Мајки дојдов да се пожалам оти пукнав. 17м сме, немаме преспиено ниту една вечер од кога е роден. Во последно време се понаша како новороденче, се буди на секој пола саат, плаче, бара млеко. Со ништо друго не се смирува. Има ли некој скок во развој овој период? Немам спиено една недела има ли некој искуство што да правиме, нормално ли е една вечер цела да немаме преспиено или има некој проблем детето?
До 19м се будеше ноќе. Ретко еднаш, најчесто два-три пати. Имаше ноќи (околу 9-10м) кога спиеше по 40мин Откако го одбив од цицање,ја преспива цела ноќ и конечно се наспавме и ние.
Мерикс сапун тријам отперувам и во перална . Зависи од флеката мрсна , од овошје, застарена... и арис де грас многу вади флеки .
Седни ја со вас на маса,готви за сите(јас без зачини правам се) така јаде со нас кашички нема шанси вика НЕ
Ве читам за пиењето вода. Само моево ли не сака да пие воопшто се пробав до сега ама нејке и нејке. Му дадов завчера сок без шеќер, како лакомо го испи, си велам детево жедно е а јас не знам како да го научам да пие... дали можеби зошто сеуште цица па не сака вода? Буквално само што ќе осети дека е вода ја плука до последна капка! Во денот дали 30мл ќе испие на сила, што е премалку
Исто и кај нас, не пие вода, штом ја осети го бутка шишето и ја врти главата, уште малку 1год. Јас и давам бистар сок од јаболко без шеќер. Ако не и дадам сок, ќе испие многу млеко, на жештиниве им требаат повеќе течности. Вода пробувам, и давам ама упорно не сака да ја пие.
Седам со него назад. Син ми има 16 месеци, ама до кај 2 години здравје би седела назад. За флеки облеката ја ставам во леген со жешка вода и вениш кесичка растворам и ја оставам да кисне една вечер. Што излезе, ок, па така и чаршави со флеки од сосој, ајвар итн ги киснам и сѐ излегува, а што не излезе, здравје. Ако е бела, ја тријам и со доместос. А за шарена ако остане минимална флека, се учам да ги прифатам, како спомен од овој бебешко-детски период.
20м не сум спиена а не една недела. Ни преку ден ниту преку ноќ спие. Сите скокови и регресии беа дополнително изразени.
Офф година и пол не сум спиена, камо да беше една недела ако може мала помош купив модар патлижан ама не знам како да му го спремам
За спиењето немам помош А модриот зависи што сакаш да правиш? Можеш на коцки во друга манџа или пак ако сакаш пресечи го на пола нароси маслиново и малку зачини како што ставаш за друго и во рерна н хартија да се пече ама така дал ке ти го јаде??? Јас за нас еднш направив така преубво беше Значи пропржен на малку масло кромид пиперка и патлиџан и лук Во рерна ти се печат модар и тиквица (исечени на пола по должина) кога ке се готови ја вадиш срцевината и ја додавш на овашто ти е на рингла и по потреба додаваш вода и оставаш да се кува.... Првично ова го направив за малата ама не го сакаше а ние прсти излижавме Исто можеш и да го нполниш модриот со зеленчук.... Има разни варијанти
Хаха не ми треба помош за спиење, сфатив дека човек може да живее и без спиење А дали може сварен како што ја варам тиквичката? Благодарам многу
@elimkd @haruki не ме разбравте, 17м не сум спиена туку оваа недела ептен по цела вечер не спие, заспиваше сам, сега заспива со нишкање и за 20мин е станат и плаче по цела вечер. За тоа мислев некој скок да не е или што знам. Инаку е уште на ад и не знам како да го одвикнам
Убаво те разбрав верувај има ноќи кога се буди на 15мин има ноќи кога се буди по 5 пати се шо е под 5пати за мене е мирна ноќ. Преку ден спие еднаш пола саат. И кај мене пие ад еднаш во текот на ноќта.
Да, последен. После се засилуваат тантрумите. Ние 9тиот релативно лесно го поминавме. Спојлер: 10ти скок