Мислам две ипол години, а може и 3. Имаше едни поголеми деца си правеа замок во песокот, а ова начека прилика и отиде и со злоба го изгази.
па не е ептен мало да не знае шо значи удар. Хмм...а бе којзнае и самиве деца шо трпат дома, ама мајката треба да изрегира соодветно
Син ми има 2 години и пред месец два знаеше да удри дете. Без причина и повод. Едноставно ке го удри. Дома никој не му се дере а не да го тепа. Насилство никакво нема околу него. Последен пат беше премногу мил со девојче во комшии кај баба ми. За раче се држеа, трчаа. Реакцијата на мајката не ја оправдувам.
Мора нешто се даа се најде решение. Да не бара внимание на тој начин. Може треба да се работи на развивање на емоционалната интелигенција. Јас не сум психолог или педагог, ама мора да има некое решение. Не е во ред да удира други деца или мајка/татко.
Хелоу, сега гледам известување, не сум се уклучила деновиве. Со Охридскиве дерматолози лично немам мн. искуство ама со работа соработуваме со др. Петар Бачев. @Enci201
Веќе не удира, верувам дека беше фаза. Сега обожава деца. Само сакав да кажам дека не е секогаш некој виновен.
Мајки како ги научивте децава да пијат од шишината со сламка? Зедов му го даавам ама ја гризи сламкката.. Нели треба време.. Му покажувам и јас.. Некија тактика да ви успеала?
Ние од 9 и пол месеци пиеме со цевка. Многу брзо свате како треба. Мој трик беше тргнувам јас водичка во цевката и ја здржувам со прст и другиот крај ми го давам него и кога ќе пуштам со прстот тече кај него во уста и за ден-два почна сам да пие од цевка, сепак зависи до дете ако му се види интересно ќе го пробува.
Оваа ја купив од зегин.. Пробав така дљ задржам воода ама неможи тааква е сламката каако под вакум... Не теечи ни ако го кренам шишето.. Јас мувикам види мама каако пие.. И тргам.. И напразно да ме гледа во устаата.. После ми дава да пијам јас.. Че пробувам цело време
Јас првин пробував со обична цевка и кога видов дека совлада му купив шишенце. Skip hop шишенце земав незнам дали има мк, али сегде надвор од мк ги имаш. Гумено е цевчето има за да го смениш во пластично валда за поголем. Кај нас ако нешто не е интересно или досадно ако му е не го интересира воопшто, мислам дека е прво дете што му е здодевно да гледа тв или youtube
Од 8 месеци и дадов шише со сламка тие на Авент, исто прво гризеше додека не свати како треба, е сега уште сме со такво шише, од чаша не сака воопшто.
И мојата од 8 пиеше во такво на Авент,одма повлече.Од класично шише нема ништо пиено. Сега пие од стаклена чаша,одамна додуша,а и купувам од детските води со цуцла,практични се.
Првин испраксирајте се со тетрапак сокчиња од оние со сламка (ако не даваш сокче може да му ставиш вода). Ќе му ја дадеш сламката и ќе му стиснеш одоздола, веднаш ќе продолжи сам да влече, чинам најбрзо ќе научи така.
Супер идеја, ќе земмам утре да пробуваме.. Имаче од шишето не можам да му стеегнам. За да види дека има вода..
И можеш да му направиш нешто блендираното (овошен мус), или јогурт, нешто што би му било малку поинтересно од вода. Или од хип земи му мус Ние се научивме со сламка одамна (8-9 месеци). Јас устата му ја чистев со газичка со вода, видов дека ја шмука и ја префрлив на сламкА, и шмукна така неколку пати и после ја фрливме газата. А најдобро учи го од чаша, давај му редовно.
@dunika @ddevojce вистина ли е дека кај вас се даваат таблетки флуор за здрави заби? Ако да, кој одлучува, стоматолог или? Ние досега сме ок со забите (сите 6 што ги имаме) Ги миеме навечер, насабајле тешко -се нема време. И дали треба нешто да Ме загрижува што долу има само кецови, а горе кецови и двојки. 16 месеци сме. Едно 7 месеци нема нови запчиња месеци
Овде не,во Германија може,не знам. Јас мијам навечер со паста Елмекс џуниор и Курапрокс четка,по доручек и ручек четкам без паста. 10 заби има мојава,кецови и двојки горе-доле,и сега никнаа 4ки доле. Не знам дали имаш простор за грижа, не верувам, но @Annath е стручна ке ти каже ако може.
И мојов така беше неколку месеци. После кога ги вадеше четворкитe во исто време му никнаа доле двојките, неосетно нормално, тие се ништо во споредба со 4ки и 3ки. Сега на 19 месеци му фалат 5ки и две долни тројки, ама со нив одамна мака мачиме ќе излезат кај и да е
А после двојките горе кои се на ред? Дали може во исто време да пробијат неколку забчиња? Мојата има кецови доле и горе, двојките сега и никнаа горе. Доле и горе жлебинките и се баш отечени и како да се гледаат бело вело така внатре на нив дека ќе никнат во секој момент...