не тепа. Ни тоа со удри ја масата не го практикуваме, се научи со прст да кара ако нешто не сака, пример брановите во море кога ги прскаат. Удара други деца. Не знам зошто, не можам да си објаснам.
Има некој ујлучен Темп 39 за колку време од далерон сирѕп трреба да падне? Што др да правам за да и помогнам?
Кај нас паѓала за пола саат минимум, сега со оваа температура од 39.5-7 паѓа за 1 саат. Масирај со разреден алкохол, ставај ладни облоги под мишки. Последен пат успеав да му намалам со тоа што го држев на тераса по памперс и маичка во 3h ноќта. Блокмакс кај нас се покажа поефикасен, комбинирам на секои четири саати чепче Ефералган и Блокмакс сируп.
Кај синко помага разреден алкохол со вода. Мачкај раце нозе и грб, пазуви и чело може. Гради никако. Една членка пиша и помогнало памукче со истата смеса под пазуви. Јас до сега само ефералглан сируп и чепчиња ставав ама до 38,5 најмногу качуваше.
Колку месеци има? Кај нас на 19 месеци решив да ја тргнам,исто само на спиење ја ставаше И еден ден кога станавме и ја дадов и и објаснив дека не е веќе бебе,и да појде до кантата да ја фрли цуцлата сама Така и направи појде ја фрли и повеќе не ја побара,викаше ја голема веќе не бебе просто не ми се веруваше
Кај мене кога ќе се удрат на маса, или што и да е, одат сами "на на " ја маваат масата, ама друго дете никогаш не удриле, бутнале, искубале, или искасале , туку секогаш они добиваат буткање од другите. Во такви ситуации, не викам ништо, иако ми смета, понекој пат ако се изнервирам ќе му преречам на тоа дете да не го прави тоа затоа што е неубаво, и иако се мали кај мене , знаат да бегаат од тој што ги задева, едноставно више не го играат и фермаат. Тие деца што маваат не е од ќотекот дома што го јадат, него од претераното разгалување, и оти мислат дека се во центарот на светот и сакаат они да се главни како дома така и надвор.
Не знам што да кажам, син ми ако е изреволтиран се има десено мене да ме удри. Ама до сега на дете не мавнал, не ни се обидел, тој оди и ги гушка сите и машки и женски ,или оди ги чепка за раче за лице,мн ми е греотичка а поќето го буткаат
А како се разгалува дете од 1 година ? Уште е мало и не знае ниту што е правилно ниту што е погрешно, го карам не чепкај таму ме гледа и се смее, не трчај ќе паднеш тоа уште толку забрзува. Иначе пред мои очи ги тепаат толку мали дечиња тие што ги знам и истото го прават во прва прилика и не може некој да ме убеди во спротивното зошто пак ќе пишам емитираат се што правиме ние, ако знае дека чешелот е за чешлање, крпата за бришење, телефонот се става на уше гледаат и снимаат исто е и со удирањето. И на твоето некој му кажал ‘на на’ да прави на масичката
Не моето никој не му кажал да ја удри масичката. Кога ке се удри плаче да го бакнам да пројде. Удира деца без повод и најава.