А што пример за имунитет? Пошто и ние се спремаме за градинка Мојата не појдена од негде закачи вирус :/ среќа пројде инаку 1 ден со 39. 7 на 3 саати антипиретици и на крај антибиотик 5 дена од не одење во градинка Пиеме д3 на пливит и Молерс незз што би земала за имунитет???
Не баш ете вчера се намачкавме неа не сум ја проверила ама јас имам убоди..... Може помалце неголи без него ама не е скроз ефикасен а што смрди тоа друг муабет прв пат кога го прснав си реков нормално ке бегаат па и јас ке бегам од мирисов не па комарци
Да се за Да се замешам средствово е супер на сестрами малата дамо со тоа може да и се отплетка косата а стварно е пуцвал.... Сега веке е поголема ама сеуште тоа средство го користат
Има на бекутан едни кесички како сокче се растворуваат ги купив пред една недела,јас давам Бејби Вит и Молерс и Биогаја.Пливир Д3 нели не се даваат во лето?
Јас после 11 месеци од царскиот му се вратив на вежбањето Можеби требаше и порано, но тогаш ми се врати желбата.
Јас неделава почнав, малку ми е страв бидејќи осеќам како затегање (што е нормално си велам после вежби со стомачни). Ти осеќаш нешто? Кај мене можи повеќе и "шубето" работи
И мене ми беше така во почетокот, но веќе ништо не осеќам, се зајакна сè. Мене кичма почна да ме боли пред да почнам да вежбам, тоа и ме натера да го мрднам газов и секоја болка ми исчезна
Здраво мајки Дали сеуште трае вирусот со пролив и температура? Ние веќе лежевме пред две недели со температура еден ден растечено и затнато носе па после кашлање но помина. Од вчера гледам има пролив и така плачлива и малаксана. Ништо не јаде . Плаче за се живо ,само надвор да е. Ми е страв пак да не крене температура, аман веќе со овие вируси....
Да ти кажам и јас поради тоа. Пишував порано овде, во спиење грбов и половината ужасно ми се укочуваат па си реков да се размрдам малку. Само за операцијата малку ми е страв, ама ќе гледам да не се напрегам многу
Има вируси, давај и пробиотик обавезно и мн течности. Кажи ми кашлицата како ви помина? Мојов се мачи со неа..
Од течности пие вода по неколку голтки и тоа е. Никаков сок, чај , јогурт ...и тоа што цица но не е некој си активен цицач. За кашлицата пиевме сируп хербион два пати на ден и откако ќе и го дадев почнуваше да кашла обично навечер, ја мачеа шлајмовите. И беше растечено и носето па лепев лепенки и полесно дишеше и не кашлаше. Помина за неколку дена.
Од овие лепев ,сечев на пола и лепам на пижама на гради ,спиеше на перниче повисоко и престануваше да кашла .
Здраво мајки. На малата од 3 јуни и правиме брисеви од нос во биотек и цело време бактерија излегува. Најчудно од се секој пат некоја нова веќе навистина не знам што да правам, не можам со месеци со капки и антибиотици да го трујам детето.. дали има некој што се соочил со истата ситуација? Дајте некој совет што да правиме…