Мене докторкава ни брис ни крвна слика не ми даде. Ми препиша ефедрини капки за нон со цитерал помешани. Ќе ја пратиме како ке биде, се надевам ќе поминеме само со тоа. Вака весела е, игра трча пее, јаде.. но навечер е проблемот не може да спие..
Вие ептен долго 1 недела се мачите. Зошто не ви препишат некои капки. Не сум и јас за лекарства но кога гледам како се мачи ме фака жал а кај нас не поминува носето само од себе за жал..
Па освен диво оригано и септоаква друго не ставам,прозирни и се мрсолите,ќе видам поручек со матичната.А овие ефедрин капките за одзатнување ли се?
јас освен Изомар користам и спреј Низита.. добар е за одзатнување, се користи повремено по потреба по 3 пати на ден..
@azalea @chocolade како се малите?Јас од денес ке ја инхалирам со гарамицин и декса.Не ни помага само физиолошки.Ноќеска лошо спиеше,преку ден исто дремнала само 30 мин
i nie sme isti,sprej nizita ni dadoa eve tri dena uste isto,so pumpica vlecam ama ne me ostava mn place
najbitno e da se cisti noseto.. jas mu vlecam so pumpica, sednat vo skut, go drzam silno, cistam nose na brzinka, on vrtisti za kratko, ja kreva cela zgrada u vis, ama posle brzo se smiruva
Синоќа убаво спиеше,др ми рече септаназал да и прснам па капки цитерал,пет дена и толку.Па фала богу не фрчеше ноќеска со носот,се наспавме.Првпат ставам антибиотик,ама мора,цело зимо само со носето имаме проблеми,ваљда малку ќе се среди сега,а за понатаму планирам да земам од спрејот Ацидосалус и онака оди во градинка ,барем колку толку да има некоја заштита,тој е со пробиотици
Ни помогнаа капките, подобро дише се наспавме и ние вечерва. Продолжувам со капките 5 дена, инхалација само со физиолошки 3 пати на ден иако нешто посебно не ни помага. И нас ни рече докторката ако се влоши да ја инхалирам со дексаметазон. Вие како сте денес, спиеше ли малата нокеска? @azelea вие како сте?
Да нокеска мирно спиеше.Активна е,убаво јаде ама хрчи на големо.Мојата педијатарка вика кога ке и дојде кашлање со шлајм да и бркнам во грло со шпатула за да исповраќа :/ Ке тераме и денес со инхалацијата со декса па ако до утре не се намали секретот ке барам друго чаре.
Пишуваа за некој природен лек со кромид орев... да пробаш со тоа прво? И тапкај ја по грбот за да не и се лепи секретор на плуќа. Се надевам брзо ке им помине Тоа со шпатула јас го испробав пред некој месец но беше неуспешно. Плачеше многу и не можев да ја мачам. Звучи лошо но ако успееш ке и олесниш многу. Јас дадов сируп за искашлување и така почна сама да го исфрла со повраќање.
Синко некни само цел ден беше со тт до 38.3-4 но успеваше сам да ја симнува. Мајки,не знам колку правилно постапувам што не давам сирупи,но весело е детето,јаде.... Само чорапчињата со вински оцеет ги натопувам и успева да ја регулира тт. Се двоумам,зошто околу мајкиве сите ме прават ,,ненормална,, што не сум давала сируп. Има и шлајм но бебе е махер не ги поднесува да му стојат,па повраќа додека не осети дека му е чисто грлцето. Тежок период владее,внуците од брат ми се цела недела со тт,непрестано кашлање,венски инекции...
Да да ја тапкам и вода често и давам.Имам и бел слез,добро ме потсети ке и дадам од него.Супер е за шлајм. @LaDyDoLl терај како ви е арно.И мојата имаше вчера и денес од сабајле не мн висока Т.Ништо не и дадов.И ок е сега мирно спие нема Т.Тука нема глобално решение за сите исто.Секој организамор различно поднесува и прикажува симотоми
Имам чуено за вадење шлајм со пердуф. Се попарувал пердувот (или се врие неколку Минути). Врвот се намакува во зејтин и се става во устата/грлото на детето, тоа го иритира и ќе го исповрати. Ние имаме проблем со шлајмови, ама тепко нешто да ги разреди или да помогне брзо да ги исфрли. Ова со пердувот не сум го пробала, малку ми е шубе. Ако има некоја пробано нека каже искуство. Се прашувам...што ако шлајмот се исповрати, ама се закачи некоја бактерија ??
Јас знам за тоа со пердувот.син ми на 5 месеци имаше многу шлајмови едвај дишаше.една роднина ни кажа дека има жена во лозово незнам дали знаеш дека е тоа,таа со пердув брка во устата на детето и ги разредува тие и ги повраќа.ние од мака отидовме и да ти кажам колку е тешко само за детето јас не можев да издржам да гледам како се мачи,таа го зема на земја седната и меѓу нозе го стиснува и му бркнува со перцето овоа повраќа многу многу една крпа голема полна со шлајмови.и така му прави трипати.зема по 1000 денари на одење.ние го однесовме уште еднаш.и после разбравме дека на едно детенце што го носеле таму му повредила гласна жица и тоа е сега 6 годинки а не може убаво да зборува ништо не му се разбира лилно го познаваме.инакѕ од тогаш синко не е имал такви проблеми.а тоа беше лани лето.позз
Немојте мајκи,пеρдуви? Пρи самата помисла се гадам а не во уста на дете да ставам. Доκолκу може,најубаво е да го повρаќа,а богами јас еве два дена постелнини менувам Κога син ми има шлајм,мислам деκа по 10машини пуштам да се пеρиме Мноооогу повρаќа,но затоа не останува ништо во него.