Хахах работата беше со што да ги шарам за спиење , а да не се избрише. Прво земав од оние течните мат кармини ама темно лилјаков , од толку зорт за цицање ќе си цицаше и со карминот она и потоа одозгора доцртав линии со црн туш за очи е тоа кога го виде почна да вика пуф кака Остај на какви маки сме ама се ќе се заборави.. И мене ми беше криво за големата ќерка кога ја одбив оддеднаш исто амадали дека беше помала 10 месеци , многу повеќе плачеше и долго траеше. Со ова мислев бетер ќе е ама ко за втор ден добро оди
Некаде од 8м почна да пие од некапечката на нук и пред роденден веке пиеше од обична и помогна многу шо од старт пие јогурт од чашка.
Супер. И јас ќе пробам со јогурт. Мојот пие од doidy cup, сам го зема, пие и враќа без да се полие. И си мислев може треба да пробаме и со обична. Отворена, обична, стаклена/пластична.
Ќерками е 12++ и сеуште сака да јаде само блендирано.. Како да ја навикнам да јаде парчиња? Лепче од средата и давам го јаде, смоки исто така јади и нешто друго парченце ако дадам го јади ама цел оброк пример зеленчук со месо нема шанси.. Друго, ужина сеуште немаме воведено се обидувам да и дадам нешто после 2 саати од поручекот не сака да јаде ништо, тек за ручек по 4-5ч од поручекот јади. Дека само блендирано јаде, веќе немам идеи за ручек особено.. Све исто некако доаѓа да јаде
Пробај со било каква или за почеток можеш од чаша за ракија оти е помалечка и да му течи вода ке усоврши полека. @Larahappy и јас сакам да знам многу мака имаме цела коса и се прави суканици успевам само кога се бања да ја исчешлам убаво. Како успеваш да ја чешлаш?
Малку по малку. Давај му во рака. Лепче намачкано со путер и кашкавал на пример,исечено во коцки, после исечено на ленти. Ќе видиш што му е поинтересно. Мафини прави и давај - лепче средина, јајце, млеко и печеш и даваш во рака. Компири како помфрит исечени и печени со пармезан. Може му е досадно блендираното.
вака изгледа, малку е крива, некако одма научи од неа да пие. Само му ја продаваш во раце. Ние не живееме во мкд, тука ја има по продавници. Инаку во Англија е дизајнирана
Одамна не сум пишала, цел ден зафатена.. Моево бебе направи 18 месеци. Не е веќе бебе, мало момче е. Нема абер од зборење, уште си кажува само по еден слог, ама на зголемен обем од поими. Мајка ми пробувала на нокшир да го стави, го користи како коњче за јавање,обратно седнува и толку е. За јадењето е малку подобар, ама пак од инает знае да не сака уста да отвори за работи што знам дека ги сака. Сака сам да јаде, а го мрзи да џвака. Хаос.. Ме тепа и се смее. На татко му окото му го повреди, ама добро, додека порасне ваљда цели ќе останеме. Една тројка извади, уште 3 па чекаме петки. Кога ве читам со доењето, среќа што го одбив на годинка, со овој карактер негов уште за цице да пискаше. Инаку да, сите комшии не знаат, од пред зграда мислам се слушаме. И тоа, бебево мое станува се послатко секој ден, кога ќе ми се насмее и кога ме закача да си играме брканица или криенка заборавам на цело вриштење. И многу ми фали кога не сме заедно. Сакам да се опуштам, ама паметот само во него ми е и кога сме одвоени .
Во градинката кај што го носев не бараа посебни обувки за таму, си седеа по чорапи. Во најтоплото го носев во сандали ама многу ладно му беше телото кога го зимав, па се вратив на чорапи и патики. Го носев така убав, дотеран само гледав да му е удобно, најчесто маичка и бермуди. На почеток му праќав и пижами зашто ми рекоа дека некогаш им облекуваат зависи од ситуација ама не се деси ниеднаш да му ги облечат, па прекинав. Облека бараа секој понеделник да носам за цела недела и петок да ми ги враќаат ама мене ми беше поедноставно секој ден резервна да му ставам во ранче. Ги пресоблекуваат ако се испрљаат или ако се испотат. Инаку, шише и цуцла ако користи му купив само за таму, не ги враќаа дома, пакување памперс и влажни. Моја лична препорака да почнеш уште сега превентивно да му даваш нешто за имунитет зашто мојата матична ми рече нема потреба, да видиме прво сам како ќе се избори ама толку лошо поминавме што го отпишав. Ниеден вирус и бактерија не го одминаа. Друго не ми текнува, ако те интересира прашувај.
@haruki и купив убава четка за деца па така некакo успевам лoга jа бањам, утрoтo ќе станеме за градинка цела е суканици. Сега на oдмoр oд сoлта уште бетер е. Ми пoфалиjа спреj за сеца oд дм па да гo прoбаме тoj. @elenaklasik преслаткo е дефинитивнo.
Значи врснициве исти се сите; ме тепа; ме корни за коса и ме каса силно цела со модринки сум на рацете.. Мојов е збеснат не седнува на газо; за јадење е исто борба ; парчиња поглеми ако има ми ги плука... со домати и пиперки си игра никако да касни; само ги фрла се што ќе види фрла . Почна да се заигрува со капчиња од шише ги реди и си кажува нешто; ако не е по негово пишти вика. Му ја пуштам азбуката и си ги кажува буквите го гледам се интересира сака да знае.. хехе Навечер се навикна до 1 часот седи а денски до 10 спие ; ама то е ќе издржиме се мајки сме можеме..
Женски тие што користите Мапез за комарци,дали навистина сте задоволни? Не ги касаат воопшто? Нема нешто што не сум купила и џабе цела е печати... Уште мапезот ми остана