Нас ни се среди хемоглобинот но железото ни е ниско. Пиеме фероглобин втора доза со витЦ па ќе видиме наредна контрола.
Две дремки има уште, гледам дека рано му е да има една. Првата му е 2-2,5 часа, втората околу 1 час (понекогаш 45 мин.), а претходно двете по саат и пол. А баш полесно ќе ни беше ако имаше една. Како го научи да срка од чашава? Мојов дува наместо да влече
Пробајте лепче намачкано со некој намаз (путер и мед на пример) и исечено на мали коцки. Не ептен мали, да има што да фати и да џвака.
Дај му обична чаша. Ќе се изненадиш колку брзо ќе сфати. Ете јас исто сум се плашела, да не полива ова она. Му дадов прво за ракија чашичка, после купивме и малку поголема (како уз еспресо што даваат), детето си пие како професионалец. Си накренува, пие, и ја враќа чашата на место. Ако не му се пие, тогаш ја носи во рака, ја врти, и нормално ќе истури малку. Сите тие некапечки, Клунчиња, цуцлички - се тоа не носи напредок,и во суштина е тој цицачки рефлекс. Кај нас логопедите препорачуваат сламка како премин, а најубаво обична чаша.
Ти проба да се напиеш? Јас да,и многу е чудно. Неприродно. Барем со тоа гумата внатре се изнаигра, сепак ја искористивме Гумата ја лепи по фрижидер, ја стиска, сега последно ја превртува
Според мене, доколку ти е изводливо добро е да ги поместиш заспивањата малку. Ноќното да му биде до кај 22 часот, а утрото сигурно порано ќе се разбуди (мислам дека спиењето до 9 и пол за детенце мало е многу, во однос на детскиот биоритам); откако ќе се разбуди дремката да биде сепак околу пладне, неа остави ја така, ќе видиш како ќе му се приспие. На таа дремка гледај бар 2 часа добри да ги отспие, може и 3. По оваа дремка мислам дека нема поента пак спиење. Ќе игра, јаде, шета, ќе учи нови работи, и ноќта ќе биде доволно уморен за да спие. Ако си пробала вака, а сепак се буди, не знам чаре. Можда со прекинување на цицање би се средило, можда не му е регулирано доволно спиењето...А со цицање презаспива брзо? И не се плаши многу за одбивање, првата вечер можда ќе е мачна, после јас мислам ќе е добро. Самиот ќе престане.
Пробав да, што знам ок ми е. Мојот пие од чаша за ракија од 7-8 месеци нема гајле за тоа, сега знае да се напие и од голема чаша ама оваа ми е поедноставна да не истура по дома, му ја оставам на маса и си пие сам кога сака, не морам да му нудам на пола саат.
Стварно човек не знае што е правилно. Кај нас со сламка се препорачува,и мајките што ги гледам по парк такви носат. Ние за надвор користиме вакво.