Може печурки, мене педијатарот ми рече може. Ама немам дадено дека не сме во Скопје, чим дојдеме веднаш ќе му дадам. Мед немам дадено ни јас уште, 13 месеци е.
На 2 години и месец почна да спие цела ноќ. Таман се израдував, се врати на старо. Сто пати се буди, и не само тоа. Седи будна по два - три саати. И не, не во кревет, него си игра во салон со играчки. Будна во 6 веќе. Во 7:30 /сме на љуљашки
Синко уште пред година не се буди да цица, врзува цели ноќи. Ова особено важи кога е сит. Кога не јаде, тогаш знае да бара титем. Мене и кога се буди не ми е проблем, титем и продолжуваме да спиеме.
Мед дадов на 13 месеци прв пат. Печурки на 11 мислам беше прв пат, свежи секогаш и за нас земам, а ги јадеме мноогу и еве до ден ден кога готвам со печурки и нејзе и ставам обавезно, скоро 16 месеци е.
Не знаев за печурките, некоја ми имаше пишано после 3 години, а на контрола одамна не сме биле за да прашам. Какви купувате и дали ги спремате како за вас? Јас не јадам печурки, па не знам
@Larahappy иста ситуација со татко и со поглед се разбираат мене ме гледа и се смее. А ниту тој ниту јас не сме повишиле тон секогаш пристапот ни е ист. За зборувањето кај мене имаше бум на 18м од дете шо кажуваше околу 15 зборчиња почна да сврзува прости реченици и тоа преку ноќ шо се вика, искрено се изненадивме не отчекувавме така да се пушти наеднаш. @srekice баш затоа не се радувам до душа кај мене нема преспано ноќ но ете така ако е малце по мирна од вообичаено мм ке рече ај добро е може и вечер ке биде ок и можеш да замислиш шо се случува ке наплати тро дупло Имам еднаш пишувано за тоа играње со играчки во 2 ноќта пробав да ја игнорирам да не мрдам да не палам ламба но секогаш завршуваше со тантум е сега во последно време не вика се труди да испадне сама од креветче а не е долепено до спална и оградата не се спушта ке шлакни на земја ако не станеме.
После 12м,на лажиче директ во уста. Другиот ден малку повеќе и после во каши ставав бидејќи немаше никаква реакција.
Печурки 12+ од прилика,мед на 14 мес. Ако ви е страв за медот,подобро е да се почне со багремов,цветниот е поспособен да даде реакција бидејќи пчелите собираат полен од разни цвеќиња.Ова е чисто цепидлачење,не се секирајте многу @lavinija28
Шампињони и шитаке од кај 9-10 месеци, сега веќе секакви. Имаше на форумов дека не се давало, никаде на друго место не успеав да најдам зошто не, и во консултација со педијатар почнав да давам. Мед не гледам потреба, засладувам со банана, здравје понатаму може и да дадам. 20 месеци направи тртле мое, цица како 5-6 месеци кога имаше, само што тогаш не можеше да ме влече, да ми ја крева маицата и да се треска од земја ако не добие. Ноќ исто така немаме преспиено цела, има периоди кога спие помирно (два три дена во месец), ама генерално се буди икс пати. Без цице не памтам да се случило да презаспие. Денски спие саат и пол два, ама со прекини. Овие неколку дена со плачки се буди, не знам дали се заби или што е. За зборување, скоро секој ден вади по нешто ново, многу повеќе не имитира од порано, ама не зборува чисто. Пример цвеќе е цеце, ало е ау, не знам дали е нормално? И на с, ц ми шушка Во последно време многу го сака Томас возот, имаме книги а некогаш му давам и цртаниот да го гледа, ги разликува повеќето кој е кој, а на неколку и имињата им ги кажува, ептен ме изненади. Особено зашто до пред два три месеци ништо не кажуваше. И така. На крајот на секој ден се осеќам како маратон да сум истрчала, најчесто ни во телефон ми се гледа ни ми се чита нешто, а не ни имам време. Kога ќе заспие останува еден куп работа, алишта, садови, потсредување... Поздрав, мајки.
Бели купувам, а како се викат не знам За неа ставам 1 печурка средна големина прво ја ставам во вода штом зоврие ја фрлам таа вода, да излезе тоа црното и после ставам заедно со друг зеленчук да се вари пак и тоа е тоа.
Јас пред да наполни 13 месец и дадов да лизне прво на лажиче. Другиот ден не дадов. После пак така и дадов да лизне и се така неколку пати. Немаше никаква реакција. После почнав да и давам во кашата овошна понекогаш и ставам малку, во чај кога беше брат и болен пиеше чај со мед и она му ја грабаше чашата и пиеше, а брат и става по 2 лажици полни мед, многу сака мед. И тоа е. Како сакаш така го даваш. Сега и давам во кисело млеко мед го сака гледам, тоа домашните јадат и она е многу по јадењето и од се сака да проба кој што јаде и тоа баш и се допаѓа, а обично кисело млеко не јаде на пример.
кога почнуваат да зборуваат по неколку зборови сврзани? Ќ е 13м и само мама, баба кажува.. Друго ништо