Плус уште едно жилаво и пргаво дете Уште во стомак беше такво, на втор скрининг докторот ми рече ќе биде ова живо детенце Кај нас нема она,се фатиле за раче се шетаат. Не,он е голем и нема да се шета за рака со родител, дури и кога е на улица и доаѓа кола. Па го грабам во раце дур прета зда помине колата. Во последно време за да прошетам мирно со него во количка знам да му дадам лижавче да се занимава Инаку имаш отсечно извади! И додека се свртиш он веќе ги тргнал каишите.. и откако прооде (пред 8м) се е во трчање кога сме надвор. Деновиве кога беше врнежливо си викам ај ќе излеземе еден круг додека не заврнало...ама каде со ваков немирко што не знае да оди полека,лом ќе се направи. Си погледавме на прозор и си поседовме дома Како ја научи да јаде со лажица? Мојов има добар фат,убаво ја држи,но кога ја носи накај уста ја врти надоле лажицата и се што е во неа паѓа.. А мој батко за 1 ден научи да вози тротинет не ми се веруваше колку брзо сфати. А доби на подарок баланс бајк,му беше страв да го вози, си викав и за тротинет ќе биде така. Но не, одма научи штом дојдовме дома. Само не знае да си ја одмара ногата,уште само бутка,ама ќе биде и тоа. Патем,дали ги учите со двете нозе да буткаат на тротинетот? Он сега бутка со десна ,ја држи горе левата. Мм вика треба двете да ги менува не било добро за коловите
Не знам колкаво детенце имаш ама внимавај со лижавчињата. На предавањето за прва помош при гушење на дете лижавчињата беа во топ 10, заедно со Бомбони и гумени бомбони Јатки и семки Јаболко и морков сирови Виршли Пуканки Грозје
Нема тротинет а за баланс бајк се мислев дали да земам дали не. Штом вози трицикал мислам дека и обичен ке вози, па баланс не знам дали ке треба. Маж ти звучи како да е во право. Ние ако сме по центар во количка е. Пешки само во парк или природа каде може да трча. На улица нема шанси.
Мм имаше желба за баланс, јас и не толку. А како што сум читала ако научи да вози баланс ќе знае обичен велосипед да вози без помошни. Детенцето има 21 месец. Се согласувам за се ова наведено, пуканки,виршли и гумени бонбони нема пробано, а од јатки сега пред 2 недели му давав бадеми, скршени на парченца За грозје читав сега скоро, ми се појави на фб фатален случај... Лижавчето претпоставувам заради стапчето дека е ризично? Јас уште би предупредила и соленки. До него седев позади кога јадеше соленка, му застана на јазик до грло,ни лево ни десно, ми покажа нагон за повраќање и успеав да ја фатам некако. Од памет се извадивме. Ова е тазе случка од пред месец дена. Затоа сега кога го возам сама само цуцла може да добие,храна никако.
Ова и од детето зависи. Синко меле ореви бадеми индиски лешници без мака а знае да се закашла од вода или од леб.
Трча, трча и само трча од кога прооди. Дома надвор сеедно она е во движење постојано. Се качува секаде, на големи мали лулашки, трча по големи точаци и тротините оти малите нели не се интересни. Кога се пентери по големи лулашки нормално одам позади неа и се врти и ми вика мама сама, сама можела Сама се симнува и качува по скали и тоа се држи убаво за ограда ама среќа шо имаме лифт иначе три дена ке се качувам до дома. Ви седат во количка? Хаха научна фантастика долго време не користиме ништо оди секаде пешки и не бара во раце оти нели треба да трча За многу работи е јас сама, сама заспива од многу мала, сама јаде од 8м и веке долго време користи прибор. Ме изморува многуу многуу ама баш ми е мило шо е така многу пати имам кажано да имам бубалче од дете нема да знам шо со себе. И на крај нај битното на сето ова и не спие, јако нели
Маж ми, мини копија е на него со се карактер ми пулсира мозокот, телото од умор Може грубо ке звучам ама многу често слушам од мајки на лулашки детево ме побудале а детево седнато со кофичка во песок и не мрда моево виси ко некое мајмунче некаде и ок е јас разбирам секој родител своја битка ама ми иде да и речам де ако сакаш да се смениме на 15мин збор нема да речеш после И како шо кажав цела е на мм и него не му е до толку тешко колку мене оти јас сум далеку од хајпер ама се навикнува човек е вака ке си покукам ке ми трепне се очиња и ке ми помине
Урлаше вo парк акo jа ставиме вo кoличка. И уште на мм кoга му кажав да земеме за на oдмoр кoлички две (една и за бебетo) дебата беше, вели зoштo земаш кoга не седи. Нo на oдмoр 100% прoмена, дете седи, се вoзи, ужива. Се дoдека не jа стаивме да се вoзи на кoлички, вoзoви вo парк е пoсле нема враќање вo кoличка.
Сакам да и кратам подои пошто реално претерува(како новороденче се понаша),приметив дека петтоседот ја потсека на доење не седам таму ама ќе ме фати за рака и ме носи да седнам ме моли за да цица.Да почнам прво од доењето наутро пред работа?навечер и попладне(сабота и недела) само со доење заспива
@mother_nature зависи од детето. Моето е 22м , пред месец дена почна да вика пие сама, пие вода, овие денови ја почна да ја пее песната на Дарко биберко - си пее' каде е каде е мачето, каде е скино (скриено ) оддеднаш ова дури и се изненадив. Кај секое дете е различно
Ние сме права комедија во парк. Трча до лизгалки, кине трева, им довикува нешто на другите деца, и најинтересно ги сака нивните играчки (неговите не ги ни погледнува) па тука додека се разбереме дека тие не се наши, малку негодува ама брзо нешто друго ќе му привлече внимание. Не се случило да седне во место да поигра со нешто. Околу грижите, верувам дека не постои мајка што не се загрижила зошто детето нешто прави/не прави. Кога ќе ми текне, едно време се мислев зошто син ми се врти на меше, но не и на грб.. а тој едноставно не сакал да лежи така Сега сме Мк и веќе ми фали раатот искрено. Околината навистина може многу да влијае. Веднаш експертски прашања од типот, Зар уште не зборува? (Што толку треба побогу да зборува на 13 месеци, освен поедини зборчиња) Како тоа уште цица?! уште малку во школо ќе појди а сеуште цица... па и сите заби му се излезени, уф сигурно многу те гризе и те боли... Верувам ако си постојано опкружен со слични коментари, ќе ти проработат бубачките во глава. Туку јас имам друго прашање: Какви знаци ви дадоа кога преминаа на една дремка? Читав дека може да биде доста мачен период па кај нас изгледа таков е. Има две дремки, една од 2-2,5ч и уште една од 1ч, некогаш и 1,5ч. А навечер кога дојде време за спиење, може и цел еден час да се мачи и да не може да заспие... порано не правел вака Дали 3,5-4ч е многу за денско спиење за 13месеци? Проблемот е што наутро издржува најмногу 3 часа од будење до прва дремка, и лесно заспива за втора. Дали да го будам јас, без да чекам да стане самиот?
И моето бебе е 13м (ако сеуште може да се нарече бебе ) и има едно денско преспивање кое трае 2-3 саати. Едно денско преспивање има уште од 9 месеци..
Ги носите ли децата на базен и ако да, дајте предлог да се разладиме некаде во недела околина на Скопје. И приватна викендица со базен е опција.
Ние сме 12м меѓутоа не е ни за 2 дремки ни за 1. Првата ја заспива полесно, додека втората многу касно го фаќа. На првата спие 1.5ч додека на втората 30-60'. Мислам дека се работи за транзиција од две на една дремка или пак скокот во развој е во прашање. Туку се и вадење заби така да оставаме на времето да покаже.
А да те прашам каде живеете инаку? Таму не се дрски да се мешаат? Инаку за дремката, почна мојов да спие подолго наутро, па околу 12-1 таман му беше дремката и една доволна. Ноќното треба да почне по 5 до 6 часа од последната дремка, за да е добро изморен, инаку тешко оди заспивањето.
Кинески збори ама секој ден по некој збор плус кажува од вчера почна да твика чиче и саат @Jana06 воен базен е добср и има дел за деца.