Ако не одиш на работа, дежурај. Ми влевате вака страв, ќерка ми да ја одбијам порано додека не разбира многу. Со син ми убаво поминав ама година и 2 -3 месеци имаше. Поплаче преку ноќ малце неколку денови и после ништо.
Не одам на работа уште, од септември треба, а се надевам тогаш дека неа во градинка ќе ја примат јас големата ќерка на 10 месеци ја одбив оддеднаш и беше ептен тешко јас дека мораше тогаш антибиотици да примам и беше мн тешко. Затоа сега ми е страв ноќе како ќе е. Ама ќе држурам мора некогаш да се одвикне од цицање порано покасно. Досрга 3-4 пати мр повлече, ставив сенф и вика пууу кака ќе видам до вечер како ќе е
Од другарки и нивни приказни, успешно беше кај една црвен кармин, кај друга креон за очи. Намачкани така, цицето се расипало и поминаа без проблем (двете со деца над годинка). Јас со големата немам искуство, сама се одби на 6 месеци, едноставно прекина да цица и крај. Со малата, лесно ја одбив некаде околу 10-11 месеци со постепено кратење на подои, исто без никаков проблем. Со лесно, брзо да успеете
@Sexybaby86 супер ти лесно си ги одбила. До сега и немам дадено еве цел ден. Вечер могу се плашам како ќе ја успијам и кога ќе стане вечер што да и дадам сигурно ќе плаче. Ако нејќе ништо од понуденото што да правам..
Две опции има: да и’ понудиш вода (може ќе се залаже ако е многу поспана), или да издржиш додека плаче Знам тешко е, ама тој е изборот. А цуцла цуца? Малава на пример само за спиење. Па кога и’ кратев подои, со цуцла се залажуваше. Ноќниот подој последен ни остана пред да ја одбијам скроз, и успеваше со цуцла да заспие, без цицање. Ден два беа во прашање, после немаше никаков проблем. Ноќе не ми се будела за цицање никогаш, дури некогаш јас ја будев сама од мака што не се буди да цица Знам не ти е од помош, поголема е твојата, ама немам друг совет. Се надевам лесно ќе поминете
@Sexybaby86 Цуца лажливка ако мислиш да и давав и еден ден не ја сакаше повеќе тогаш 9 месеци беше и толку повеќе не и ја дадов. Сама ја отфрли. Е сега да ја сакаше супер ќе беше ама да не ја учам сега пак на тоа голема е Инаку апдејт : почна да зева, па и викам ајде да нанаме и дадов мече да гушка , шишето со цуцла тука ништо не сакаше, почна да ме влече неколку пати сега кармин ставив од оние матот да не се мачкам со сенф па лом да направам, викаше пуф кака , како да се доближи да лапне јас се тргнав и и викам какано цице , чао цице и ништо се сврти на другата страна и заспа е сега ноќе ќе видиме како ќе поминеме. Држете ми среќа
Оооо миличка ајде со лесно Јас исто со цел страв сум за одбивање се пролонгирам ај уште малку ај уште малку и еве не скоро 18 ама сега и болничка ми е па си викам фала Богу што цица.... За некој месец и јас ке сум на тие маки
Како мислиш ти - така. Дека млекото не чини - тоа не е воопшто вистина.. млекото нема рок на траење. И да има прекин може да се продолжи со доење... А од аспект на тоа дали треба или не - тоа само ти знаеш. Ако не си спремна да заврши доењето, понуди му. Ако не сака, сам на некој начин го надраснал моментот што е сосем природен развоен тек на работите. И не треба да ти е криво. А ако мислиш дека и тебе ти е доста, тогаш остави вака да заврши. Ама едно ќе ти кажам - одлуката е твоја и на детето. Нема што ние тука да дебатираме. Ваше си е.
Луѓе многу плаче пола саат веќе..шѕо да правсм ? Нејќе ништо да пие ни вода ни млеко.. Стана, се расони, шета низ собите
Добро утро женски. Ноќта ова малото до 4ипол саат седеше. Значи од 1и45 до тогаш не можеше никако да заспие. Не сакаше да се доближи до креветот. Од соба во соба, па врз сестра и зема да се качува и таа не можеше да заспие од неа и на крај се избришав и и дадов да цица грешка направив нели? Дали за почеток да и давам само ете ноќе да цица а за наутро скроз да и забранам? Само што и дадов одма заспа. а беше цела занесена се клатеше одејќи од што и се спиеше, ама не сакаше никако така да заспие. Сега пак се нацртав и не и давам ако стане..
Обично ноќниот подој е последен во одвикнувањето. Ај пробај сабајле не и давај ни поручек. Незнам сега колку те разбира ама освем сенфот кажувај и дека е веќе голема и дека сега млекото ке ти го снема само по себе дека мора да најдете нешто друго,или глуми дека премногу те боли кога цица Таа не е гладна од навика го прави тоа. Иначе јас кога го одвикнав знам дека е мн погрешно ама морав да најдам чаре и кога ќе се разбудеше во ниедно време му давав сок. Тоа траеше 2-3 недели. Секако првите дена поплачи малу после го прифати тоа и на крај веќе не бараше ништо почна да преспива цели ноќи.
Сега се мислам може грешка направив што и дадов. Требаше да ја оставам така па кога заспие заспие... вечерва ќе стиснам заби морам да издржам. Уфф многу тешко беше. Не ме разбира до толку да земам да и објаснувам. само вака со нешто да се мачкам. За преку ден не е проблем, ја успивам во количка, па ја занимавам па мм ја шета, кај свекрва ми ја носам, само ноќта ете што се буди од навика. Ќе видам ноќта како ќе е денес.н
Дека грешка направи,направи. Кај си ја држела до 4 и пол уште сат два можеше , вечер издржи. П.с можеби нема да сфати ако и објаснуваш ,ама ако глумиш дека има некоја промена ќе сфати. Тресисе и офкај пробај и така . Незнам колку е исправно ама можда ќе смени нешто
Ништо нема да постигнеш ако наутро не и даваш да цица, моето месеци наутро не му давам, одма стануваме за да не ме дрпа, па пак навечер се буди на два три саати цица и заспива, не знам, ниту со нишкање или в количка не помогна?