Не , сакав да ја нишкам почна да вика не неее и се тргаше од мене. А за во количка не пробав , ама ќе пробам вечерва ќе и пуштам песни и ќе ја нишкам. Да имав опција двор ќе ја шетав и ќе заспиеше, а вака во зграда сум треба да излезам на улица знам дека не бев упорна за вечерта ама ќе ја оставам така па кога заспие , заспие..ако ја преседи ноќта ќе спие преку ден па и јас со неа Edit: @Presrekna уште ја доиш малата? Не сум те прочитала долго време
Јас мислам да не даваш телефон (за видео/песни). Ќе и се поремети мелатонинот. Држете темно низ домa. И кога ќе стане да биде досадно, темно, тивко. Едино книги некои, па да ги разгледувате и тивко да и збориш.
Да , две шишиња имав ништо не сакаше. @Enci201 да, имаш право. И сонот така ќе и се разбие. Ништо, ќе се издржи , не попуштам веќе колку и да ми е тешко
Вечер кога ќе стане, не пали ламба, не се мрдај од кревет, кажувај и само дека е време за спиење, нека види дека си намачкана со нешто, ќе врти наваму натаму, и ќе заспие, друго нема
Можеби сонувала нешто, често ни се случува да се разбуди со плачење и не сака ништо освен гушнати да шетаме и да му зборувам
Добро утро да ви кажам како поминавме. И се спиеше и се плачеше, не сакаше во кревет да легне и во 22и15 илегов да ја шетам со количка. За 15мин заспа. Дојдов ја префрлив во кревет. Околу 2 почна да се врти но не се разбуди. Едно време почна да плаче, ме повлече виде дека се шарани плус со ханзапласт ги залепив и продолжи да спие. Стана во 5и45 и еве сега пак заспа (во 7 часот во количка ја шетав ) на добар пат сме или нема воопшто 24 часа цицано. Туку левата града почна да ме боли? Што да правам?
@BabyT* ти кажуваше дека малата пие многу вода ноќе? Детево мое почна многу вода да бара ноќе и вришти ако не добие вода. Му претекува пелената во сред ноќ, па го преслакам у 12 вечер. Како ја прекина?
Јас немам искуство, оти увек со таблети завршувам. Со исклучок сега со син ми, немав никаков проблем. Градите ми останаа меки, ама намалував подои. Советите кои ги добивав за да не завршам на таблети: ако има грутки, нежни масажи за да ги разбиеш. Нема одмолзување, за да не стимулираш млеко, освен ако ситуацијата е полоша, тогаш одмолзуваш колку да олесни. Листови од зелка да ја извлечат топлината во случај да надоаѓа млеко, стегнати гради со добар прслук и/или тесна маичка. Без претерување со течности, јас бев на минимум. Имам негде слушнато или прочитано не знам и за чај од пеперминт дека помага. Не знам стварно дали е точно. Внимавај на знаци како треска, температура и општо на мастит. Во тој случај, лекар. На супер пат си иначе, толку трае фазата 3, 4 дена. Ќе издржиш и ти малата. Секое различно. Можеш да почнеш со некапечки чаши да учи, а можеш и директно со нормална. Пробај. Не мора цела да му ја напуниш. Моето пие од чаша од негде 20 месеци. Не беше профи на почетокот и ја сипаше водата. Ама со тек на време стана супер. Нему му беше преинтересно кога почна да достигнува на трпезариска маса и се оставаше таму, освен приборот за јадење. Инсистирал од увек да го стави за миење. Претходно ги оставаше работите на малата масичка, а уште почесто на земја. Како на игрицата Симс. Сега се почесто собира играчки и враќа работи на место, интересно му е. *** Многу лошо падна пред два дена, живот у мене не остана. Од количка за кукли прилично висока, се преврте чудно, се закачи со шорцот од страна и се удри странично на главата веднаш до окото на ивицата од парното. Отече како топче од пинг понг (буквално исто). Вената му се испакна над отокот и не се враќаше од плачење, без воздух остана. А после тоа не ми реагираше нормално. Не можам да ви објаснам колку пати умрев во тие секунди. Се ми помина во глава, од внатрешно крварење до сите најлоши можни сценарија. Не знаев дали е отокот од ударот или е нешто со вената. Се јавив у брза помош од што испаничив толку. Сега е модар, џигер. Отокот почна да се спушта и под окото. Изгледа страшно лошо, како некој да му мавнал бокс. Најголемата среќа се деси у цела несреќа, што не е нешто посериозно. Тој заборави, јас уште се стресирам.
Во саботата на малиот мој му падна шкафот за кондури, среќа над глава. Онака како на филм кога им паѓа, па доаѓа брза помош и ги носи. Среќа е на тесен простор, па како паѓаше се задржа шкафот на ѕидот од карши, па он остана како во тунел, само пар кондури му паднаа на глава. Јас се видов, ама дур дојдам до него, падна. Претходно 200 пати сум го симнала, зборено му е нон стоп дека ќе падне, ќе го удри (инаку не е икеа, баш е цврсто, ама малоно ептен има сила) и ете се случи. Плачеше кратко, јас се тресев два саата после тоа. Ама не заборавил, и сега кога проаѓа вика бам и не го фаќа веќе. Остаревме со овие стресови.
Мојата беше ,пиеше неверојатни 2л само навечер и менував 7 пелени до сабајле Кај мојата беше проблем шишето беше меко клунче и го користела како цуцла ,од кога го тргнав се среди ,сега пие само по потреба.
Мојот почна од 10месеци, ја има чашката на нук со вакум. Ќе му кажам пиј вода, оди ја зема и пие и после си ја остава на масичката. Инаку сакав да ги прашам мајките чии деца одат во градинка. Средина на август ќе тргне синко во градинка па сакам да го спремам. Сеуште не оди, дали ќе му требаат некакви кондурчиња за во градинка? Каква облека носат преку ден? Дали се дотерани или стандард со тренерка? Што им спремате во ранчето? Дали носите пижами? Инаку синко е 13 месеци. Сигурно и од градинката ќе ми кажат што како треба ама сакам да прочитам и искуства.
Нагло прекина? Плачеше 3 дена? Уф, маж ми почна вода да му дава да не бил жеден, и проблем ни направи. Од дете што спие цела ноќ без ништо сега се буди барем два пати и бара вода.
Плачеше по шишето ама како и цуцлата го пресечив и виде дека неможе да пие .Како за цицка ,за цуцла така и за него 3 дена Детето ако е жедно само ќе стане се друго е навика .
Здраво мајкиии, ние на вечер супер спиемее, еднаш почна да станува за цицање во сон кај 4-5 и продолжува до 9 и пол спиеме. Со јадење сме исто подобри, освен тоа плачење за све и свашта кое ми оди на живци не знам како да го смениме. Плаче за во раце, плаче за да седнам на стол, плаче за глупости, само се дере низ дома, комшиве ќе помислат кој знае што и правам, па толку многу вриштит. За цицање дење ау ау тешко е ептен, со крокодилски солзи плаче за да и дадам, а осудени сме 24/7 да сме заедно, да не сум ја тука или да сме излезени подолго време нема да побара ама вакаа дома... Ии најново што имаме е, не сака памперс одма го вади. Не знам дали е знак да почнеме со вадење и учење на нокшир, не знае да каже дали и се мочка или кака тоа ме буни, а е какач голем по 4 пати на ден кака, фул пелени се секогаш од мочање, како би го извеле тоа не знам (18 месеци ќе прави за некој ден). Проблем имаме со капење на косичката, никако не дава и тоа е борба и пиштење секој пат. Ретко кога ќе се заигра сама, не ја интересира дома ништо, ме бара мене само, ако седнам ја и она ќе седне да играме ама пак е тоа кратко, внимание не и задржува ништо повеќе од 5 минути. Ручек немам направено не памптсм од кога, све она ме тегне за нога, ме влече, не ме остава еден компир да изчупам на раат. Едвај чекам во градунка да оди и малце да се осамостали и се надевам тогаш ќе престане со цицо. Чашка мојава не сака, чашката и служи за брцање во неа, само шише со цевка ииии лепче пробааа конечно пред некој ден хахах секако без ништо оти ајде натерај ја.
em sharani em so hanzaplast Me iznasmea Јас плачев што бев одбиена кога бебе имаше 4 мес . До 8.се одмолзував. Ама и ова било мака