Мајки како се справувате околу јадењето. Мојата од јадач по 220-250гр премина на едвај 100-150гр а понекогаш и воопшто ручекот не го јади.Се буди околу 06 пие 210-240мл млеко,потоа доручек околу 09-09:30 јаде најмногу 180гр оброк со сето молење,потоа накај 12 пие повторно млеко (180мл ) и заспива. Спие одприлика по 2часа,потоа ручек околу 16часот,и вечера до 20часот.Заспива околу 22-23 со 210-240мл млеко,и си спие до 06 наутро. Незнам дали некаде грешам или од жешково одбегнува да јаде. Помеѓу оброците си пие сокчиња,вода,си грицнува смоки,и овошје парченца си јаде.
Да не е премногу млеко, сокови и грицки? Пробај намали со млекото и соковите исклучи ги, нема потреба.
Не верувам дека е од сокот бидејки цел ден и се собира најмногу до 150мл (а пробав два дена ич сок не и дадов и пак исто беше) а и смоки не јаде којзна колку 1 кесенце стоби флипс од (20гр) го јаде два три дена.Ќе пробам да намалам млеко но не знам дали ке ми успее бидејќи без млеко никако не заспива
Не се секирај малку сме нема да можеш да го изгубиш сабајле бевме јас и уште еден дедо со внуката.... Овде низ Ск па дедовците главни за внуки чување.... Јас на свекор ми да ја оставам ке ја загуби...
Зошто даваш млеко преку ден? Доволно и е само пред спиење, малата од кога има три оброци не давам млеко преку денот, кога ке стане ако испие 210мл млеко нормално дека нема да сака појадок барем кај мене не. И не се водите по грамажи па шо ако се деца не може секој ден исто да јадат. По ова со грамажите претпоставувам даваш блендирана храна па да не е до тоа проблемот шо одбива да јаде? @*malenavolena*87 знаеш вака кога размислив подобро и да сакам нема да можам да ја изгубам ке ме најди одма
Ехее моево на скоро 17 првпат кажа мама со значење, еве 20м е па уште не сврзува зборови, само мама тато одеднаш кажува кога мисли нешто на нас двајцата. Ако добро се сеќавам, пред две години треба да кажува по две зборчиња, ама сѐ зависи од детето. Знам дечиња иста возраст како синко веќе реченички кажуваат. Туку морам да прашам, надвор како ви се однесуваат малите? Кога го симнувам пред зграда он не престанува да трча. Трча до другиот влез, се качува по скали нагоре, трча низ ходник, па ајде надоле, трча до кај ѓубрето, трча до вирче, трча низ вирчето неколку пати, па назад накај нашиот влез, нагоре надоле неколку пати итн итн вака околу пола саат, се преморува и си одиме дома. Ако го изнесам со тротинет, исто, не седи на него туку го бутка трчајќи, исто без престан околу пола саат. Во парк иста приказна, може да поседи во песок малку да си повози колички ама поголем дел од времето е во движење. И јас нормално цело време трчам по него, после ми викаат сум имала дупки во образите и ми се познавале жилите на рацете. Епа. Ги гледам комшиските деца, има неколку негова возраст и помали поголеми месец два, дадилките си седат во кругче на сред маало, дечињава тука си играат околу, си бутка точаче во мало кругче, си седи ги гледа теткиците како си прават муабет, или се шетаат за рака...!? Како?? Дај кажете некоја тајна ако има? Нешто правам погрешно или??
@mother_nature син ми за 2 месеци ќе прави 2 уште не зборува. Вчера прв пат кажа тата со значење. Знае на македонски да брои до 5, на англиски до 10 . Ги знае и бројките одделно ако го прашуваш. Има и уште неколку збора на македонски со значење. Ама не поврзува зборови. Се зависи од детето. @rainbowmama и мојот така правеше. А ако го иставам на ивралиште,на нишалки или кај што има деца мене не ме регистрира. Не ме слуша ни се врти ,ништо само трча како збудален. А сега на 22 барем во малата е добар. Си седи си се занимава ,игра со децата, се вртка околи нив, знае да си седне да си се зафати со нешто, ме слуша умен е се потсмири.
Многу живо и пргаво ти е детето. Мислам дека не можеш многу да смениш. Мојот оди, трча, ама знае и да си се заигра во песокот со лопатка, да си седне на некоја даска. Сега пред некое време се научи да си го намести газето и да си седне. Му правам форми, торти, ги руши. Последно, му купивме една косилка и неа ќе си ја турка. Многу му е по мерак, со две раце ја турка, па со една, ту нанапред, ту наназад. Или ќе си наполни една чаша со песок и ќе си ја носи така во раце и ќе пази да не му испадне песокот. Никој не смее да буцне внатре. Кога сме надвор во парк, има ограден простор и песок и јас одмарам воглавно. Седам на клупа. А исто доаѓаат и едни од градинка, со воспитувачките,тие па какви бубалчиња се. Како ќе седнат во песокот, така остануваат, и ќе си полнат кофички, ќе си копаат. Јас се чудам како тие се толку мирни.
Мајки, син ми има 14 месеци и се уште не оди сам. Јас да го држам под мишките така патка но сам да го пуштам не стои одма седнува. Незз дали е ова нормално некој совет што како од ваше искуство за да прооди.
Ќерка ми сега прооди на 17 месеци,пред месец се пуште сама и само кога беше со мене се пушташе,пред други не. Сега се пуште сама. Јас воопшто не се загрижив. Ако си е се во ред нема место за паника.Ќе се пушти кога ќе е спремен.
Такво си е детето, живо, пргаво Мајка ми го гледа син ми што се може да направи во 5 мин и ми вика 'А зошто не го ставиш доле да си игра со играчки' и што да и кажам освен Хахахахахахаха Ние сме 3 деца и сите така сме израснале, доле на под сме си играле сами. Е така, ова не сака ни да клекне, а не да седне. Маж ми па вика 'Зошто нашево не е како другите деца зашто трча нонстоп? ' Да го пуштам на форумов да види дека не е единствено.
А зошто си загрижена? Ќерка ми е 15+ па уште не оди. Има деца и на 18 што проодуваат. Прашање е дали е мобилно детето. Мојата лази брзо како бубашваба,се качува на столица па на маса,и тоа големата,по скали до 3 спрат се пентери,оди туркајќи некоја играчка ама сама уште се нема охрабрено. 10-20 месеци е сосем нормална временска рамка за проодување. 80% од децата проодуваат околу годината,ете твоето може е во помалиот процент,или late walker. Плус,нешто друго се развива,ке приметиш самата. Ќерка ми збори солидно,сврзува и по два збора,јаде комплетно сама,знае да користи прибор,иако несмасно. Ти не мораш да го држиш или паткаш,ве гледа вас како одите,ке знае Ке прооди кога ке му дојде време,нема шанси со сила да испровоцираш нешто такво. Еве децата што покасно прпзворуваат. Зар не им зборат/читаат родителите.. Ке се пуштат наеднаш,секое е различно. Може ти прави притисок околината,јас бев минатиот месец во Мк,и 300 пати слушнав “експертски” коментари дека не оди оти не ја паткам. Важи,луѓево пораснати надвор од Мк после факс проодиле може
Нема гајле ,не се секирај . Син ми прооде на 15 месеци а знам и покасно што проодеа. Совет е да уживаш детето само ќе знае кога е спремно
Да се надополнам. Прво се секирав за заби (првото му беше на 10 месеци ) после се секирав кога ќе прооди. Сега се секирам кога ќе прозбори. Иии такаа по ред исчекувања само . Мајка ми вика дека сум "болест"
Јас викам, море ќерками 13 месеци уште не зборува ништо и мајками вика да не сакаш и таблицата да ја знае? Инаку мојата недела пред да наполни година прооде. Сите деца различно тоа нема правило
Синко научи да вози трицикал. Уште да научи да збори. Вчера кажа маче. Во погрешна тема сум пишала. Синко на 11 прооде, од 6 и пол лази, наполни 2 и не врзува зборови. Има одреден број на зборови и толку.
Мажми тоа вика.... Тебе кере кој ке те украде за 2 саата максимум ке не бара со полиција да ни те врати