Од раѓање е вака како новороденче беше повеке будна него ли шо спиеше. Долг период е со дремка од 30/40мин и нема шанси да ја презаспијам секундарно е на нозе и заспива сама без нишкање. Не е кенкава преку ден напротив е со фул енергија а нашите се во минус
Да секој ден после поручек околу 10:30ч. Направив пауза месец дена, но има мака со цревата и грчевите па матичната ни рече дека нема лошо ако давам пробиотик до 2,3 години.
епа и јас давам летово откако почна секој ден,па незнаев дали смее секој ден и до кога ќе давам до крај на лето
Една ннед после роденденот ссмена на една дремка и евее цел месец тераме така.. Спие одприлика два саата и толку е
Се молиме за јадење луѓе, ниту поручек ниту ручек ни вечера со сила се..само јогурт пие и евентуално среда лебче со зденка.. Досега што и давав житарки, овошје, зеленчук, месо, јајце.. Ништо од тоа, дали се заби или од жешково не знам..
Две дремки, околу 12 часот која трае некаде 1 час, час и пол и потоа попладне околу 5/6 и исто околу саат и пол (мах 2).
Колкави сте ? Ние сме 15 месеци и сме исти. Деновиве ама ич не јаде по една две лажички и толку . Има и пролив. Сварив ориз и морков но две лажички изеде ,после правев палента со млеко кисело но и тоа исто. Незнам колку храна фрлив досега .... Се научи изгледа на купечки каши бидејќи кога несум дома обично такви и даваат плус блендирани и кога давам нешто друго многу малку јаде а може да жвака има 11 запчиња.
16 месеци уште на две дремки од по еден час отприлика. Сум пробала и со една дремка ама навечер е хаос никако не се зацврстува, а ако сум длабоко заспана знае и паузи да си прави. Е сега за премин кон една дремка треба да чекам сам да отфрли или пак јас да му воведам една дремка па по неколку дена ќе свикне?
15+ е ќерка ми,со две дремки е. Првата е два часа по будење,некако брзо се уморува,трае 2 часа,а втората и пократка 40тина мин. Навечер ретко се буди,сега 4ки вади па знае да квичне од болка и да бара да цица. Имаше еден краток период со една дремка,но вака со две поубаво/поцврсто спие навечер.
Кога станува наутро? Ако ги споиш двете во една, можеби ќе спие подолго поручекта, а навечер таман ќе е изморен за да заспие и спие цела вечер. Сепак, клише одговор - следи му ја потребата. Морам да ти споделам како беше кај мојов, колку за паралела. До кај 14 месеци имаше две дремки. Но, еден период почна наутро подолго да спие, не се будеше сам, ние го будевме со сила, за да може да ги преспие двете дремки, да го фати времето. Зашто ако пример спиеше подолго наутро, потоа ќе беше како со една дремка, која ќе му беше недоволна, а две многу. Ама еден ден решивме да видиме до кога ќе спие и спиеше до кај 8-9. Првата дремка му доаѓаше по 4 часа и една дремка се покажа доволна. Сега го заспивам на 5 часа и од 14 и нешто месеци спие еднаш. Пробај еден ден да го подржиш подолго буден и види вечерта како би се одразило. На некој начин ние им ги регулираме дремките, според некои знаци што ги даваат. Важно е во денот добро да се измори, да прошета, па сигурно и подобро ќе спие.
Синко има најчесто една дремка 2 ипол до 3 саати максимум, а ретко му се случува 2 да има една 2 саата 1 саат максимум
На малава хемоглобинот и беше 105 пиеше капки Сидерал 2 дози па сега и е 109. Јади се,месо зеленчук,овошје,ама ете у место стои. И на поголемава и беше така додека беше на доење сега супер е.А се исто јадат. Во мисла сум дали пак да давам или да појачам исхрана која содржи повеќе железо. Кои капки ви се покажале поефикасни?
Малтофер ако можеш да набавиш, најдобри се. Ги немам давано на децава, ама јас ги пиев кога бев трудна со малата, одлични се. Уствари излажав, не капки, туку пастили земав, се шмукаат. Капките не можев да ги најдам, ама за деца се врв. Секако во меѓувреме и на храна појачај. Семе од коприва во секое јадење, спанаќ, пиперка жива ако сака да грицка, леќа, просо… се ова е богато со железо. За дремки, малава сега на 16 месеци конечно премина на една дремка (од 3, па и 4 саати некогаш) Почна да оди во градинка пред околу два месеци и таму пополека се научи, пошто сите други бебиња што се со неа во јасли спијат само по еднаш. Мојата прва заспива, последна се буди ама барем на една дремка е. Многу ми е полесно вака, со големата ќерка заедно спијат. Порано беше една легни, друга стани, ни да отидеш некаде, ни да планираш нешто Вака ни е супер Големата па точно на година ипол почна по еднаш да спие. Инаку моментално и двете се болни, малава веќе втор пат истиот вирус го фаќа во еден месец. Од градинка
Ќе ги најдам,ќе звонам и кај матичната. Беба моја од 7-8 месеци е на една дремка и супер ми беше. Заедно спијат од почеток,поголемава ја легнував на нејзината втора и така теравме од старт.
Па вака, заспива 22.30 максимум 23, спие до 9.30 па прва дремка околу 12.30 и втора дремка после 17.30 Е сега сум пробала со една дремка која му траела околу два и пол часа и навечер е неподнослив виси на града, прави паузи, кенка а некако голем ми е за две дремки. Ноќите ми се претешки се буди на два три саати а некогаш и на саат, едвај чекам да го одбијам некаде септември планирам како членката погоре наеднаш, се надевам ќе ја преспива ноќта ама ме фаќа паника како ќе биде, знам дека многу ќе плаче Вака денски не ме дрпа да цица, ама заспива со цицање
Од сидерал кај синко немаше никакво подобрување. 3 месеци пиеше. Малтофер од едно шише и тоа не цело. Јас набавив сируп, по 5 мл пиеше синко. Не е лош на вкус. Има и капки, полесни се за давање ако се буни како моево. Со вит Ц се земаат обавезно.
Скоро 13 месеци е. Само палента со јајце и кисело млеко јаде со сласт и без молби другото хаос..прав циркуз сме дома кога треба да јаде.. Инаку пролив нема, во ред е тоа. И купечки каши и домашни исто све хаос, ние само 5 забчиња имаме.