Леле луѓе ноќеска од 3 до 5 беше полубуден, се тркалаше по цел кревет во сите можни положби, на три минути бараше цице, и дури се расправаше нешто, мама тато да нееее цице куки... такво некое бебешко бладање, стварно не знам што му се дешаваше ама јас за доручек имав кафе. Едвај се натерав да го изнесам сабајле. За тоа колку се подвижни, добро, значи не сум сама, утеха барем. Oтидовме до парк - морам за ова да го пофалам, исседува во количка 20-30мин - го оставивме прво убаво се истрча, па му дадов шишенце со вода ги полеваше грмушките, па пак трчаше наоколу, и откако се измори убаво сакавме да се преместиме на друго место со повеќе сенка, и замислете одевме фатени за рака околу две минути!! Да запишам некаде зашто не знам кога пак ќе се случи. Изгледа кога излегуваме он е толку возбуден и полн со енергија што му треба баш онака да се испука прво, па после е подобро. Дури на крај седевме си фрлавме камчиња во езерцето. Инаку јас не сум во Мк, па пак секој ден се соочувам со глупи прашања и коментари. Изгледа до како ќе ти се погодат комшиите е.
Здраво мајки Ние сме со план да одиме неколку дена во Дојран; па дајте ми совет што друго е неопходно да се носи на плажа со дете 18 ипол месеци освен крем за сончање ; крпа ; спреј против комарци.. Друго што да носиме ; прв пат одиме па поискусните нека кажат?
Заспива околу 22ч и спие убаво до 3ч после млеко и давам и пак презаспива, во 7 пак млеко и станува после накај 8:30/9. Ама спиењево на вечер е доста немирно, само мрда, се врти, кенка и сака да ја поднишкувам со раката. И така таа си спие, а ја си дрнкам со раката цела ноќ
Има мал дел во сенка како плажа е направено, да влезе пешки, да си игра 'на брег' . Има и песок и камчиња. Убаво е.
Истите сме иние. Максимално што има сврзано е три сата, итоа е време кога му е првоото успивање.. И како стани накај еден еве да речиме до 5,6 е хорор. Ндкогаш три некогаш пет ппати че се разбуди, и после пак знае да сврзи два три сата до кај 8:00-8:30.... Кога е скок, регресијја, заби дополнително изразено... Нз каде грешам
И јас така го сфаќам... Оти нели ддоењето им е цел ссвет на нив, не оти цуцааат баараат си блискост, топлина, нежност, оно цица и ме гледа со очината и чека да го галам по косата
За Дојран и чадор (гужва е сега) и лекови за секој случај (пробиотик, сируп за температура, сируп за алергија, витамини ако пие, елекролити). Исто така, нека не пие детето вода од чешма од Дојран. И вие ако сте во можност куопувајте вода.
Здраво мајки, одамна не ве имам читано. Како стее? Ние го заокруживме нашиот 10ти лет за година денаа и поминавме одлично. Нина им се израдува на баба и дедо ама мислам дека тата и недостига премногу и уште е збунето, право изгубено швабче ми е хаха. Со јадењето се скара пак, дали заради огромна промена и на температура, на место и луѓе не знам ама е ослабена.. Туку, како се справубате со мавање и штипење? Не знам оти некогаш ме игнорира, а некогаш сваќа дека згрешила и ја наведнува главата.. из чиста мира тепа и штипе. Иии во некоја фаза сме на неносење патичиња/сандалки, само боса надвор сака.
Хахах истоо, терминаторче ја викам, само кога спие мирова, не е седната на минура и ако седне прета со нозете, трча 200 на саат без престан, се качува кај стаса, немаа мир,а да е видиш мислиш мирно мало нежно плавко амаа татко и е темпераментен, активен и тој нема застој како неа. Јас сум скроз спротива и ептен ми е тешко.
Не грешиш никаде, не грешам ни јас. Има рутина, јаде се среќна е, право здраво дете е ама е активно и не сака да спие едноставно такво си е детето и тоа е тоа. Се нервирам или не залудно е. Не знам зошто мислите дека децата шо се на ад не се будат. Не значи дека тоа дете не му треба топлина и нема потреба од мајката. Може не цица ама се гали исто како и бебињата/ децата шо цицаат.
Кажувај не не не, објаснувај, тргни ги рачињатани најди нова занимација. Ке помине како и секој период. Синко е дете кое уште цица а наполни 2. За титем не се буди од бебе. Има исклучоци ама генерално ја преспива цела ноќ.
Му се случи да ме касне за нога, почнав да се преправам дека плачам, па кога удри тој едно плачење мислам дека од тогаш не му се деси
Прашање до мајките кои почнаа да вежбаат- дали некој ви мереше дијастаза и дали правите стомачни вежби? Деновиве читам за тоа, сама не можам да преценам на допир (до 6 месец по пораѓај мислам не се правеле стомачни).
Сами си измерив стомак имам многу малкуу само пред да ми дојде а дијастаз 1 прст.Правам вежби од моја фитнес мама и некои други што ги има на нет
а што е тоа тијастаза?? Леле јас не знам што се случува со моето дете,за две недели ќе прави 2 години ама деновиве слабо јаде.... Луѓе детево на 2 години заборави да џвака. Се што поцврсто стави вуста по кратко време плука или некогаш прво ќе почне да плаче како нешто да го боли. Пробувам да видам дали 5ките ѕиркаат ништо не можам да забележам. Неќе да џвака. Капак на се е што не знае да каже што му е. Се нервирам не сум се соочила со ваква состојба. Првото дете немаше ни приближно сличен ваков проблем. Има ли некој друг поминато низ ова??
И јас сакам да знам, почнав аква аеробик нешто, ама сакам да почнам здраво со стомачни. Ич не ми се свиѓа. А мислиш дека треба посебни вежби за нас мајките?