Околу 13 месеци. Прво ден два по малку, на врв на лажичка. Немаше реакција и од тогаш давам без многу да мислам
Не, не обраќам внимание каков е, има едни комшии на сопругот , они произведуваат, и знам дека е природен, а некој пат од пиљарата доле што ми е пред зграда. Чичкото тргува со овие по селава велешки, па и од кај него нема грешка медот. Посебно ако иде од околината на Азот
Фала за идеите. Домашна ли правиш од домати? ако може рецепт И јас би нешто такво полесно дала за ужина
Прво варам булјон, саат време копани/коски од пиле. После додавам морков/целер и кромид. Варам уште саат. После ги вадам коските и целерот. Додавам томатело и блендирам. И тоа е тоа. Многу е вкусно. Може да се додаде павлака, лепче да се надроби, да се стави мевце. Друга опција, место томатело се ставаат печени и блендирани патлиџани и моркови. Тоа за во мкд чекам да го пробам. Прво се печат патлиџани, им се вади лушпата и се блендира. И тоа во булјонот се става. Едвај чекам да пробам, додека пишувам лиги ми течат.
Еј луѓе денес се криев нуркав во фрижидер и јадев чоколадна торта, и син ми после ме загледа и ми вика мума )) Мислеше дека мува имам на образот, а јас чоколадо
Хаха нема што да се прави, освен да се зготви. Супата мн лесно оди, си се вари, јас се занимавам со детето.
Женски, оддамна не сум пишала вака може по стоти пат сум пишувала околу одбивање, но сега стварно од утре почнувајќи да ја одбијам зошто веќе почна и тоа што јадеше да не јаде, и замена за тоа и е цицето. Цел ден ми виси дури веќе и да седнам на маса не можам се бута под маса да дојде да цица. Не успеав да и скратам подој никако. Планирам да се мачкам со нешто , кафе ли , сенф ли, оцет.. И цел ден да се мачкам кога ќе бара. Ќе истрпам килку сака нека плаче. Туку, за вечер што правиме. Пробав за вечер еднаш да и заменам со цуцла со вода, не сакаше. Што да правам , ако не и дадам да цица ќе се разбуди и ќе седиме неколку дена така, ќе дежураме. Пак да се намачкам нешто за вечер?
За лето имам слушнато за да не дехидрира, па за есен/зима исто да не се одбива ,поради вируси , настинки.. и сега кога е прав момент
Овесни од кој давате и колку време ги кисните? Порано знам имаше дискусија за ова, ама да не барам. Јас досега давам само од холе инстант овесни, ама сакам да блендирам и обични. Земам од стокомак, за нас, поевтини се па не знам дали се ок и за малиов
Пролет алергии и така тераме до далјее Со среќа одбивањето, со лесно да поминете и без нервози. Во ситуации каде децата се ептен залепени за града, не знам убав начин. И да кратиш подој за подој, хм тешко би било како ќе ја замамиш. Затоа, мораш со некаква приказна, знам дека над година и пол има, ќе разбере ама и ќе плаче. Ќе поминете, за неколку дена подобро ќе биде.
Нашата доенечка приказна заврши на 14 месеци по негова волја Дали дека болен одбиваше и храна и вода, па ни цице нејќеше да види не знам ама му нудев упорно и со гадење се тргаше. А како почнавме бев сигурна дека нема да го дојам ама се научивме. Имав период кога многу ме нервираше што ми виси на цицка нонстоп, читав по цел ден на нет како да го одвикнам и сега криво ми е. Откако наполни година многу убаво ми стана доењето. Инаку, лесно беше дека сам се одби, јас само првиот подој му го скратив и натака сам си ги кратеше еден по еден. Барем почна да ја преспива ноќта Се буди некогаш за вода ама презаспива одма. Кажете ми ова исправање на нозе и одење по спална ноќе долго трае? Многу се плашам дека некој ден нема да го осетам и ќе летне. Прооден е пред 2 месеци, не му е ново за да го преживува сега во сон. Ги ѕирнавте попустите во Зара? Само мене ништо не ми се свиѓа? Тоа што ми се свиѓа нема број Ставив нешто во кошничка онака демек ајде да искористам попуст и на крај кога видов 2000ден за глупости колку да купам нешто, баталив. Па и новата колекција не е ништо посебно.
@Jana06 блазеси ти камо мене така да ми се одбиеше. @elenaklasik да да изговори си имаме ние мајките јас не сакам на тој начин со сенфови, црн пипер и сл ама ме полуде искрено, и зборам уште не ме разбира има 22 месеци. Ме влече секаде каде што ќе и текне надвор, дома,на гости, сред јадење...вчера на пр. Јадеше боранија и почна да плука при вториот залак и почна да ме влече да цица. Тука ми прекипе. За вечер се плашам, на кој начин ќе заспие кога ќе стане. Ако пак и дадам да цица тогаш, ќе нема крај. Еве сега шетам по собата да не седнам да не почне да ме влече. Ќе ставам сенф и ќе видиме како ќе оди
Јас исто мислев дури и да заспие со некој без цице, сигурно вечерта ако не добие ќе плаче, нема да заспие, ама не. Мајка ми го заспа. Се будеше како за цицање на 2 саати, кенкаше и презаспиваше, в раце, со нишкање. Веќе втората вечер врза 4 саати што за мене беше шок
Нема да сака да спие со мм. Ќе стане да ме бара. моите се далеку за жал немам никаква опција освен да стане вечер и да дежураме па како така на некој начин ваљда ќе заспие. Преку ден ја успивам во количка