Nuk чашката е the best, и мојава пие од таква. Имаме за секаде иста, за дома, во градинка, кај двете баби… Од мое искуство, за деца е топ. Пиење од чаша без истурање, праксата ќе си ја имаат. Тврдам, зошто и поголемата ми пиеше од иста ваква и после си премина на обична чаша (прво со сламка, па за брзо и без). Никогаш не истурала и претурала. Пиеше она од се’ додуша, не пребираше, и од шишиња со сламка пиеше еден период. Туку малава ми беше хит кога сфати дека уствари се пие од Nuk чашава Прво ја гризеше со денови и ја фрлаше, нејќеше да ја види. Кога, еден ден одеднаш случајно потегна, па кога ги ококори очите и од возбуда на екс цела вода ја испи Сега секаде се шета со неа и си пие, баш е практична.
Да чашките со клунче не се препорачуваат затоа шо прават одложување во развојот на оралните вештини и правилно поставување и користење на јазикот додека детето пие вода.
Пишав пред скоро време дека малиот сам се одби од цицање. Веќе и сама не знам колку време не цица ама околу 10 дена од прилика. Синоќа спиеше многу немирно, кенкаше, многу тажно вика 'мама' во сон и почна да ме влече за маица. Го одбивав неколку пати, ми падна жал и му дадов. Повлече неколку пати ама многу ме болеше, не знам зошто така. Млеко мислам немам освен еднаш кога стиснав и едвај една капка излезе. Од каде сега ова, навиката му останала?
Многу немирно спиење на вечер, се врти, кенка, заплакува се смирува кога ќе ја занишам.. Цело време вака спие од кога е родена еве сега скоро 13м,да се помирам такво е детето или што е проблемот? Многу е нервозно и напнато секоја ноќ иста песна... Не е од жешкото, нее е гладна, не знам што е ама е страшно лудилоооо
леле и моево така. Ко ќе видам 5:30 или 5:40 мислам ќе се шлогирам некој ден. Најкасно 7 е станат ама претежно е порано
За надвор му носам шише чико класично. Од сламка пие ако купиме цеден портокал. Чашки со клунче не сака, го нервира вакуумот. Од обична чаша пие без проблем ама откако ке се напие вишокот го истура и се забавува. Почна да заспива во 10:30 а се буди 8:30. Уште многу малку ја напуштам темава. Ми порасна детето.
Никако не го учев, на почеток само првиот пат му ја тргнав гумата да знае дека има вода внатре и дека треба да пие и од тогаш сам си продолжи
Хаха, баш. Ќе се врти по креветот, како да не може да се намести и ќе почне да плаче. Или пешки тргнува накај вратата. Пробам да го земам в раце - вреска.
Мојот околу 14 месеци почна помирно да спие и да не се буди. И долго време си спиеше докај 6:30, 7:00 дури и 7:30. Само околу 5 му е критично и многу се врти, некако полесен е сонот тогаш.
Две работи ме мачат Мајки на 18 и над дечиња каде седите кога патувате на подолги релации (2 часа минимум) на сувозачко или позади со детето??? ФЛЕКИ ОД ХРАНА со што да ги отстранам конкретно од овошје пробв да тријам со прашок пред да ставам во машина негде успева негде не.... Некое магично средство?
Ако најдеш нешто што вади флеки кажи ми. Јадеше патлиџан и уништи бела маица, на прво носење. Јас секогаш седам позади кратки долги релации. Не сакам да е сам и постојано бара нешто да чепка или јаде. Има некоја причина да сакаш напред?
Секогаш седам позади со него без оглед на релацијата. Јас користам омино бјанко за флеки,но не секогаш ги вади,особено тие од овошје И давам на мајка ми на перење кога има флеки на бели алишта, она става сјај за садови ,трие и пере на 90°. Некогаш се вади,некогаш не. Грешка си направила,мене после 1м од одбивање ми ги галеше и бакнуваше и одеднаш му текна отвори уста за цицање. Избегав како од мечка мн ми беше страв да не повлече..за памтење ќе памти уште долго,мојов е одбиен пред 2 месеци и до скоро тажеше по цицето,а и сега знае да ме погали. Но барем сега сам си кажува цицето расипано е. А кажува и дека од таму пиел млеко кога бил мал Јас не ги стискам градите,но се случува кога сум без прслук да ми се намокри маичката една точка,баш кај брадавката. Пред 1м правев ехо на дојки рече има уште млеко во каналите .
@*malenavolena*87 јас ставам хлор на бели работи ако се искашка, ги вади за секунда, а и на шарени ставам зависи од материјалот, некои ообелуваат, некои си останува иста бојата, а флеката ја вади. Мене само тоа ми е спас. Друго ништо не вади флеки како хлорот.
Јас користев Фрош спреј за дамки. За нешто делува за нешто не но многу лошо мириса. Ако не ги испереш тие алишта посебно и другите замирисуваат.
Јас сите можни флеки ги имам извадено со Арис де грас со дупло дејство. Прскам пред перење скоро сите алишта, да постои 2-3 минути и ставам во машина на 30 степени. На некои ептен тврдокорни флеки им треба второ перење, инаку во глобала до сега Арис ми е закон ептен
Знаев, во моментот се покајав многу ама не можев да го думкам за да презаспие многу уморна бев. Еве синоќа ништо, си спиеше без да се буди, се надевам момент му беше и не ја зезнав работата Каде беше на преглед, и јас сакам да одам?
Од кога седи во седиште без разлика на кратка долга релација седам напред. Обожава да се вози така да немаме проблем никаков.
Мене веќе ми се вози напред на кратки релации нема гајле дури гледам поинтересно и е кога не сум до неа.... Утре ке пробам и на долго па ке видиме