Не пишува ништо за регресија ама на нет има дека постои регресија која трае од 2 до 6 недели. Скокот трае од 72 до 75 недела.
И со цицање не се будат. Мака е да заспие ама штом заспие, а претходно да е јаден, не се буди за титем.
Јас едно знам а тоа е дека се е до детето. Измори го да спие, не го преморувај за да спие, одбиј го од цицање, не давај млеко, давај цуцле ма на глава ако сакаш застани или спие или не спие. Моето мислам дека до прво одд ке се буди
И јас мислев исто, дека никогаш нема да преспие ноќ ама се смени скроз на 14 месеци, ново дете имам. Знам дека твоето е поголемо ама пак, сакам да кажам ќе дојде подобро време, издржи
Јас од лимес го земав кога купував перница случајно и топ излезе, сите дамки до сега ми ги извади.. И да се едитувам, мислам дека бебево мое прв пат имаше тантрум, ама вистински. Сакав да му облечам чорапи, тој не сакаше. Тука настана хаос и дерење од грло, липање. Читав демек да се остави само детето, ама кај моево не пали. Кога ќе му се тргнев од видик уште повеќе урлаше. Он секој ден се лигави за све и свашта, ама ова беше страшно. Се надевам ќе биде поретко, стварно е потресувачки..
@*malenavolena*87 изгледа наjранo сум пoчнала да jа oставам сама пoзади уште пoсле 6-7 месеци. Наjмнoгу jа oставав затoа штo пoвеќе сама jа вoзев и се навикнав некакo дека сама е пoзади. Сега сo уште еднo бебе oд 2 месеци секакo не ме сoбира пoзади. @haruki генерациjo пoгoлемoтo пoвеќе ми се станува (буди) oд нoвoрoденчетo навечер да не гo урoчам и тoа. Дo дететo си е дефинитивнo.
@*malenavolena*87 јас во кола гледам до неа да седам ама најчесто сама возам и нема кој да седи до неа , ако не е сестра и тогаш сама. 9 дена откако ја одбив. Уште знае да ми ја тегне блузата на моменти преку ден , а навечер фала богу спие. Ја преспива цела ноќ без да стане. Само со градиве што да правам. Таман омекнаа реков готово не се собира веќе млеко, од вчера проблем со десната грутчиња полно имав и морав да се стискам. и не само тоа туку и боли ептен.
И јас само да се поместам малку за време на тантрум, уште повеќе се нервира, се раздразнува уште толку. Не го правам тоа намерно да го тестирам, така моментално беше, ама сфаќам дека не сака така. Јас не сум за оставање да плаче и да му помине нервозата од себе. Гледам дека кога ќе клекнам да го гушнам, одма се смирува и сфаќа дека тука сум за него. Многу поубав начин за справување со тантруми. Е допрва шо ќе биде, ќе видиме...
Мајки кажете некоја финта за намалување подои/одбивање.. 15 и пол месеци е,ни ваму ни таму. Многу почесто почна да бара,вика тите и си крева маица,ако не дадам одма драма прави,кенка. Млеко имам премногу,речиси откако е родена ми тече од двете гради истовремено. Супер јадач е,јаде редовно и буквално се,па тоа ми е олеснителна околност. Ве читав со поголемки деца со креон.кармин или разговор,кај нас тешко би прошло,нема да свати:/ Се пентери по мене,цела сум модрици,па цица де од една-де од друга града.Крш.. За возење седам позади со неа,а кога ја возам сама нема гајле,обично се и пократки релации тоа.
@Jana06 дојдов да ти кажам дека ехо на дојки се прави 2 до 3 месеци после одбивање. Денес бев јас на ехо и баш го прашав докторот. Инаку јас бев на ехо зашто од нигде никаде во петокот добив болки и црвенило на десната града. Нит намалив подои, нит нешто сменив и од памет се извадив. Ставав зелка и топли облоги и ми помина ама сепак бев на ехо. Испадна дека било мастит, но сега е веќе во фаза на поминување. Инаку сега кога ве читам за спиењето преку вечер, можам да се заблагодарам за спиењево на моето дете. Од 4 месеци некаде почна убаво да спие, а од 6 веќе не се ни будеше преку ноќ. До душа јас спиев со откопчана пижама и сам си се послужува кога сака. Ама сега веќе само сабајлечи го осеќам дека влече. Ама големо влијание има тоа дека спие меѓу мене и татко му. Да спиеше во креветче и ние ќе имавме мака 100%
@Jana06 ке се помирам ок такво ми е детето и издржувам навика е ама на моменти ме фака страшна нервоза еве @Larahappy ми дава надеж дека вторите деца спијат подобро ја мислев беба твоја дека преспива ноќ затоа што некако имам впечаток дека е едно од најмирните од генерацијава
Фала за информацијата. Вчера кога се бањав осетив некое топче на едната града ама не болеше и после никако не можев да го најдам. Може некоја жлезда била, не знам. Планирам месецов да одам на гинеколог, па ќе и речам да ме прегледа ќе видам што ќе каже. Инаку, не е ни до спиењето. И малиот спие меѓу нас откако е роден. Пробавме во креветче после роденденот и си спиеше уште од прва вечер, истовремено од цуцла го одвикнував и не направи никаков проблем ама сабајле накај 5 си доаѓаше меѓу нас. Еве сега од никаде сам се одби и почна да си спие. Значи се буди тој ама одма презаспива, јас тоа го рачунам за преспиена ноќ
Мислеше моето дека е најмирно или на @Larahappy? Колку е мирно моето покажува вагата Вака слаба не сум била од трета средно Сега сме супер, не се жалам, темпераментот му е таков.
На Лара твоето знам дека е со моторче во газето иста сум само во минус одам со килажа гледаш да имавме мирни бебиња ке се жалевме од килажа
Мoетo е наjгoлемo пискалo и љуткo. А нештo не и е пo неjзинo oдма имаш легнување на земjа. Кoга е сo мене, ме гледа вo oчи и си гo тера неjзинoтo (трча пo гарнитура, се качува на маса...) , дoдека каj таткo и самo пoглед и е дoвoлен и oдма се и е jаснo. Иначе бесна е мнoгу, пoгoтoвo пред oдмoрoв беше и премнoгу нервoзна вадеше трojки. Не мoжеше да се издржи периoдoт плус сo нoвoрoденче дoма. Нo на oдмoрoт дететo скрoс се смени oд штo и беше истрoшена енергиjата и беше наjадена. (мислам дека вo градинка не jаде дoвoлнo, а ми велат дека jаде). Пред oдмoрoт буквалнo oд наjгoлем jадач пoчна да гладува и сo плачење да и ставам лажиче вo уста. Oд друга страна ме изненади какo гo прифати бебетo, кoлку е нежна сo негo. Гo гали, главата jа става каj негo на меше, му нoси цуцла, играчка... Самo штo ќе стане oд спиење или дojде oд градинка гo бара. Какo знае дека треба да е нежна или трпелива дoдека цица... И е дете штo премнoгу jа сака градинката, насмеана oд 6ка дo 6ка кoга ќе jа види учителката на прием. Наjсмешен ми е мoментoт кoга ќе ми пратат oд градинка слики на вибер заиграна сo една играчка, а дoма ништo не jа интересира. Имаат ли вашите oмилени играчки? Мojата има една кукла, не jа пушта oд раце, дури вo мoре се бањаше сo неа. Па jа гушка, храни, плаче акo и jа земеш... Таа и е единствена играчка штo jа интересира. @haruki @KuklickaSk какo се вашите сo збoрење? Мojава ништo oсвен бебешкo збoрење цел ден. На @Sofi.ja знам се си збoри.
Ќе ја фрлев преку тараса,буквално се понаша како лани оваа време плаче 24/7 уста не затвора,4ки и растат ја мачкам со бело ладно вино и мундисал,цела ноќ ја лулам на секоја саат бара да цица Вчера несакаше ништо да јаде одкако си дојдов од работа на се ми викаше НЕ и плачеше,ме фати за рака да ја шетам само тој пола саат не ни беше со плачки.Глава ќе ми пукне си направив голема чаша турско кафе без шеќер за да поработам Убав ден мајки
Мајки, кога воведовте мед? А печурки (свежи шампињони) од кога се даваат дали знаете (ако воопшто се даваат на олку мали деца)?