Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool -Еве овде убаво е објаснато, тоа е всушност разделување на стомачните мускули (од двете страни на таа "линија негра") кое се јавува во бременоста и по пораѓај, па треба да се вратат на место со тек на време https://pedijatar.mk/shto-e-dijastaza-i-koga-se-javuva-po-poroduvaneto/. @Enci201 Не знам дали требаат посебни вежби, по година од пораѓај можеби не би требало. Како што сфатив, ако разделувањето на стомачните е над 2 прсти,подобро е да се практикуваат вежби според стручно лице а не баш обични стомачни бидејќи можело да се влоши состојбата со таа дијастазата. Јас дека и со царски па прочепкувам по нетов да видам што се кажува околу ова и што да се превземи :) Почнав со разни вежби за стомачни ама со шубе ги правам кај поради резот па и поради ова со дијастазава:) Не би требало после година дена да има проблем, ама сепак секој организам и различен...
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.952
    Допаѓања:
    12.198
    Пол:
    Женски
    А има некоја со подвисната кожа? Ми остана вишок малку од кожата што се ширела, сега можам да кажам дека мајка ми има позатегнат стомак од мене. А па кога ќе се наведнам? Ич не се наведнувам :shake: :D
    Има чаре или да се навикнам?
     
  3. hub

    hub Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Нешто многу сум во мисла...синко 24м е и има влакненца на грбчето и доле на кичмата/половината...нормално е уште од сега или нешто друго е во прашање?
    Исхрана..ли е ...друго...додека да отидеме на педијатар помош малку...совет
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.210
    Пол:
    Женски
    Не е ништо страшно, едноставно и кога ќе порасне, ќе биде повлакнесто. Тоа е, не можеш да смениш нешто.
     
  5. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Дали знаете некој дерматолог за деца во Охрид/Кичево. Може и државно и приватно.
    За државно ќе треба упат од матичен педијатар?
     
  6. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    И малата моја има. 25 месеци е. Ке паднат мислам. Ја некои места и на ноџиња има уште
     
  7. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Зависи за каков проблем ти треба. Помалиот од сестра ми имаше мозолчиња и црвенило на лицето и само кремата што му ја направи др.Роме од Струга му помогна. Тој е во пензија веќе и не прави прегледи, ама кога и да сакаш ќе погледни што е проблемот и ќе ти направи крема според тоа.
     
  8. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Здраво мајки како сте со дечињата? Оддамна се немам оклучено, немам време, се сум во трка.
    ние супер растеме, се спремаме за МК да си идеме.

    Туку да ве прашам далимимате дечиња нејадачи??
    Моја беба е 17 месеци, не сака залак да кладе во уста. Заби не се, гимизвади сите со 4ки. Скоро 2 месеци е така. Ни купени каши ни домашни каши. Ни зеленчукови ни овошни.
    Ни манџи од нашите ни ништо.
    Банана ако касне малку, изрендано јаболко и тоа. Кашкавал каснува, лепче, диња, и се по малку. Почна кравјо млеко да пие по едно шишенце на ден и од цица сеуште како новороденче. Пелени полни, каката и е светла дури млечна можам да кажам од што само на млечно е. Ако грицне некоја грицка и тоа е.

    Период ли, фаза ли е, што лие?
     
  9. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Аха, фала, ама не. Кај нас детето има едно топче на рачето, како леќа. Веќе еднаш сме биле, ни рекоа не е проблем, по годината ќе се изгуби. И требаше на контрола, ама никако да најдеме време, па си викав ај сега кога ќе бидам кај свекрвата да најдам доктор.
     
  10. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Во иста фаза сме 17+ немаме заби ние многу извадено па мислам од тоа е. Живее од лубеница и млеко периодов се научи и да плука.
     
  11. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    95.249
    Пол:
    Женски
    @Ygritte ке ја замолам да ти препорача дерматолог од Охрид,ако има искуство:)
     
    На Enci201 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Како го поминувате денот со дечињата на овие горештини?
    По цел ден сме дома под клима, едино навечер го вадам со количката, го оставам малку да се истрча и тоа е тоа, предходно постојано бевме во движење, зовре и детево дома, па и кога ќе се загледа телевизја се нервирам и исклучувам, играчки не го интересираат само кујната дома никако да му здосади. Ми е криво и ми е жал за него што сме по цел ден дома место во природа
     
    На RAK91 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ако не работиш можеш до кај 10 да го носиш некаде во природа да се истрча, после дома ужина, дремка, ручек, базенче или корито на тераса, друга ужина, некоја активност и навечер прошетка. Кај нас од прилика вака поминува денот. Сега сме кај моите и по 3 пати се бања во двор под сенка. Инаку, во станот и ние збеснавме.
     
    На crazylady, *malenavolena*87, srekice и 3 други им се допаѓа ова.
  14. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    1.141
    Исти сме :(
     
  15. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.315
    Допаѓања:
    16.506
    Мајки како изгледа регресија во спиење? Има некои типични знаци?
     
  16. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.681
    Допаѓања:
    3.995
    Исто сме и ние, иако јас живеам на море, сепак само доцна попладне одиме и тоа не секој ден, кога маж ми ќе се врати од работа и ако не е уморен ќе одиме околу 17-18 часот до 20-21 најкасно сме дома.
    Инаку преку ден стануваме накај 9-9.30, спремам доручек, јадеме и после си играме, на балкон малку, дома малку па ќе дојде време за спиење на малата, ќе спие и кога стане ќе руча, ќе си играат пак дома, здосадено и е се веќе ама што да правиме. Каде на жешкото не се излегува.
    Така е секој ден и кај нас.
     
    На mal.ecka и elimkd им се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    7.652
    Пол:
    Женски
    Мене ме гризе и ме мава со колички по глава кога најмалку очекувам. Пробано е се, кога плачам демек ме гледа жално и толку, после пак исто ќе направи. Кога ќе го изигнорирам, односно ќе си излезам од собата лута, вришти, рони крокодилски солзи и доаѓа да ме бара назад. После пак исто прави. Ако го закачнам нешто и јас демек му враќам, се гази од смеење. Не знам веќе методи, освен да бегам од него за да не завршам со некоја дупка на главата.
     
    На crazylady и elimkd им се допаѓа ова.
  18. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.274
    Пол:
    Женски
    Мојава почнува во последно време да гризе и тоа доста силно дури модринки имам по рацете. Обично гризе кога ја бранам од нешто или не и е по кеиф па ме гризе за што стигне.
    Се разбира ама ми е криво што несака да послуша. 200 на саат е, се што не дозволувам тоа бара ,кога е надвор само трча и се качува по скали, се пика каде не треба ....
    Упорно викам на свекрва ми и сопругот да не и дозволуваат работи што не се за неа ,но мислам дека кога несум дома и удоволуваат се само да не плаче и тоа станува проблем.
     
    На crazylady и Bubish26 им се допаѓа ова.
  19. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Вчера првпат се случи едно дете од нигде никаде да го турне моето. Значи, без причина скроз.
    За малку ќе удреше со главата во железото од клупата.
    Па уште мајка му вика ај речи извини, дај му петка...како не ми текна да речам ќе му дадам јас петка по газот.
    Немам разбирање за агресивни деца, мислам дека се разгалени и едноставно така им допуштиле.
    Мојот никогаш не зема туѓи играчки, ќе си земе една количка и ќе си ја вози, или лопатка со песок ќе ја наполни и ќе ја носи...
     
    На crazylady, koritsaki, NewMama и 2 други им се допаѓа ова.
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.952
    Допаѓања:
    12.198
    Пол:
    Женски
    Колкаво беше од прилика?