Јас сум задоволна,имав купено лани и баш се мислев дали да купам ново за годинава (иако пишува 24м од отварање може да се користи),но не купив,па го користам старото. Бевме на одмор, таму дечиња решето направени од комарци,моево имаше само еден убод на обравчето(кај што не беше мачкан)
Јас до годинка само блендирано давав од страв што ми беше од задавување (освен смоки мали парченца што давав и малку лепче). Ама, престана да ги сака зеленчуковите каши и почна да сака да јади тоа ние што јадеме. Така се поопуштив малку и почнав да му давам од оривчето, па малечки парченца меко овошје, леб со јајце+абц сир или павлака намачкано, кашкавалче и сл. И јас бев ептен позитивно изненадена како детево почна се' да си јади (ок, на моменти се случува како да се закашла/засркни или како гадење) ама тоа мислам дека е нормално. Ама бев изненадена колку јас се плашев а дечково спремен си бил за ручкање. И сам сака да си ги става парчињата во уста. Некогаш ќе го земи залачето со лева рака па го префрла во десна и го ручка (или обратно)). Пробај со нешто меко, ќе видиш. Варен батат/морков/компир. Или прво почни со пасирано ден/два па после со малечки парченца. Од кога сменив на неблендирано, малку побавно јади бидејќи нели не му е само лапни-голтни Манџички јадиме, ептен ни е сладок ) Имаме само 4 запчиња (два кеца горе, два долу).
Не цица веќе 3 дена, не ни бара Спиеше една вечер за прв пат кај моите без мене и кога дојдов наредниот ден да му дадам вечерта да цица и цица ама се трга и не заспива. Ја бараше мајка ми да му раскажува приказни и така заспа. Прв пат после 16 месеци не заспа со цицање. И после тоа не ни побара да цица. Не верував дека ќе ме откачи толку лесно, зошто беше ултра страствен цицач и многу ми е тешко. Се мислев да му понудам да цица ама што да го зезам ако сам не бара. Може и него му беше стресно последните цицања, затоа што мене ми беше нервозно висењето на цицка по половина час, па и сам се откажа, не знам. Како и да е, тешко ми е, лошо чувство, моето цицалче веќе да не цица. Ајде и јас да одморам малку, за 6 месеци ново цицалче ќе се атачира за цицка
Мајки не сте свесни која леснотија е дете само да се одбие. Доење до една година е одлично, се над тоа е совршено. 2 ке полни и немам идеја како да го одбијам. Ке има плачки ама не верувам само 3 дена да трае одбивањето. Стресно ке е за сите, сигурна сум. Може да поцица уште малку ама кога и да решам за одбивање нема да е лесно. Последнава недела јаде солидно без сируп за апетит. Заби сите на број. Ама пак е нејадач, пак е со молење.
Мајки кажете некој сируп за апетит кој навистина помага. Ништо да не се јадело само цица и ден и ноќ уште малку 17 месеци ќе правиме. Само правам јадење и го фрлам одбива не ни пробува. Ај разбирам топло му е ама барем малку да касне а не ич.. многу се нервирам
Кај нас не помогна, а се прскавме и јас и децата, и малата на золва ми. Пак бевме искасани. Досега само Аутан се покажал најефикасен, од хемиите и Мустикер од поприродните средства.
Лелеее исто, со месеци така и почнав да и давам на сила, отвара уста кога ја седнам и и давам лажичката по 100 пати, она врти глава, јас пак и се така и виде не виде ја лапне и се така. Што да правам, ако чекам сама да побара никогаш нема да јаде нормално Јас и давам сируп на бекутан тој омега мултивитамин така нешто се викаше, не можам да кажам дека отвара апетит,јок..
Здраво на сите. Јас сум нова на форумов.Би сакала да ве прашам за постапалки за машко дете кој ден се прават, секој различно ми кажува а јас како што знам среда или сабота за да биде среќно
@RAK91 знам , тоа чувство не се опишува , и мене ми е малку тешко морам да признаам , ама како и да е еден ден мораше да се стави крај. Ноќва поминавме по добро , значи не можам никако во кравет да ја легнам , те со песни , приказни се пробав се симнува сама и оди во другите соби. Вчера реков ај да не ја шетам со количка во 23 часот ноќта , ќе ја оставам така да и се приспие да си легне. Не бре луѓе , ако не ги угасев сите светла во претсобјето , таа уште ќе си седеше. Само што ја легнав ја погалив веднаш заспа. И од 23и30 стана во 7и15 , нешто подобро од завчера. Се разбуди еден момент може беше 4 часот сакаше да ја повлече блузата , ама пак ги затвори очите и продолжи да спие. Денеска пак ме влечеше неколку пати ама ќе и текнеше дека цицето не е чисто и само ќе речеше пуфф и ќе ме оставеше. После колку време да очекувам скроз да заборави?
Памтат долго мислам. Долго време немој да му се разголуваш на детето и да го стРвиш Мојот после еден месец кога ме виде гола, ми рече дека тоа е нане нане И да седев мирно ќе го шмокнеше.